Кон крајот на овој месец, дел од програмата на Алфа телевизија ќе стане и турската серија "Девојката со име Фериха". "Фериха" е уште една љубовна турска теленовела која ги популаризираше младите актери Хазал Каја и Чагатај Улисој кои настапуваат во улогите на Фериха и Емир. Поради големиот успех на серијата, таа доживеа и продолжение наречено "Патот на Емир" но продолжението не беше прифатено од публиката и доживеа само неколку епизоди. Глумицата која ја толкува Фериха ни е позната како Нихал од "Притаени страсти", а глумецот кој го толкува Емир по оваа улога стана најпосакуван турски глумец меѓу девојките низ целиот свет. Серијата доживеа голем успех во Турција, во арапскиот свет, Бугарија, Хрватска и Босна, а најголема гледаност имаше во Пакистан каде важи за најгледана турска серија.
Многу добра серија ја гледав со српски превод. Не е како останативе турски серии со традиции и разни чуда. Ми се допадна тоа што е со млади и се се врти околу нив и факултетот. Продолжението со Емир повеќе ми се допадна штета што не го довршија. Ах Емир пренајубав
Една познаничка ми ја пофали серијава, ми се допадна како што ја погледнав. Супер што ја даваат на некоја од нашите телевизии
серијата е преубава ја имам гледано 2 пати и сега пак ке ја гледам на алфа ..продолжението патот на емир не ми се допадна баш .....а може некој да ми каже кој ја уби фериха зошто стрвно не разбрав
Денес почнав да ја гледам серијата на една страница со Македонски превод , изгледав 2 епизоди и многу ми остави впечаток, ете не требаше да читам во спојлер што ќе се случи на крајот ( зарем мораат вака Турците , да зафркнат се со крајот ) единствено не ми се допаѓа што мајка и на Фериха на некој начин ја турка со копнеж за пари и богат живот и сака преку неа да се спаси од чистењето куќи , често и вели мораш да бидеш се она што не бев јас, знам дека им е смачено од сиромаштија , ама дај жено смири се така можеш да ја навлечеш керка ти на лош пат , по секоја цена за богатство( знам дека е ова серија и малку претерав , ама знаеме дека ова го има и во реалниот живот )
Спојлер: Видете што ќе се случува на тие што не им се чека :) http://turske-serije.net/?s=devojka imena feriha
Повеќето линкови на кои е серијата се блокирани од VK . Јас моментално ја гледам на следнава страна http://www.efilmovi.info/browse-djevojka-imena-feriha-videos-1-date.html а ја има и тука но како што игра на алфа така ги ставаат епизодите http://www.soprevod.com/browse-devojkata_so_ime_feriha-videos-1-date.html
Тие секогаш мора да го зафркнат крајот. Читав на една страница дека серијата требало да има среќен крај ама бидејќи била навистина популарна и да не застанат тука почнале со снимање на нова сезона „Патот на Емир“ но ја прекинале поради негледаноста и не доволно финансиски средства. А мајката на Фериха сака да направи од неа личност која таа неможела да биде. Малку ќе и го заврти грбот кога ќе дознае дека Фериха лаже за своето семејство пред Емир, кога нема пред него да ја претстави како мајка туку како чистачка и тогаш ќе дозволи мајка и да се омажи за Халил. Прекрасна мие серијава барем да завршеше среќно.
Какво празноглаво суштество е онаа Џансу, ја изеде љубомората и почна да работи на штета на Фериха, ама ако не и може ништо , може само да седи затворена во соба да чита списанија за славните или да манијачи на фб , а Фериха ќе си оди на Факултет, ќе си има момче и слично
Може некој да ми каже што ќе се случи со мајкаи на Фериха? Мислам госпоѓа Зехра. Бидејќи онака откачи закачи си ги гледам понатамошните епизоди.
Спојлер Ќе се смират на крајот ќе прават свадба ама ќе ја убијат Фериха и така завршува серијата. Има и продолжување на оваа серија Патот на Емир