На познатиот писател, Том Бојд, му недостига инспирација за да создаде нова книга. Тогаш, во неговиот живот ненадејно се појавува хероината на неговите романи. Таа е убава, таа е очајна и таа ќе умре доколку тој престане да пишува. Звучи невозможно, но романот носи уште повеќе авантури. Том и Били ќе доживеат неверојатен настан, во кој реалноста и фикцијата се мешаат во една заводлива и смртоносна игра. Авторот Гијом Мисо, ја создава „Девојката од хартија“ - француски бестселер бр.1, преку една жива и авантуристичка комедија кој носи романтична неизвесност и фантазија. Кога животот зависи од книгата. Спојлер Само што ја прочитав. Многу ми се допадна. Типичен ракопис за Мисо, а истовремено атипичен. За разлика од другите негови книги во оваа на крајот за се има логично реално толкување.
Уникатниот стил на Гијом Мисо е гаранција за уште многу бестселери. Кога го читам имам чувство дека некој близок пријател ми раскажува некоја дешавка. Толку многу Мисо може да се приближи до читателот преку пишаниот збор.
Според мене најдобрата од Гијом Мисо. Не дека другите му ги потценувам но ако правам листа по која највеќе ми се допаѓа, прва е Девојката од хартија. Апсолутно предобро.
И јас ја прочитав неодмна, на почетокот не ми се допадна ама после ме заинтересира, интересна е, лесна и непредвидлива, дури ме изненади реалистичниот крај. Топло ја препораувам на сите феминки !
денес ја прочитав книгава многу е добра дури се прашував дали има филм за книгава зашто додека ја читав си замислував во глава како филм.премногу ми се допадна книгава
Мене па искрено оваа ми беше една од послабите книги на Мисо. За разлика од „Дали ме чекаш?“, „Што би правел јас без тебе?“, „Затоа што те љубам“, па и други негови дела, оваа дефинитивно би била меѓу последните. Не велам дека не е добра, туку само дека не е толку добра како останатите негови книги.
Јас откако решив да го читам Мисо,прво оваа ја зедов. Мислам на почетокот ептен досадна беше,ама убава е,во секој случај.Лесна и релаксирачка.Па,и што да се очекува од Мисо,си знаеме што пишува,нели... Сега пак читам нешто негово,`Што би правел јас без тебе` па уште `Врати ми се` и толку... Ма добар е човеков,што..
Спојлер Том Бојд е писател кој доживува планетарен успех по објавувањето на двата дела од „Трилогијата на ангелите“. Од дете пораснато во сиромашниот и опасниот Мек Артур парк успева да израсне во одличен писател за кој фановите очајно чекат да го објави и последниот дел од успешната трилогија. Но како што повеќето познати славата ги удира во глава, така и Том Бојд полудува по прекрасната Аурора Валанкур, навидум одлична пијанистка, која после неколку месеци љубов одлучува да стави крај на нивната врска. Очаен и разочаран од нејзината постапка Том паѓа во писателска криза и не е способен да напише ниту една реченица од својот роман. Едно утро откако неуспешно се обидува да му стави крај на својот живот со предозирање со апчиња во неговата вила на плажата се појавува една сосема гола жена. Таа е Били Донели. И не таа не е обична гола жена, таа е лик од неговите романи! Мислејќи дека халуцинира и дека е на работ на неговото лудило, Том одбива да поверува во нејзината приказна. Били тврди дека таа „паднала“ од неговата книга, од една негова приказна, од еден ред среде незавршена реченица. Таа е убава, очајна, таа ќе умре ако тој престане да пишува. Заедно Том и Били ќе доживеат неверојатна авантура во која реалноста и фикцијата се мешаат во една заводлива и смртоносна игра! (Потоа испаѓа дека таа е всушност платена девојка од неговиот пријател а не личност од неговиот роман но сепак тој се заљубува во неа и и простува што го лажела зошто благодарение на неа тој го завршува третиот том на книгата и ја заборава Аурора.)
„Девојка од хартија“ според мене е една од понеинтересните книги на Мисо!!! Убава била замислата, темата, но сепак нешто ми фали - можеби возбуда која ќе ме натераше побрзо да ја прочитам!!! Но, секоја пофалба за авторот кој во пишувањето вметнал многу цитати на познати личности... „Тие што паѓаат често при својот пад ги повлекуваат тие што им даваат помош!!!“ - Штефан Цвајг „Судбината ги дели картите, но ние сме тие што играме“ - Ренди Пауш „ Љубов, тоа е како жива во раката, Држи ја отворена, таа ќе ти стои во дланката, стегни ја, ќе ти се провлече меѓу прстите“ - Дороти Паркер
Кога барам нешто лесно и за релаксирање го избирам Мисо ги имам прочитано скоро сите негови книги. Можам да речам дека се добри. Крајот на книгава ме разочара очекував нешто подобро, но сепак добра беше
Девојки дали може оваа и другите книги на гијом мисо да се најдат во градските библиотеки? благодарам
Имав некои (по)големи очекувања од книгава. На некои места имаше непотребни описи, некаде пак, им фалеше поразвиен облик на настаните. Арно ама, некако ми стана проѕирен со неговиот стил.На половина книга, го претпоставив крајот.