^ Ја мислам сеа да му се одмазди на Бекирчо така што ни на оној свет нема да ја заборави ќе биде најдобро
Хахахах во цела серија најјаки ми се братот на Мине (Ердал) и Фунда..Кога и да ги видам паѓам од смеа и трескаат глупости и на цела мака ми ја разубавуваат вечерта и само заради нив ја гледам серијава..
Па и ваа умрената мине шо се прае јака п***а прво вај СИНАН нели многу го сакаше,4ека го цело време.Додека беше со вај ТИМУР внимание не му обрнуваше,сеа па го засака одеднаш.Синан срцката не го ферма МН МЕ НЕРВИРА
Хахахахахах ваууу видете ја лудава Иначе ме интересира онеј пријателот вистински ли и е или си го има замислено??? Сликава морав да ја ставам..Прејака ми е
Човекот е излмислен, а баш сакам и Емине да пронајде среќа ама ништо! Синан на крајот мислам дека ќе умре и или Тимур или момчето што работи во дуќанот на таткото на Мине ќе го убие!
Ама каков крај ....Синан цел филм само пати,други му го кројат животот,мине салам го изигра арно му рече на мине дека му се гади од неа,на крајот таа си е срекна со тимурчо,а синан нема право ни неговиот син.ирониаја на живот.
Spoiler Плод на нејзината имагинација. Ќе видите сега наскоро кога ќе дојде со цвеќе дома и ќе мисли дека и тој дошол со неа да ја проси и ќе “го запознае“ со фамилијата, а тие упорно ќе ја убедуваат дека сама дошла дома. Се убив од плачење на тој дел. Ја мразев на старт, ама сега ми е жал за Емине. Како никој сериозно не се заангажира да ја излечи, туку мислеа ќотек, бркање од дома и дерење ќе го решат проблемот. Па уште па не и' дозволуваа во својата куќа да си седи, туку ја тутнаа кај маќеата за милата им ќеркичка шо се омажи за богаташ да не се потресува кога ќе дојде. Во некои аспекти Емине и Мине ме потсеќаат на Лејла и Неџла и ми потврдуваат зошто не го можев Неџлиштено. Ердал и Фунда да не се, само плачки ќе беше серијава.
и мене ми е жал за емине , нејзиниве абер немаат да се погрижат за неа па греота девојката се мрдна.приоритет им е мине цело време незнам што неа ја пазат толку кога мед и млеко и тече на типката. се знаеше дека емине до тој степен ќе стигне
И јас се сложувам, мислам дека родителите се криви за нејзината состојба. Секогаш ја гледаат Мине и заборавиле дека имаат и друга ќерка која треба да живее, да има свој живот... а не да ја чува сестрата како да и е мајка а не сестра. Збеснувам во вакви ситуации
Јас ја следам од почеток и мислам дека сте неправедни спрема Мине дали се секавате кога Мине остана трудна во саканото Хасанче? освен Суреја никој друг не и даде подршка од дома ја бркаја , ја тераа да абортират ја омажија на сила ЗНАЧИ???? то беа истите родители и за Емине и за Мине ! ама Мине не се мрдна а Емине се мрдна ???? прашање е сега ЗОШТО??? Е па драги мои овде од психолог ,педагог,психијатар побрајте мисленје !!! исти родители !?!?! Емине беше себична,паталошки љубоморна ,злобна ,лажга,завидлива сите овие особини водат до шизофренија е тоа е ! Додека Мине е помека во карактерот поинтелегентна попаметна !Мине го сакаше СИНАН и јас исто ! ама на крај се гледа дека и Синан сакаше да управува со Мине ама таа е современа и не му дозволува на никој да и врши влијание на нејзините одлуки тоа го свати откога се ослободи од Тимур зошто мислеше дека кај Тимур е во златен кафес и така беше ! но свати дека во мегувреме го засакала , а големата и љубов со Синан за жал згаснала ! Ама да почекаме сепак има уште две епизоди и ке видиме што ке се случи !
да и тука си во право ама сепак емине некако беше запоставена уште од самиот почеток кога почна серијава и самите видовте ,некои работи и сама си ги направи и сама е крива. мине никогаш не сум ја кривела ама во некои ситуации не ја оправдувам. ни самиот синан не е крив стана жртва на лекоумноста на татко му кој го изманипулира максимално а типот му е роден син а од таа седа искрено косата ми се крева како можеше да го прифати а и самата таа е мајка и знаеше дека ќе го уништи синот, па сега уште го теши помири се со тоа колку побрзо толку подобро маа немој! глупача невидена мислеше дека ако ја отвори градинката за да го гледа хасан ќе се искупи за гревот што го направи ама ич неможе да се искупи! јас да сум на местото на синан ни неа не би ја погледнала во очи а камоли да живеам со неа. мине созреа не е истата девојка која што беше додека беше со синан, стана мајка поинаку почна да размислува, покрај тимур стана поинаква од тоа што беше и си се наместија коцките. синан си остана истиот каков што си беше - за греота човеков што све не му направија и тоа неговите најблиски
Инаку серијава завршува мнг мнг глупо.. Spoiler Синан ќе го прободат а на свадбата на Мине и Тимур.. (пак ќе праат) баш кога ќе треба да кажат да, ја земам за жена бла бла, ќе се појави жената на Тимур и така завршува сезоната, и би требало уште да се снима ама излеа немаат гледаност у Турција па затоа нема да продолжи..
Значи нема да биде крај на серијата туку крај на сезоната..Серијата сеуште се снима Иначе мислам дека свадбата на Тимур и Мине ке ја прекине првата жена на Тимур затоа што гледав дека кога матичарот ќе ги венчава Мерве на цел глас ќе викне Мамооо и сите вкочанети ќе останат и така завржува 40 епизода(последна од сезоната) Мислам дека канал 5 нема да продолжат да ја даваат кога ќе се доснима затоа што така прават со сите серии Можете да ја најдете и со српски превод напишете на гоогле А дете сам волео и ќе излезе
На sfrjcaffe.com ми излегоа епизодите но од 1ва сезона.А од втора сезона можат да се најдат или сеуште не се снимени ?