1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девојката со портокали (Јустејн Гордер)

Дискусија во 'Книги' започната од Giovanna, 13 март 2012.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    [​IMG]

    Ја прочитав уште пред некоја година и стварно ми се допадна. На почетокот ми беше онака, но како се задлабочував во книгата се повеќе интересна ми стана. На крајот изненади со сосема неочекуван расплет што ме остави и малку замислена.
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    леле конечно тема и за оваа книга. јеееј :D Оваа ми е омилената книга , подарок ми е и многу ја сакам. Исто така ги сакам повеќето книги на ЈУстен Гордер. Сепак морам да признаам дека не секој има нерви да ја исчита оваа книга, оти на моменти ептен си прави филмови афторот,сепак во тоа има смеа, на моменти . Сепак книгата буди и солзи и смеа, зборува за вистинската љубов, вредноста на животот, како и колку е големо значењето на таткото во животот на детето. Сепак оваа книга длабоко во себе, ја носи пораката, за смислата на животот и сите оние работи поради кои вреди да живееме. Сетам дека сите треба да ја прочитаат ова книга бидејќи има многу голема тежина и длабочина, отколку било која друга книга што ја имам читано од Паоло Куељо.

    ПС. LUCKY YOU! ;) :)
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Една од омилените книги мие токму оваа...
    одамна мие читана но не можев да ја оставам, во една ноќ ја прочитав
    совршена е :)
     
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Водена од популарноста на книгава, решив да ја прочитам иако според впечатоците од истата што ги читав на нет, како од наши така и од странски страни - не очекував којзнае што. И како што си мислев, не ме воодушеви книгава, ми беше толку монотона и досадна што дури 3,4 пати се фатив како пречитувам еден ист пасус неколку пати. Од Гордер немам прочитано други книги, па може и стилот негов не ми се погодил.

    На кратко речено, дефинитивно не е мој тип на литература, не ми остави некој посебен впечаток што значи и давам 5/10.
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Ја имам прочитано и искрено очекував повеќе. Мене книгава ми беше сосема просечна. :)
     
  6. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Оваа книга ја имаат многу фалено и конечно решив!Утре ќе си ја купам! :D
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Една од моите омилени книги. :)

    Можам слободно да кажам дека ја прочитав во еден здив што се вели, не можев да ја оставам. Ја препорачувам на секого, баш пред некое време другарка ми кажа дека ја прочитала слушајќи ја мојата препорака и дека и неа и се допаѓа ептен.

    Лесна книга, но сепак ни нуди преглед на широк спектар на нешта кои што имаат голема важност во сечиј живот. Посебно љубовта и семејството.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Добра книга. Самиот наслов е привлечен, а и двосмислен :D Се сеќавам дека имав убави емоции додека ја читав, додека на содржината баш баш не се сеќавам најмногу, но мислам дека девојката што ги купуваше портокалите ги одбираше еден по еден за да може убаво да ги наслика.
     
  9. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    прекрасна, топла приказна која не ме остави рамнодушна. секоја прочитана реченица ми будеше насмевка на лицето.
     
  10. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Кога го прочитав насловот мислев дека ке биде убав па ја купив и ми се добадна многу :)
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Девојкии обожавателки на книгава, еве веќе два дена сум под импресии. Не знам дали сте знаеле, но поестоел филм напрвен според книгава уште од 2009 година. Јас се уште сум под импресии како можеле толку да ја погодат девојката баш како што ја замислував и Јан Олав е ХОТ, вери ХОТ. Не знам дали е дозволено да постирам торенти тука, па која е заинтересирана да го гледа филмот нека ми пиши лп, да ѝ го пратам торентот. Филмот е норвешки на огриналниот јазик на кој е напишана и книгата ама има преводи на сите јазици.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    Последна измена: 5 јануари 2016
    На Lella и christinnn им се допаѓа ова.
  12. <Глуварче>

    <Глуварче> Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Книгата ја иам прочитано одамна.Не се сеќавам баш најдобро на целата содржина, но сеуште го имам истото чувство од кога ја прочитав.Ми остави силен и мн убав впечаток.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    60.967
    Оддамна слушав критики за „Девојката со портокали“. Некои беа воодушевувачки, некои просечни, а на една пријателка воопшто не и се допаднала!!!
    Во првиот момент кога ми дојде до рака ја прочитав и тоа во еден ден!!! Прекрасна е!!!
    Болна тема, но прекрасна и незаборавна приказна!!!
     
  14. Kyliee

    Kyliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Некој да не ја има прераскажано Девојката со портокали? Итно ми треба за утре
     
  15. Larichka8

    Larichka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Ја имам дома и следна ми е на листата за читање. Според коментарите треба са е добра :)