ова е новата must have работа за во вашата ташна. Веќе неколку недели го гледам новиот изум на durex низ маркетите, и мноооогу ми се допаѓа! Се работи за Durex Love Box - метална кутија за кондоми со girly принтови. Според она што го прочитав, пакуањето содржи 3 кондоми. Која е Вашата омилена кутија? Kоја ја купивте? Јас решив да ги соберам сите,преслатки ми се Инаку, првичната идеја им е одлична - да почнат и жените да купуваат кондоми! Еве ви слика
Овие одамна ги имаше по маркетите, па мислам ги снема едно време. Тогаш купивме неколку за кеиф, ми беа интересни, ама сепак кутиите не можат да се користат понатаму(или барем мене ми е глупо), со ситни букви си пишува Дурекс, а и сите ги познаваат, внуците мои се тегнеа во еден маркет да им купам од тие бонбони .
Јас имам, преубави се кутивчињата...Сега секогаш кога ќе купам презервативи ги отварам и ги ставам внатре. Ако добро ги притиснеш и 5 можат да се стават
Во право си minnie, навистина пишува дурекс , ама премали се буквите, па мислам дека може да помине Можеби поголем проблем е што се препознатливи, ама сметам дека веќе не е табу девојка да носи кондоми во себе... а и подобро една lovebox да ми падне кога ќе ми се истури ташната на јавно место, отколку 3 кондоми Dazzle , 5 ?? Нема ли да се отвори кутијата од толку кондоми?
Навистина се интересни.. само ние не користиме кондоми, па за жал ќе си останам без кутивче или пак може чисто за ќејф да си купам, па да чувам накит во нив
Малечки се, можеби некој поситен накит. Ги има скоро секаде, по маркетите, по бензиски... очината убаво отворени и нема да ги пропуштите И ве чекам да пишете која ја купивте btw 16 дезени биле.. тоа денес го научив гуглајќи
Dazzle не е убаво да ги туткаш 5 во мало кутивче. Читав и дека не е добро во новчаник да се носат зошто може да се оштети. Инаку не, за жал сеуште немам такво
да 16 дезени се ама кај нас ги има овие што ти ги стави на сликата во првиот пост, ги имаме повеќето купено меутоа сега кога ги видов ми текна дека појма немам каде ги имам ставено а баш се штосни и ги чував размислувајќи за што можам да ги искористам хД ги има секаде каде што можиш да набавиш презервативи единствено нешто што варира е цената јас ги земав од веро се случувало и за 99 да ги земам и за повеќе од 120 кога-како сепак кога ќе и’ го имаш ќеифот на кутијата нема врска цената
Планирам да си купам, мнпгу интересно ми изгледаат и знам дека ќе имам “проблем’’ да се одлучам која попрво!
Еднаш кога купував во Веро, овие беа ставени на каса. Такви шаренки, мислиш бонбончиња, ти иде да си ги купиш и да си ги отвориш сам од мерак. Мислам апла дека пишува на нив Дурекс, на кутијата. На едно мало девојче му се бендисаа, си одбра дури и кутиче. И кога запна, да купиме та да купиме. Луѓево му беа баба и дедо, и не знаеја што е тоа, отпосле прочитаа и женава вика... ,,Бог да чува, овие не се чуваат вака на отворено,,.
Eпа фемки, јас си ја набавив мојата прва lovebox преееееубавка е! Еве ја Како што гледате дури и не пишува дурекс на нив, само со ситни буквички пишува lovebox. ама и за тоа да го прочиташ ти требаат доообри наочари (ова дека не пишува ви велам откако ќе ја распакувате кутијата)
Многу се слатки, преубави шари имаат. А и корисни се, така што во најскоро време морам да си набавам барем една.
Без проблем собира 5 внатре Инаку не е добро ако подолго време се носат во новчаник, ама ако брзо ти се трошат нема гајле Инаку да, ми ја набави дечко ми.
Исто. Ги купивме од кеиф (иако ги искористивме и кондомите, да не се за џабе ) и сакав да си чувам делови за накит во нив, ама ете препознатливи се, и глупо ми е. Во право си, ама јас не се доискажав. Сакав да кажам мојот план беше да ги користам за делови од накит или нешто слично, ама поради препознатливоста ми е глупаво да ги вадам пред се и секој, се разбираме, нели . Инаку кога веќе користите кондоми, да, многу поубаво е да ги чувате во овие кутивчиња, ем се заштитени, ем изгледа посимпатично. Само тоа со 5 кондоми и мене не ми се допаѓа и мислам дека може да пукне кесичето од кондомот, а тоа значи дека повеќе не треба да се употребува. Подобро би било помалку, ама посигурно, како и да е, сигурно не ви требаат 5 кондоми на едно излегување Пишува од позади на кутијата
А кои кондоми ги има внатре? Мислам нормално Durex, ама си бираш (под)вид или Ги имам видено уште одамна во продавница, а и другар ми си користеше како пепељара но не сум помислила да купам иако се стварно преслатки. И на мене и на мојот партнер ни одговараат само Extra Safe, така да ако не се тие ќе треба да поминат неискористени кондомчињата, чисто ради кутивчето