Девојки кои први приоѓаат

Дискусија во 'Сингл' започната од WildMk, 26 август 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.148
    Да си машко е тешко. Кој сака нека каже: 'Мажи се, тие треба да го направат првиот чекор' - јас не се согласувам.

    Девојки, ставете се во нивна кожа и замислете, како би ви било вам, уште од мали, да ви биде дадено на знаење, дека вие први треба да пријдете секому, вие да бидете тие кои ќе се соочувате со одбивања и колку и како би влијаело тоа на вашата самодоверба?

    Не сме пред сто години па да не можете да си дозволите, да им ја олеснете 'работата' на машките.
    Не е лошо и жените од време-на време да пријдат, па и да бидат одбиени.. за да видат, колкав терет е она што се очекува по дифолт од машките.

    Прашања: Дали приоѓате први некогаш? Дали се срамите да пријдете? Дали на мажите би им било подраго, да не се чека од нив да го прават првиот чекор секогаш?

    Доколку има ваква тема, избришете ја слободно.
     
    На King4ee, sj *O*, Holy Asian Jesus и 11 други им се допаѓа ова.
  2. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    686
    Пол:
    Женски
    Имам пријдено и немало некакво вчијание доколку некој ме одбие, барем знам на шо сум.

    Сметам дека нема правило тука кој на кого треба прв да пријде.
     
    На mileystar, WarriorAngel, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    26.147
    Пол:
    Женски
    Да сум го направила првиот чекор.
    Сум наоѓала заеднички теми пример како факултет, па ќе сум побарала белешки, или ќе сум имала некое прашање за предавањата, па потоа доаѓа и поголема комуникација, размена на број или социјални мрежи.
    Тука веќе се воочува дали и другата страна е заинтересирана. И прва сум понудила кафе да пиеме, и никому-ништо.
    Уште сум здрава, жива и круната се уште ми е на глава. :angel:
    Ако се сака, се се може, особено жена кога е во прашање. :)
     
    На WarriorAngel, sj *O*, Shmizla94 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.148
    И јас никогаш не сум имала проблем да пријдам прва.
    Ако мислам и сакам нешто, ќе си кажам. :lol:
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    1.147
    Пол:
    Женски
    Не сум таков тип што приоѓа прва али не би имала проблем и да пријдам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.148
    Не мора директно.. ама ако некој ти се допаѓа, дај му некаков 'ишарет' ;) .. за да му ја 'олесниш работата' :hug:
     
    На makedon81, IM.TMKQ и Independent Girl им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.005
    Допаѓања:
    73.964
    Сум била и јасна и директна. Немав намера вечно да чекам некој да ми пријде, или кога веќе имаме контакт еден месец да го чекам да напраиме нешто.
    Машките се вообичаено мутави, или само се пуштаат, па кај упали, или не се пуштаат од страв да не ги откачат или да не се изглупираат. Затоа, јасно им давав до знаење. Сум пуштала пијачки, сум се смешкала, сум им викала - сакаш да излеземе надвор од кафичов, сум викала ај да ме испратиш до дома, сум викала - имш намера да ме бациш или да те бацам. И дури, имаш ли проблем утре да касниш на работа, иам намера буден да те оставам.
    Пола и повеќе од ова на маж ми му го реков :)

    Подобро вака отколку да чекам коњушарот да дојде. Круната уште ми е тука.
     
    На makedon81, LITIUM, WarriorAngel и 23 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.148
    :inlove: Ти си јас! :inlove:
    :D
     
    На sj *O*, marlonbrando69 и Cka им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.845
    Допаѓања:
    112.617
    И имам пријдено, и во други ситуации сум правела да е очигледно дека ми се допаѓа. Мислам замислувам од некој да очекувано тој да прашува цел живот, и анксиозноста, стресот околу тоа. Најмалку шо можам е да му дам до знаење дека ме интересира па тоа прашување да му олеснам. Следно сум нестрплива па има случаеви и да пристапам целосно прва. И сум била одбиена, и сум излегла на дејт. Ништо страшно.
     
    На sj *O*, KateKane, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.602
    Допаѓања:
    19.172
    Пол:
    Женски
    Да, се случило прва да пристапам ама тоа се случува ретко кога.
     
