е оваа Мине со устана толкава ко пештера мн ме нервира што се замислува го игнорира сопругот а се потпикнува на други кокетарка една ШПАГЕТА
После рекламата на таа сликата што ја кажуваат мине мн е грда,ама сега демек после 2 год. е мн убавка. Ама мн ме нервира што трча по други мажи а има свој
Не дека серијата ја гледам, ама онака мо малце зафаќам од тук там и единствен заклучок ми е: Ми се од Мине Можеше ли, се питам, погрда да биде? Добро овие од бихајнд д сценс не и стаиле малце шминче,ова она.. Spoiler Инаку, стварно sorry за оффтопик..
Ја изгледав на турски и очи ме испоболеа....ама таква си сум јас не можам да чекам овие од канал 5 да ми пуштаат по 20мин епизода.....а бре пушти ја како што е оригинал снимена од 90 мин Spoiler ама и можам да кажам дека се разочарав да чекаш некој 39 епизоди за да видиш дали ќе легнат заедно или не и да дојди ден на свадба да се надеваш дека ќе се случи нешто опа-цупа и пред потпишувањето да се појави бившата ти жена епа стварно мислам дека не е фер А мислам дека ќе има и втора сезона од серијава http://www.youtube.com/watch?v=4y2DrZtFhMA Оваа е последната
Леле луѓе никој не ми кажавте што ќе се случи со Синан,како ќе се случи тоа?? Spoiler зошто ќе го убијаат?
Spoiler Ќе го убијат во последната епизода,ама нема да се покажи кој мислам и тоа нормално за да има наставак .Е сега во моментот кога ќе го убијат Тимур ќе биде излезен малку од сопствената си свадба и нормално секој би помислил дека тој ќе го убие,ама јас си мислам дека убиецот е девојката со која ќе почнат да работат не знам како се викаше или пак евентуално неговиот татко(затоа што нешто кажа на суд против него ама не разбрав што беше тоа) ама тоа останува на продуцентите како ќе го смислат тоа за наредната сезона........а Тимур дефинитивно не е тој што пука
Значи секоја турска серија мора да заврши со тажен крај и со убиство на главниотт лик. Сепак воошто не ми е жал за Синан.
на почетокот мн ми беше убава серијава, мислев ќе биде поинаква од другива ама ништо и во неа све се исплетка и глупости на крај -.-
Meне Синан ми е многу сипматичен за разлика од педофилот тимур се венча со девојка која неколку години постара од ќеркаму..пропаст
И Синан и Тимур и Мине се за никаде, само тетка и' на Мине вреди повеќе од петпари и таа баш ја направија да биде најнесреќна... (инаку спојлериве се затоа што е подолго мислењето и да биде попрегледно, а инаку не се откриваат идни содржини) Мине Spoiler На почеток ми беше ептен мил лик и тука го имам пишано тоа...се' додека не се омажи за педо-Тимурот. Особено сега каква што е две години подоцна, откако убаво си ја разгалил со триста удобности притоа без да ја пипне (хмм, чисто сумњам дека воопшто постои таков маж ). Па разговори долги, длабоки и емотивни со колеги, па сами на балконче, па нз шо и како...Вчера па како му се издра на девојчето беше капак, а и Тимур не беше поарен...убаво и' направи Мерве со пораките, убаво... Не викам дека и таа беше цвеќе за мирисање, ама оваа се спушти на нејзино ниво. (теси секогаш нали, со пофални зборови за оние кои важат за негативни ликови според масата, од Лисјата па наваму :geek: ) Ама стварно, вчера девојчето ич не беше криво...и да, после такво понижување од некоја си таму неколцина години постара од мене шо ми шефува во куќа на татко ми, можеби и јас би нашла начин соодветно да и' се одмаздам... Синан Spoiler :? Во шо се претвори бе типов? Ептен нешо се уфилма откако се врати од Америка, стана ист манипулатор и искористувач како што и доликува на некој од неговата фамилија...„Мине ако ме побара одма ќе и' се вратам.“ Дај не ****, баш одма ќе потрча по твојата пред банкрот фамилија и ќе си го остави удобството она и син и' шо го уживаат кај Тимур у пакет со слобода да си прави што си сака, мислиш слободна е, за тебе да ти се врати, размазен еден... Како се лигавеше по Мине пред три години сеа мачо изиграва, гив ми а брејк... Тимур Spoiler Педофил е и го мразам, ама ми е далеку помалку антипатичен од Синанчо и тоа во што се претвори тој. Лош татко, пред се'! Во ниту еден момент не мислеше на чувствата на ќерка му кога тој ќе и' донесе некоја напумпана и оставена дома. Изглеа у серииве, само Џемиле е таков идеален примерок на родител кој децата си ги става на прво место... Туран Spoiler Леле мајко мори, тој нашол да збори за моралот на неговите деца...погледни се себеси бе алооо! После Суреја му е крива...ццц продавач и проповедник на лажен морал, намќор еден Неам коментар за човеков...уште со цел памет му вика на Ердал (мислејќи на Русинката) нешо као не барај да те разбере човек кој љуби...оди легни си... Емине Spoiler Покварена е и тоа многу, но барем не е како Туран и Мине, не го крие тоа зад некој вел на наивност и невиност и морал. А таа е најкрива за се'. Koj си го копа гробот, сам паѓа во него, да не ги криеше пораките и писмата од Синан, Мине никогаш немаше да биде приморана да се мажи за педо по кој оваа умира. Не ми се верува дека си иде со татково од Синан да не ќе има хепи енд причава нивна случајно? Ердал и Фунда Spoiler Убав пар ми се, фини се и двајцата и си одговараат. Ердал е малку припрост, а да не заборавам и себичен дека е. Мине кога беше беспомошна, што не ја поддржеше да се бори за тоа што таа го сака, не е убаво...со еден аршин за мене, со друг за сестра ми...
ПОСЛЕ ГЛУПОСТИТЕ КОИ СИТЕ ГИ НАПРАВИЈА (ОСОБЕНО СТАРЧЕНО ШВАЛЕРИШТЕ ШТО СТАНА) НА ЕМИНЕ КЕ НЕМОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА И РЕЧЕ НА КРАЈ А ТОА ДЕВОЈЧЕТО ОД ТИМУР НА ЖИВЦИ МИ ОДИ
Ме расплака Мерве. Далеку дека ја оправдувам, но многу добро ја разбирам и сфаќам зошто постапува така. Тимур е многу себичен татко. Му го поремети животот на девојчето за една која може да му биде ќерка и туѓо дете. Заради личен каприц, желба, страст... A oд патетиката на Туранчо ми се оди по голема нужда...
Ова серијата ја гледав порано ама поке не ми се гледа зошто почна да ме нервира овај стариот Туран. За да не се срамел од керкаму ја омажи со чоек шо можи татко да му биди , а тој си има швалерка..Ццц