Ретко се случува повеќе да ми се допаѓа филмот отколку самата книга. Од големиот избор на книги, се одлучив оваа да и ја купам на сестра ми за подарок, затоа што прочитав многу позитивни коментари. Ама откако и самата ја прочитав, сфатив дека е само еден од префорсираните „бестселери“. Како дело не е којзнае колку лошо, ама јас имав превисоки очекувања. Приказната е веќе позната, а начинот на кој е опишана е многу монотонен. Премногу непотребни описи, навлегување во детали, на моменти мислев дека ќе заспијам. Некако се ми беше рамно, во ниеден момент не почувствував заинтригираност, ниту пак бев нешто посебно импресионирана.
Мене баш ми беше добра книгата. Не е нешто восхитувачко, извонредно, ама сепак, можам да кажам дека е добра. Како што кажав - прв пат да ми се допадне книга со толку тромави описи. Но, наполно се соживеав, како да сум таму. Добри беа описите. Инаку, мислам дека се очекуваше некој таков крај дека Грит сепак ќе оди со Питер, така да, книгата не држи некоја неизвесност, но вреди да се прочита.
Ах книгава. Супер е, ја обожавам! Кога почнав да ја читам некако ми беше досадна во почетокот, ама веќе кога почнаа да се случуваат работите, бе радознала што ќе се случува понатаму и ја прочитав во еден здив. Топло би ја препорачала на секого
Уау. Really guys? Мене премногу ми се допаѓа книгава. Ја читав одамна, но ми е помеѓу омилените. Има некоја мистериозна нишка која се провлекува низ неа, и иако знаев дека нема ништо да се случи на крајот, постојано го очекував неочекуваното Филмот го немам гледано, но гледам го препорачуваат, па можеби ќе го погледнам. Препорачувам :up:
Книгата е многу подобра од филмот. Јас ја читав книгата па го гледав филмот и се разочарав од филмот дефинитивно.
Мене книгата ништо посебно не ме воодушеви, искрено очекував многу повеќе од неа со оглед на тоа колку ја фаворизираат сите. Има многу поинтересни книги од двојката со бисера обетка.
Прекрасна книга, преубава, за разлика од филмот кој искрено не ме воодушеви. Веројатно впечатокот е таков зошто прво ја читав книгата и ја доживеав на свој, посебен начин. Топло ви ја препорачувам на сите
И филмот и книгата ми беа добри, со оглед на тоа што книгата ја прочитав за 3 саати(може и помалку беше незнам). Не е баш книгата нешто wow, мислам се зависи тоа од вкусовите, али едноставно на мене ми се допадна и би ја прочитала уште еднаш...
Втората моја омилена книга. Не е многу тешка, лесна е за читање, и морам да се согласам со вас дека мнооогу е влегувано во детали, ама сепак многу ми се допадна.
Што знам...убава можам да кажам,али не нешто посебно.Би сакала филмот да го гледам.Дури не паметам повеќе работи од книгата,значи имам онака бледо сеќавање,значи не ми оставила кој знае каков впечаток.Има далеку подобри книги,али ништо не е на одмет
Книгата ми беше доста досадна. Ја дочитав од причина што цело време чекав да се случи нешто, некој пресврт, да и ирази некои чувства или така нешто, ама ништо од тоа. Крајно досадна, монотона, без заплет, не дај боже некоја кулминација да имаше.
Мене книгата ми беше поубава од филмот. Всушност, така е со секоја книга; не е тоа тоа, кога ја држиш книгата во рака и се претопуваш со секоја буква впишана на страницата, и кога седиш и зјапаш во екранот. Конкретно книгава не е ич тешка за читање, кој/а сака да си се опушти и да претепа неколку саати - топло му ја препорачувам! Се чита во еден здив.
Книгава ја позајмив додека бев на одмор, и нажалост успеав да прочитам замо 150 страни во тие 2-3 дена додека ја имав. Кога си дојдов дома одма го симнав филмот (бидејќи не ја најдов книгата онлајн), и страшно се разочарав. Јас прочитав повеќе од третина од книгата, а се што прочитав го поминаа за 5 минути во филмот. Ако ја начекам дефинитивно ќе ја дочитам, иако знам што се случува. Нешто ми вика дека сепак ќе уживам во читањето, како и да е.
Прекрасен филм а уште попрекрасна книга, кој ја нема прочитано, му препорачувам да ја прочита веднаш, можете и филмот да го гледате, но не е толку богат како што е книгата