Е глупо е вака да заврши. Барем нешто да дознаевме. Пример, за убиството на Синан, има повеќе опции: Мемо, стрикото на Јасмина, Тимур, евентуално Дерин (мада не ми личеше на женска рака). Зошто Тимур замина на пола саат од свадбата? Шо бараше мајката на Мерве? и тн и тн Сигурно се планирало и втора сезона, ама сигурно не им одговарало финансиски па ја остаиле на пола пат, а со тоа и ја до-ус*аа.
Серијава ич не ја гледав, некако не ми привлече внимание. Сега го ѕирнав крајот, и не ми е жал што не ја гледав. Според мене, невпечатлива серија со бескрајно глупав крај.
Катастрофа !! Ваков глупав крај на серија до сега немам видено.Фактички серијата нема крај.Ова беше само крај на една сезона и без продолжеток ,серијата нема крај.А бидеќи нема 2 сезона, сега само ке фантазираме кој го уби Синан,малиот од поправителен дом,чичкото на Јасмина или лудачката која му се закануваше.А можеби и Тимур. Ама не ми се верува, премногу е чесен за да се послужи со вакви одвратни работи.Се ми се чини оти излезе да се види со бившата жена која му дојде на свадба.Таа сигурно му се јавуваше на Тимур и На керка му и ќутеше на телефон.Замислете ,филмот заврши а Тимур не рече ДА на прашањето на матичарот. Се остана недовршено.
серијата не е завршена туку крај на сезоната, а и на јутуб ги нема епизодите од втората сезона, ваљда не им се доснимани
Има еден куп вакви, што ги давале, а не се доснимени. Има еден куп, што само ги даваат, а не им е битно дали се доснимени. Битно они се "хит, безвременски, го потресуваат балканот, ги рушат сите рекорди на гледаност, од редот на најдобрите и т.н. и т.н.". И секако, битно им е да се турски и со плачки. Не ја следев редовно серијава. Еднаш во неделата ако ја фатев. И баш прееска мајка ми ми кажа, како завршила. Не ги знам имињата, така што само асоцијации ќе давам. Јас сум убедена дека овој со гајтан веѓи ќе преживее. Зошто? Знаете? Кога оваа малечкава невеста прими куршум во глава, ништо не и беше. После оној психопатот од Завет, во глава си пукаше, пак ништо не му беше. Оваа другава психопатка, се истумба со кола, ништо не и беше. Само бебето го изгуби. Овој гајтан веѓи, го прободеа со нож, пак ништо не му беше. Овие како од карпа да се, мајката. За нив еден куршум е како вадење заб. Не се сеќирајте, ништо нема да му биде. Јас и покрај тоа што не следам серии, знам скоро се' што се случило, секаде слушам за нив.
јас мислам дека ке има зашто така прочитав само нешто дека нема да има многу епизоди нешто со режисерот има проблеми ама дали ке ја дава пак канал 5 незнам иначе во грција имаа голема гледаност оваа серија а за другите земји незнам
Ocekuvav glup kraj,ama ne e do tolku.Se' ostana na pola pat sto se veli.Sto se odnesuva do ubistvoto na Sinan,definitivno ne e Timur,premnogu e ocigledno.Mislam deka onoj maliot sto gi manijacese celo vreme.
Многу глуп крај стварно на серијава.Не се знае ништо исто како на Ифет што направија ни се знае кој го уби Синан,ни која е и како изгледа жената што се појави.Не знам ама овие режисериве стварно почна да претеруваат.Барем нека завршеше како клише " Си живееа среќно до крајот на животот" A не вака како што заврши.Се разочарав премногу.
Серијава ја гледав цела, ама мнногу глупо заврши. Не се знае кој е убиецот на Синан и дали умре тој! Не се знае дали Тумур и Мине се венчаа или мајка и на Мерве ја спречи свадбата. Стварно глупо заврши.
Сите турски филмови заврсуваат глупаво барем тие сто сум ги гледала јас но поглупав крај од ова немам видено навистина требат да му дадат признание на резисерот за глупавиот крај а и за најглупавата серија досега.Мислам дека нема да има втора сезона да имасе немасе да биде крај на серијата туку крај на сезоната исто како и ифет сто немасе нема ни ова и мн други скоро сите вака заврсуваат. Незнам зосто ги запоцнуваат филмовиве кога не ги доврсуваат
живи глупости ја гледав од самиот почеток не беше лоша серија ама мораа ли вака да ја упропастат на крај -.- барем да снимеле и 2ра сезона вака се остана на пола ама тоа е
A толку сакав убаво да заврши,да си се земат Мине и Тимур,да си живеат среќно,барем малку среќа да видеше и Мине,кутрата цело време несреќна беше.... Ама и се знаеше дека ке биде ваков крајот уште кога ја најавуваа кажуваа демек ке има драмтичен почеток а уште подраматичен крај,всушност и сите турски серии завршуваат недовршени
Па тимур и Мине се земаа...свадба правеа..некој го уби синан само раката му ја дадеа..а тимур го немаше меѓу-време...се појави бившата му жена и ги дадоа само чевлите...
Не разбирам зошто Канал 5 ги дава истите серии од почеток? Сега одново ја даваат во 19 00 само со променет наслов МОето дете
Филмот заврши испомешано и многу работи не прикажаа, па сега го тупат од почеток само со друго име, абе глупости живи