Ако не пробаш, нема да знаеш битно си пробала. Иначе некако сум приметила и јас се имам прва пуштено на некои машки кои пред тоа ми пуштале водичка и мои другарки имаат пишано/пристапено први и скоро сите се повлекуваат од машките или знаат да бидат доста вулгарни како у стил чим ми пишала оваа лесна е па ај ќе ја заебавам има и некои такви типови.. чудно ама заклучокот ми е дека изглеа они се тие ловците што сакаат да пленуваат и освојуваат хаха..
Ако им пишеш прва те сметаат за секаква, на денешно време да не знае човек дали може некому да се обрати
Не ги оправдувам секако,ама тргни од тоа дека ако тебе некој ти се пушти пренападно или чудно, може ќе се оттргнеш. Не викам дека ти нападно си се пуштала туку ете да мислип дека е правилно а од страна да не изгледа така. Како и да е, никогаш не си дозволувајте да чекате и да дремете дур да ви пише некој што ви се свиѓа. Ниту пак да се депримирате ако сте одбиени. Сигурно повеќе ќе ве боли ако месец дена се вртка и мисли како да ве откачи отколку на почеток.
Сега викате не ви смета ако прва девојка ви пријде,а во реалноста си ја кревате цената до небо и ќе ви текне кога е веќе касно(барем во мои случаи е така)
Па нека те сметаат за лесна, баш ти е гајле. Битно е да знаеш на што си, не да те мавта наоколу тебе и уште три други, па и да те откачи на крај. Вака од старт си на чисто и немаш главоболки. Едно знам - на вистински маж никогаш не би му пречело ако девојката го направи првиот чекор. Не да му се фрлиш одма околу врат, ама јасно да му дадеш на знаење дека ти е привлечен и си заинтересирана.