Луѓе знам дека напнав на темава,ама кога ќе почнам да следам нешто,ептен се внесувам На алфа епизодите се сеќаваа за некоја вечер кога Фериха ќе му се „понуди“ на Емир за долгот,се спомна нешто во 35 епизода,а сега во 36 кога се караа спомнаа некоја ужасна ноќ. Е сега,дали за тоа зборуваа и во која епизода е таа вечер? Или уште немам стигнато?
Мислам дека или зборуваат за таа вечер кога Емир побара од нејзе да „спие“ со него и така да го исплати долгот или за вечерта кога се качи во спаваќичка кај него за да му се „понуди“ (не се сеќавам точно) Инаку поглупо не можеа да го завршат филмот,наводно режисерот видел колку е гледана серијата и колку пари заработил паа сакал да направи втора сезона ама не ја известил на време Фериха,па таа веќе имала потпишано договор за снимање на друг филм (најверојатно Марал) и затоа уствари го завршува најглупаво што може. Од кога се случува таа трагична случка,продолжението на филмот има и друго име и друг контекст и е тотално како нова серија поради што (читав на нет) гледачите се жалеле од продолжението и после снимање на 13 епизоди откажана е серијата Тоолку бев навлечена на филмов го гледав дење-ноќе на нет и исто толку ме разочара крајот
jas imam nekolku epizodi ponapred zagledano na internet za deteto civo e ne znam , ama znam deka oni eden period ke bidat skarani i ke se razvedat i na kraj na serijata poslednata epizoda ke pravat svadba vo parkot pred zgradata
Не е детето негово,и кога ќе дознаат овие чавкиве мајкава лом ќе ја направи ќерката,а Корај во лице ќе им се изнасмее Ама додека дојде до тоа ќе има бааги буцки од овие
Мене многу ме нервираат овие епизоди,поточно од 53 натака.Мака ми е што поголемиот дел од серијата гледаме кавги меѓу Фериха и Емир,а и кога се заедно,се нешто се подналутуваат,ама луди се и двајцата А Ханде е генијална бре,одма да испита за бебето,многу е моќна,башка сакаше и на Фериха да и помогне,ама оваа другава тврдоглава ко магаре И една Еџе што се појави,и таа ќе прави фрки осеќам. Прашање: Спојлер Фериха на венчавката ќе ја убијат,или ќе поживеат 2,3 убави денови?
Еџе ќе прави буцки и тоа огромн..Бивша му е на Емир ќе биде со него и ќе бидат верени оти Емир ќе сака да ја спаси од еден бивш нејзин што ја малтретира.. 3 години Емир и Фериха нема да се видат,Емир ќе живее со Еџе а Фериха со Левент професорот и по 3 години живеење настрана од градот мислам дека во Америка живееја (Фериха и Левент) се враќаат и после дури ќе се смират и ќе се венчаат и ќе умре на денот на свадбата госпожата,по глупаво неможеше да биде изведено тоа
Леле,не ми се верува. Па не очекував вака да бидат работите,мислев ќе се смират постепено и ќе се венчаат. Ама мразам беспотребни компликации.Глупости.
Feriha i majka i kje bidat ubieni na denta na svadbataa na F i E najverojatno od Halil kako shto mozhev da razberam vo nastanite ponatamuu.. a filmot ponatamu e katastrofaa i go prekinav da go gledam
Спојлер: Финале-67 епизода Последните неколку епизоди се тотално непотребни,ама ми беше интересно како се променија за 3 години,а истовремено сите останаа толку исти. За мене,последната епизода заврши со нивниот танц и никакви пукотници.Еве да не знаев дека има и втор дел,без Фериха,не се ни покажа дека Халил ја пукал,заврши со солзи и искажување на љубовта. Алчноста на продуцентот уништила една убава серија,како што и се случува со повеќето турски,не знам зошто такви несреќни краеви,со која цел? Да се додаде дека Чатагај е исклучиво талентиран глумец,еве мило ми е што го запознав овде,најверојатно ќе ја гледам и Плима и Осека,се надевам дека таа е со среќен крај,оти аман веќе Спојлер: За Кукла994 Ќе се разведат сосема на крајот,а пред тоа таа ќе му роди син.Не знам дали ќе остане Корај со Ханде,можеби ги има во вториот дел на серијата,кој не планирам да го гледам.
Не можам да се редактирам,ама молам некој да ми одговори оти се нервирам... Значи после 67,почнува Патот на Емир,така? Бидејќи на интернет има посебни епизоди Патот на Емир,каде што првата епизода тој се појавува рака под рака со една девојка на некоја забава каде што се Јавуз и Санем,Унал... А од друга страна,видов една 68 епизода на Фериха,каде што Емир стои пред Етилен,истрижен и целиот скршен,а Секер го гледаше од прозорец со една девојка и момче. И сега како тераат? Пошто рековте во Патот на Емир ги нема ни Фериха ни нејзиното семејство. А покажуваат ли некаде како ја пукаат,кој ја пукал,како умира? Само сакам тој дел да го видам,а она другото не ме интересира.
Патот на Емир почнува после 70 и некоја епизода.. Од кога умира Фериха има уште некоја епизода со фамилијата нејзина,со една што ќе се појави од истото село од кај што потекнува фамилијата на Фериха и уствари и нејзе ја доела Зехра па ја вика Фериха сестра по млеко и ќе му се пика и таа на Емир а и таа другата полицајка што ќе го спасува цело време што си видела дека се појавил со неа рака под рака.. Во една од епизодите баш таа полицајка ќе чита вест на интернет за случката со Емир и Фериха и ќе спомне дека е убиена од страна на нејзиниот бивш вереник...
@Mariangel Ти благодарам,баш ме интересираше како се се дознало за пукањето. Сепак не ги гледам,не е тоа тоа.
Омилена ми беше али по оваа овде што го прочитав ќе биде се катастрофа и многу развлечена беспотребно... Моментално до епизодата каде што е стигнато на тв не се случува ништо дури и ме нервира 3 епизоди се караат Емири и Фериха и уствари ништо не решаваат само празни муабети