Девојките Гилмор (Gilmore girls) е американска телевизиска серија создадена од Ејми Шерман - Паладино, со Лорен Грем и Алексис Бледел во главните улоги. Серијата оригинално се емитуваше на каналот Ворнер Брос од 5 октомври 2000 година до 15 мај 2007, комплетирајќи седум сезони. Сега ја има на Netflix. Девојките Гилмор е приказна за самохраната мајка Лорелај Гилмор и нејзината ќерка Рори, кои живеат во фиктивниот град Старс Холоу во Конектикат. Во серијата се обработуваат семејни и пријателски теми, како и генерациски јаз и социјални класи. Дијалозите во серијата имаат многу брзо темпо. Во нив често се спомнуваат детали од поп-културата, политиката и високата класа, кои најдобро се манифестираат со тешкиот однос на Лорелај и нејзините родители, кои се од висока класа.
Леле, ме потсети колку си ги сакав!!! Искрено, пак би ја гледала серијава, преубава ми е, лесна, а не лигава, ме разведрува и ми е толку забавна. Ах, кај не ја репризираат пак, не ми е лезет на компјутер да гледам, а мислам немам опција за You tube на ТВ. Оние fox life цел живот ми ги репризираат Очајнине и Сексот и градот по милионити пат, подобри ми се овие. Баш ми фали нешто вакво, постаро, заедно со Седмо небо или Пат за Авонли...
даа ја сега почнав да ја гледам, кога читам дека доста ја гледаа не ми фати око толку и се решив да ја гледам и стварно интересна е и ми се допаѓа врската помеѓу нив две.
Сега само што ја прегледувам по којзнае кој пат ептен ми е убава лесна, а сепак не е лигава ниту пак клише. Искрено продолжението A Year in a Life ме разочара мене, но 7те сезони се одлични.
На серијава и дојде ред со Нетфликс, зошто и покрај доста ограничениов избор кај нас, ми се допадна дека имаат некои вакви стари серии. Ја почнав сосем рандом, не ја знаев воопшто, и ми дојде како гушка. Толку е топла и лесна. Целата врска помеѓу Рори и Лорелај, од давањето на името на Рори до нивните ритуали на гледање глупости и јадење џанк фуд, до бескрајните кафиња. Year in Life ми ја подрасипа малку, ама навикнав веќе еден куп серии со расипани краеви. Јас, носталгичаров, чекам да одмине некое време да ја подзаборавам, па да си ја почнам пак.
Само да ви кажам, Лорелаи игра во една друга серија, исто мноогу убава и потсеќа на Gilmore Girls. Parenthood се вика, ја има на Нетфликс, ја изгледав пред некој месец.
Navistina ubava serija, no kako da me krshi neshto odvnatre dodeka ja gledam, nez. Times have changed.
Сум до 5та сезона и ми Лорелај ми е некако пре-антипатичен лик, не знам никако не можам да ја дефинирам. Во последно време се понаша ептен наивно и некако многу брзо рипа од врска во врска. Едноставно меѓу неа и Лук нема некоја хемија, многу се механички. Суки некогаш на моменти е доста иритантна. Рори ми е океј лик. Дин е многу упропастен, улогата на Џес беше катастрофа... Дали некој ја гледа серијава? @sweet-cherry ?
Охоо многу пред мене си. Јас сум на почеток од трета сезона, и мене Лорелаи почна да ми оди на живци. Најубав пар до сеа ми беа со Макс, со Лук ме нервираат. И Рори ме нервира исто, многу pick me girl e Ама интересна ми е за навечер една две епизоди пред спиење да пуштам.