1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девијантни појави во училиштата - кој е виновен?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 4 декември 2019.

  1. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Извини морам малку надовор од темава. Некако според објавиве сфатив дека си просветен работник, учителка, проферсорка, сеедно.

    И баш затоа морам да те поправам, едноставно ми боде во очи. Не постојат девијантни деца, не може човекот да биде девијантен, туку неговото однесување може да биде девијантно.

    Девијантност претставува секое однесување кое отстапува од прифатените вредности и норми во едно општество.
     
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ок, фала на поправката.
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  3. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Само ти реков да ја испиташ работата каква е и реков дека не сум слушнала за таков наставник во моето место што не е негирање, а уште помалку кажување со какви проблеми се соочуваш. И тоа не е огнорорање туку нудење на алтернатива. Ама кога сакаш да ги вадиш нештата од контекст за да ме обвиниш за нешто бидејќи си имаш револт за нешто со кое јас лично ништо немам, тогаш ок. Најверојатно така ти е полесно.
    Само да знаеш дека не е во ред (за тебе, како личност) да искажуваш револт кон некој само затоа што е припадник на одредена професија, вера, националност, класа, раса итн.
    Друго, темата не е за однесувањето на наставниците, туку на учениците.
     
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Каков револт сум искажала кон тебе конкретно? Ти ме цитираш кажувајќи дека проблемите што ги набројав не постојат, а јас ти одговарам дека од позиција на професор ти тоа не можеш да го знаеш.
    А од муабетите ,,ама во моето школо..." поштеди ме.
     
    На GirlRose и Tan4ence им се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ми ставаш во уста зборови што не сум ги кажала. Истото го направи повторно. Никогаш не кажав дека не постои таков проблем. И после не било револт. Ок, нека ти биде. Немам време да се расправам со тебе. Гледаш дека не сакам да се расправам и контрирам со тебе, а ро упорно и упорно бараш рачки. Штета што на ваков начин си наоѓаш издувен вентил.
     
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Да те потсетам дека ти беше таа што ме цитираше, а јас ти одговорив. Не знам како тоа е ,,барање рчки" од моја страна.
    Ова е цитат од твоето прво мислење каде имплицираш дека проблемите што ги посочив се во најмала рака преувеличени, што воопшто не е точно. А фактот што тоа го кажуваш како професор е дел од проблемот.

    Никаде не кажав дека сите професори се такви, не кажав ни дека ти си таква, нема потреба за одбрана од твоја страна бидејќи не те нападнав тебе лично. Но, ако ништо друго, ти како професор, од тие добрите нели, треба да воочиш дека постојат такви професори за кои тврдам дека се причинител за секој проблем што некој ученик го има во училиштето. А тоа не е само што не е мала работа, туку е и најбитната работа од целава ситуација. Затоа другите професори не треба да замижуваат и да се ставаат во позиција на жртва.
     
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Значи не сум слушнала, а не дека не постои. Се вртиме во круг ако не забележа, повторно си вадиш од ракав. Која е поентата?
    Немам веќе што да дускутирам со тебе на оваа тема :)