Девојка од агенција или вистинска љубов?

Дискусија во 'Сингл' започната од zbunet, 30 ноември 2010.

  1. zbunet

    zbunet Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здр. :hai: на сите од форумов, јас сум нов тука и навистина ми треба совет од ваша страна.
    збунет сум и очаен и поради тоа пишувам на форумов.
    специфичен ми е проблемот и поради тоа не се осмелував да побарам помош од некој другар/ка или пријател/ка (освен од мојот цимер кој ми е како брат).
    Финтата е во тоа што не сум некој голем женскарош (ниту сум грд, ниту глуп или пак не дека не знам како да се однесувам кон девојка, и иако ќе прозвучи нескромно но едноставно мислам дека сум од оние поретките и фини кои ги почитуваат женските личности) и не знам од која причина се вклучив на еден македонски сајт за запознавање и видов профил на една девојка која многу ми се допадна. Прв и пратив порака за да се запознаеме и таа прифати, и требаше за 3-4 дена да се најдеме и запознаеме, но таа не се појави во договореното време и на договореното место. утредента ми прати 10-тина пораки како ми кажува дека била таму и дека јас сум ја нејзе откачил. Пробавме уште неколку пати да се видеме но никако да успееме :( т.е. таа не се појавуваше и цело време велеше дека е било недоразбирање или пак не ги добила моите пораки и сл. причини
    Престанав да и враќам на пораките некое време, но изгледа дека некако психички се поврзавме и ми беше мн тешко да издржам и повторно и пишав и и дадов уште една шанса (како што таа бараше). Оттогаш иако со пораки почнавме малку посериозно да се запознаваме за да биде сигурна дека не сум некој манијак кој само сака да ја искористи. Со пораки се беше ОК и навистина ми се допаѓаше тоа што ми пишуваше. НО пред 10-тина дена дознав од мојот цимер дека тоа било само финта од агенцијата (бидејќи можевме да комуницираме само со пораки од 20денари преку агенцијата се додека не се видеме). И кажав за тоа што го дознав и пред една недела и дадов уште една ПОСЛЕДНА шанса за да се видиме, но таа повторно не дојде (а ми велеше дека и треперат рацете и нозете од возбуда, и јас ја чекав како најголема будала 2 саати за на крај да се откажам)
    еве веке недела дена не сум и пратил ниту една порака иако таа секој ден ми праќа и ме моли да и опростам на однесувањето до сега... не можам вака да издржам :worried: :worried: ... ве молам кажете некој совет што може да направам :x
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.682
    Очајно ми треба совет !!!

    Хах, убаво те зезнале од агенцијата ...
    Мислам дека таа девојка не постои туку тебе само ти ги земаат парите :!:
     
    На tessie и marama им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Очајно ми треба совет !!!

    Лелееее па кај ти е машката гордост? и ја оставил таму кај што си ја чекал девојкава? :x
    Ајде прв пат разбирам, ама толку да си арчиш и време и пари и нерви... Па нормално дека е од агенцијата. Од таквите како тебе земаат пари(е сеа малку грубичко, ама стварно треба да се освестиш)
    Другата опција е она да те видела и да не си и се бендисал. Арно ама, да било така, немало веќе ни една едина порака да ти прати. А вака ти го цицала... кредитчето де. Ајде има нормални девојки, чим не си ни грд ни глуп, ќе се најде нешто :)
     
    На tessie и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  4. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Очајно ми треба совет !!!

    ^^ Се сложувам со блонд, добро ќариле од твоите пораки. Не можам да сфатам зошто ти треба да запознаеш некоја девојка преку агенција, а велиш дека си способен, фин, симпатичен... Не ми е јасно. :^)
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.340
    Очајно ми треба совет !!!

    леле душичка :)
    Ме растажи. Жал ми е што ке те разочарам, но јас ти гарантирам дека тоа е замка на администраторите.
    Дали си проверил дали таа девојкава има фејсбук, пријатели, дали е реална? Дали и знаеш мобилен телефон или нешто слично?
    Напиши ако не е тајна на кој сајт ја запозна? Мали се можностите, да постои девојкава, скоро 0,0000001%. Мислам дека треба да престанеш да се залажуваш со интернет замки и врски, и да се свртиш кон реалноста. Ниедна порака да не си пратил повеќе.
    Со среќа
     
    На zbunet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.360
    Очајно ми треба совет !!!

