1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девојката со бисерна обетка (Трејси Шевалие)

Дискусија во 'Книги' започната од missA, 31 март 2011.

  1. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Jас моментално ја читам уште едно 20 страници имам.
    Прекрасна книга и навистина како да се соживеав со неа. Прекрасно дело! Понекогаш доцнам за да дочитам уште една прекрасна страна. :)
     
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Не ми се допадна многу. Приказната ми беше како веќе видена, и да бидам искрена - не ја ни дочитав до крај. А очекував нешто повеќе од Трејси.
     
    На karma21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Просечна. Има приказна, што мислам дека ликовните уметници ќе ги воодушеви најмногу затоа што повеќе пати сцените се околу сликањето.
    Не ми беше досадна, но не бев ни премногу воодушевена.
     
  4. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    102
    Не е ништо посебно, но јас сепак уживав во неа.
    Вермеер е еден од моите омилени уметници, па се внесив во приказната на мој начин.
    Можеби премногу субјективно ја гледав поради локацијата која толку добро ми е позната.
    А можеби и поради Колин Фирт кој ја толкуваше главната улога во филмот, па цело време тој ми беше на ум. :lol:
     
  5. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    160
    Интересна приказна, ми ја препорача една пријателка... Ја читав претходното лето додека бев на одмор. Очекував БУМ ама не ми се исполни очекувањето :(
     
  6. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Прекрасен состав со многу умешен опис на детали што мене многу ми се допадна... :) Искрено, го имам гледано и филмот но, мене книгата многу повеќе ми се допаѓа... :)
     
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Vo knigata ima dejstvija koi vo filmot ne se voopsto prikazani.
    Za da mi bide uste poslikovito paralelno citav i koga bev pri kraj go izgledav filmot.
    Na pr.vo knigata slikarot bese opisan kako grd covek a vo filmot glumecot bese relativno ubav.
    Dosta istrazuvav za slikata i procitav deka celata prikazna se bazira na vistiniti nastani i likovi.
     
  8. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    Искрено,на оваа книга научив дека на книгите им се суди по кориците.
    Не очекував многу од неа,ама сепак крајот навистина го закраси делото.
    Филмот,го немам гледано,ама книгата толку ме разнежи,ми го покажа животот на една млада девојка,па и на луѓето општо.

    Начинот на пишување,живописноста,ликовите и сликите што ми се создаваа во глава,направија книгата да ја оценам 10/10.