    На IvanaJenner му/ѝ се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    12.699
    Кога сакам нешто да добијам или да биде мое, правам се во моја сила за да ми се оствари тоа.
    Нестрплива сум, и немам намера да чекам некој да се реши да направи нешто. Не ми е срам од моите чувства ниту акции. Ниту пак ми е срам некој отворено да прашам што планира или што мисли.
    Премногу проблеми се јавуваат со прогрешно сфатени потези или „знаци“, не можам ја да седам и да тумачам некој што мисли. Сакам отворен разговор.
    Не, не ми е срам, ни незгодно. Сакам да знам на што сум, ако не ми одговара фала многу, пријатно.
     
    На Anne94, Notorious-B, WarriorAngel и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    58.824
    Дм мислам дека се затреска у мене во моментот кога прва го нападнав. Не го нападнав де, прва повлеков нога за некои работи, ама така си вика он, дека сум го нападнала. ]:) Ама по некоја секунда вакво фациче прави. :inlove:

    Инаку, мислам дека многу фама се прави околу тоа дејтање и глумење лудило кај нас. Сум била на дејтови и со луѓе што не ми се свиѓале баш, сигурна сум дека на некои и јас не сум им се свиѓала, ама нема потреба за препаѓање. Ако има хемија кога ќе испаднеме, супер, ако нема, пак супер, се' најдобро.

    Разбирам зошто и машките и женските имаат аверзија од пристапување први, веднаш страната што ја одбила другата страна си го билда егото. Демек, види ме кој сум.

    Апел до младината малце полабаво да се пристапува на вакви ситуации, за посреќен и поисполнет живот. :D
     
    На WarriorAngel, sj *O*, Hipster и 22 други им се допаѓа ова.
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.236
    Допаѓања:
    36.912
    Пол:
    Женски
    Јас сум немала толкава храбост да приоѓам прва.
    И со дечко ми така беше се тој прв јас никако.
    Но немам ништо против ако некоја девојка прва приоѓа, јас сум срамежлива и тоа ме е спречувало.
     
    На Harper, christinnn, lunchy и 5 други им се допаѓа ова.
  14. DushkoFH

    DushkoFH Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Браво до тие женски што приоѓаат први, имате РЕСПЕКТ од мене! :)
     
    На sj *O*, Shmizla94 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    16.971
    Само два пати се случи први да ми пријдат момци кои физички ме привлекле. Во останатите ситуации сум го правела првиот чекор, и три пати сум била директно корпирана. :D

    Првиот пат, далечната 2011. Зима, камен. Јас опната на високи чизми, во видно алкохолизирана состојба, стојам, посматрам и симпатишам еден дечко што одамна ми го правеше меракот. Размислував долго, и наеднаш добив идеја како да го скршам мразот. Отидов, му понудив цигара, иако имаше. Свртив некој бош муабет ради реда, за на крај да ги извадам картите на маса, и разговорот да заврши со ,,Абе Одор, ти си вака океј, ама, немаш цицки".
    Она што тогаш ми доаѓаше (измеѓу остало) да му го кажам, а не му го кажав од етички причини, беше дека имам и други атрибути освен цицки. :bandit:

    Вториот пат беше во слаткарница. (Да, знам, вирд место за флерт).
    Постар дечко, долга коса, ружен ко Московска пудлица. Aма..секси ружен, како да ви објаснам. Седи, јаде еклер, и јас му се избацувам со сељачка фора ,,Маче, зошто не нарачаш индијанка да те види Господ" и овој се засркна, и ми прати еден саглам хејт поглед. Мене поентата ми беше друго уствари. Сакав со тој коментар да иронизирам, во име на лошите флертови..but he didn't get the joke.
    Ова поише беше заебанција отколку пуштање, али сепак го рачунам како неуспешен обид за флерт од причина што физички ми се допаѓаше дечкото.

