Спојлер Септември 1933. Светот на 19годишната Еврејка Ема Бау и се испревртува преку ноќ кога Германија ја окупира Полска. И,по само шест седмици брак,нејзиниот сопруг Јаков,член на Движењето на отпорот,е принуден да напушти. Бегајќи од гетото, Ема присвојува нов,христијански идентитет и наоѓа работа во штабот на нацистите. Како секретарка на харизматичниот командант Рихвалдер. Ема се заветува дека по секоја цена ќе ја искористи својата единствена позиција за да собере информации за отпорот. Видов дека има и други теми за оваа авторка, но немаше за оваа книга. Тек почнав да ја читам, ме привлече насловот и ме заинтригнира самата книга. Ги немам прочитано другите делови. Па кои се вашите импресии, негативни и позитивни впечатоци за оваа книга?
Сега ја завршив знам малце каснам ама... Книгата многу е убава, начинот на кој е обработен ликот на Крисја и Ема ми се свиѓа. Спојлер Иако можам да кажам дека се разочарав од крајот Крисја не требаше да умре, Марта ја притворија, но и покрај се Ема пак успеа да се извлече. Се остана, недоречено, недовршено. Што ќе направи Јаков кога ќе дознае за нејзината врска со Командантот? Дали ќе го прифати нејзиното дете? Што ќе се случи со татко и т.е дали ќе умре во гетото? Да не знаеш дали има 2 дел?