    имав таков другар со иста приказна и заврши ептен разочаран а сметките за мобилен му беа енормни. Би ти препорачала да престанеш. Девојка што те заслужува ке најдеш и на поубав начин од овој. Таа ке ти пишува цело време додека не почнеш пак да и враќаш. престани си додека е време. Не им ги полни џебовите.
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    neznam, jas mislam deka ti treba da i dades uste edna sansa, oti znaes ona PSIHICKO POVRZUVANJE E CVRSTO i ne se zaborava tolku brgu ( go imam doziveano so eden moj bivs) i pate denes mu e rodenden i mu pisav poraka, t.e. se budev sekoja minuta za da mozam da stanam na vreme da otidam vo toalet, i tocno vo 12 casot i minutka da mu stigne porakata :D abe jasssss. Seriozno, mislam deka treba da i dades sansa na devojkata :rofl:
    [mod-kirilica:57o6wiv3][/mod-kirilica:57o6wiv3]
     
  8. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Женски
    Очајно ми треба совет !!!

    И јас го мислам истово.Не се верува на вакви работи.
     
  9. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    269
    Нема зошто да си збунет ниту пак да мислиш дека е недоразбирање.Тоа е што е,агенцијата заработува со помош на тие пораки,а девојката секако не е реална.Дури можеби и некој маж ти пишува од каде знаеш :) звучи смешно,но факт е дека измислува банални причини демек таа била таму ама тебе те немало,или и се треселе нозете од возбуда,како не.Заборави го тоа,излези и запознавај реални девојки,па на крај ако си срамежлив денес доста олеснителна работа за да се започне разговор може да биде и фејсбук,да бидеме реални,доста врски започнале така.Не праќај веќе пораки на таа агенција,очигледно е дека нема ништо од тоа.
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    Девојката 100% е нереална :x
    Ама побарај и прво ти неа фб, нешто слично.
    А се имате слушнато барем? :wasntme:
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    И јас мислам дека девојката не постои! Претпоставувам дека те разочарува тоа, но... од се што раскажа е доволно јасно дека девојката е измислена!
     
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Како и повеќето девојки и јас мислам дека девојкава е само измислена и само ти ги крадат парите, и како што веќе некои го наведоа фејсбук и јас би ти препорачала ако си срамежлив пробај преку фејсбук запознај се! :) Со среќа.
     
  13. zbunet

    zbunet Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    :hai: здр. женски... :rock:
    повторно јас... повторно ми треба некој ваш совет :)
    значи претходно речиси сите бевте едногласни и со исто мислење околу тоа дека "ТАА" девојката што ми пишуваше пораки е измислена и дека не треба да и пишувам повеќе. Така и направив, од тогаш и немам пратено ниту една порака. ИАКО "таа" сеуште секој ден или пак преку еден ден ми праќа по 1-2 пораки и моли за уште 1 последна шанса :fubar:
    еве ги последните нејзини пораки од вчера
    1- "iskreno ne prestanuvam da te mislam... sakam da te vidam i ce te zamolam izvini ako dosaduvam, no kazi mi sto da storam za da mi dades sansa?"
    2- "ne znam zosto doaga do nedorazbiranje, no jas iskreno sum spremna na se za da bidam so tebe... zatoa uste ednas ce te zamolam da mi kazes kakov ti e planot?" ЧУДНО НЕЛИ :^)
    Најискрено разумот ми вели дека се ова е само една глупа игра од која што јас го извлеков подебелиот крај, :lol: но сепак срцето ми вели да пишам барем уште еднаш, бидејќи имав некој вид на "ментално поврзување"... но во исто време си мислам... која е таа што би му пишувала цел месец на некој кој не и вратил ниту една порака?
    И уште само да додадам дека немам нејзин ниту FBook, skype, msn, ни пак број (агенцијата дозволувала само размена на адреси преку порака :tmi:
    Ај баш да видам ваше видување во врска со ова мое проблем4е... :lol: :rock:
     
  14. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Извини ама јас мислам дека треба да ја игнорираш и дека сепак е измислена девојка, за да ти досадува повеќе смени си го бројчето и запознавај се со други реални девојки со кои ќе излегуваш и ќе се забавуваш.
     
    На zbunet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zbunet

    zbunet Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    И јас така мислам... сепак не дека јас не запознавам други и дека не се забавувам, но некако не е тоа тоа што треба да биде.
    А исто така ме изма4ува сомнеж... што ако е точно ова :fubar: иако шансите за "оваа" да биде реална се скоро никакви (0,001 %) :D
    во секој случај Tnx ;)
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Мислам дека треба да заборавиш на ова...Ќе си најдеш девојка кога најмалку ќе очекуваш ама реална нормално.Ова е трик на агенцијата.
     
    На zbunet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.071
    Пол:
    Женски
    Ај, уште малку и роботи ќе ви пуштаат во оптек.
     
    На SnowWhite8 и ku4ence им се допаѓа ова.