    Е третиот пат..Last but not least.
    Лани во кафуле. Мислев дека еден дечко кој делуваше како мој тип, е сингл, па му понудив пијачка, а тој културно и шармантно ме одби, за само десет минути подоцна да ја прегрне цурата која доаѓаше од тоалет, а јас не ни заприметив дека претходно била таму со него.
    That's all folks. :D


    ...Инаку, немам јас тип на момци..мене ме привлекуваат буквално секакви, сѐ додека го исполнуваат тој еден единствен критериум кој порано го негирав, зошто бев во фаза на denial, као не, случајност е, ќе помине, ама не помина, и така. :)

    За крај, пуштањето на момци не е science fiction, изводливо е и препорачливо. Освен ако не саката да останете single for life, или да ви дојде коњот наместо принцот. Во такви случаи, седете и глумете недостижни. :makeup:
     
    Последна измена: 27 август 2018
    На Dashing:), sj *O*, Notorious-B и 32 други им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    34.920
    Пол:
    Женски
    Имам пријдено прва на машки што ми фатиле око, ама секој пат сум кркала корпа. :) И тогаш си сврзав, ако сака некој нешто со мене ќе ми пријде бидејќи немав повеќе намера да кинам нерви. Чувствителна сум по природа и многу си земам при срце се.

    И тогаш се појави дм, се разменувавме со лајкови на инста ама се заинатив не пишувам прва ако му дошло до мене ќе пише, јер се бев изгорела претходно неколку пати. Среќа ми пиша па ни тргна муабетот, и погодете кој прв понуди средба? Јас. :D Си реков што е тоа е барем ќе знам на што сум.
    Тој многу си се израдува на тоа му идело да рипа од радост. :rofl: И еве не, пресреќни заедно. :l:
     
    На sj *O*, WarriorAngel, Carissa и 7 други им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    36.574
    Пол:
    Женски
    Ако се бориме за полова рамноправност, би требало тоа да биде во сите сфери, па така конкретно во случајов и жените би требало да ја преземат 'традиционалната ' обрвска која гласи дека машкото треба да го направи првиот чекор.
    Јас како едно пресамоуверено човече имам преку милион испади во форма на пуштање :D
    од кои повеќето биле успешни обиди, a останатите славни неуспеси, од кои самата правам шеги на своја сметка. Не сметам некое одбивање како крај на свет или нешто трагично па да се повлечам во себе и да мислам дека нешто ми фали или не сум доволно добра.

    Нема голема филозофија. Само се работи за самоувереност и его трипс.
     
    Последна измена: 28 август 2018
    На sj *O*, KateKane, x.Daisy.x и 8 други им се допаѓа ова.
  18. dayla

    dayla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Алал да ви е женски што приоѓате први.

    Јас никогаш не сум пришла директно, ама баш никогаш. Ич не е зошто мислам дека мажите мора први да приоѓаат, далеку од тоа, туку едноставно сум таков карактер.

    Знам да сум по не-дискретна (hint: го продолжувам ај-контактот за 12 милисекунди 8-|) кога ми се допаѓа некој само физички, и не планирам да го видам утре, ама пак никогаш директно.
    Затоа сум мастер на суптилното пуштање и фала богу до сега коцките на крај ми се наредувале, или па законот на привлекување стварно функционира евенезнам, само баш проблем е кога и другиот е ист, крајно socially awkward како мене за први потези... За ова уште барам чаре... или па две три чашки ракија. :wasntme:
     
    На sj *O*, MarigoldA, lunchy и 6 други им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.770
    Допаѓања:
    255.821
    Пол:
    Женски
    мразам да чекам...и да заобиколувам..за било што..

    Секогаш отворено и директно сум приоѓала.Некад ќе добиев тоа што сакав ..некад не... :)

    Ама барем не ми е криво што сум пробала..боље да пробам и да се заебам..отколку да се заебам шо не сум пробала :D
     
    На sj *O*, Bozica1980, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.061
    Допаѓања:
    160.691
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека ако некоја не приоѓа прва сака да се постави ко недостижна, како што ниту девојките кои приоѓаат први не значи дека се нападни и напорни.
    Сметам дека нема врска со полот, туку со тип на карактер - social skills/awkwardness, (анти)талент за флертување :D ... Личноста што е посамоуверена и поотворен тип треба прва да пријде и да олесни да се скрши мразот при взаемен интерес, без разлика дали е машко или женско.
    Лично за мене, се пронајдов во ова на @dayla :lol:
     
    На sj *O*, KateKane, MarigoldA и 9 други им се допаѓа ова.