Јас имав 16 кога си го фатив првиот дечко он ми пријде и во тој момент мислев дека тоа е често и така треба да биде...но реално не е секогаш така.Не треба да постои тоа како правило кој треба прв да прииде на некој.После 10 години од тогаш ми се смени мислењето потполно и искрено мислам дека без разлика дали си машко или женско доколку некој стварно ти се допаѓа треба да го направиш првиот чекор.Така последниве неколку години кога некој ми се допаѓа го практикувам ова...некои ме одбиле,некои не ама тоа е животот.Мене лично повеќе ми одговара ова отколку да се плеткам цело втеме со некој и никој ништо да не превзема за муабет а не па за искачање.
Ехе, јас речиси секогаш прва приоѓам(в) . Независно дали станува збор за машко или женско, обично не ни лајкнувам туку директ пишувам ако ми се допаѓа некоја личност. Имам пријдено и во дискотека на еден дечко, баш се изнасмеавме. И така си имав навика да приоѓам на рандом луѓе по журки и си дрндав цело време, и скоро сите ми правеле муабет. Сега за надвор сум позатворена, и пред коронава кога излегував на журки си седев на страна и си се журкав, не ми беше до запознавања. А на фб може да пишам, ама моментално сум ептен closed off од цел свет, така да веќе некое време немам пишано на никој. Што е битно луѓе кој приоѓа, битно е да се сакаме.
Скоро секогаш сум приоѓала прва. Ретко кога сум добивала корпи, али затоа јас мавам со контињери. Не сакам да губам време. Животот е брз и нема време за чекање, барем ќе знам на што сум од кога ќе пријдам. Ќе знам со што човек си имам работа.
Има еден тип..Штоо долго време го гледам, низ град и кога и да го видам, срцето чука 200 на саат.. Металец е и мој тип е Али ја сум поразлична и не знам дали ќе му се допаднам. Долго време го барав на социјалните мрежи го немаШто мислите како да започнам некој муабет...Да бидам одма директна, здраво јас сум( Brokenings16) Или одоколу да го вртам некако?
Да бидете со момци што вам ви се допаѓаат, а не со тие што вие им се допаѓате. Бирајте, изборот е само ваш.
Ај сврти го сега ова од машка гледна точка - мажи бидете со девојките кои ви се допаѓаат а не со тие што вие им се допаѓате. И кој победува на крајот? Секогаш испаднале многу подобри оние кои први ми пристапиле отколку оние кои сум ги бендисала јас. Веројатно јас имам лоши избори и вкус , ама пак затоа верувам во туѓиот - на оние кои први ми пристапиле, барем знам дека они имале вкус
Оф со тие лични и персонални сфаќања, човек да не може ништо да искоментира. Насловот на темата е ,,Девојки кои први приоѓаат". Дакле, мои познанички настојуваат да започнат врска со некој што баш и не им се допаѓа само и само да не дадат ОНИ прв чекор. Тоа што сум го напишала произлегува од вакви примери. И сега јас велам зошто да биде така? Зошто НИЕ девојките да имаме комплекс ако некој дечко стварно ни се свиѓа да му пријдеме? Што се однесува до личното искуство, секогаш прва сум фрлала око и СЕКОГАШ одкако ќе пријдам е било обострано. Еве таа ми беше поентата.
Повеќе совет ми беше до девојките кои имаат проблем со давање прв чекор, нели таква е темата... ама добро, за тоа сме тука, контра аргументи да даваме нонстоп
Зш да не. Можда ќе му ги отворите очите да се заинтересира повеќе. Или може ќе му биде од помош особено ако е срамежлив/повлечен. Се дешавало рандом девојки да ми пристапат. Ако ништо друго бар у контакт сме останувале па за во иднина кој знае... Сеа нешто модерно е да прашаат за инстаграм. Само морам да признаам повеќе ми пристапувале девојки од странство (читај запад). Ама не дека немало и наши. Мислам не е битно кој кому пристапува...
Епа таму ги заболе што ќе речат комшиите послободни се и немаат такви сфаќања како кај нас балканциве. Тука, за жал, девојка да направи прв чекор, повеќето ќе ја наречат со погрдни имиња. А повеќето машки едвај чекаат да им "падне" девојка во раце, да се пофалат дека ја "плеснале" за една вечер.
Точно, у право си се што кажа. За многу работи треба да излезме од балканскиот мод. Затоа ја стално викам секој треба да патува во своите 20 години во што повеќе земји и да запознае што повеќе луѓе, за да може да си го испегла карактерот и ставовите. Теоретски ако она прва му пристапила, тогаш може она да се фали дека она го "плеснала" него. Хахах Шала на страна, иако сум машко отсекогаш ми сметало тоа "фалење" кој што направил. И фала богу у мое поблиско друштво (мешано машки и женски) немало такви работи. Сите си биле релативно сериозни и голем дел од нив веќе си се у бракови. Познавам и најмалку два брака кај што жената била иницијатор за врска. Мислам дека пред една девојка прва да му пристапи на некој, треба да си даде бар малку период за набљудување за да не нелета на некој клошар балкански. И секако, без разлика дали машкото или женското пристапува, не мора секое пристапување веднаш да заврши со секс.
Не знам дали тука би припаѓала темата, хаха јас и погоре имам прашувано, ама убаво ми е кога ми давате одговори тука..Хмм...Ајде да започнеш разговор прва.. Во живоо..А што за преку телефон? Кога тешко можеш да го видиш, а имаш број..Дали мислите дека може и такаа? Имам страв дека ќе ми исклучи некој така
Зависи дали се знаете со дечкото или не?! Пошо ако не се знаете, може малку чудно да е, да не кажам "мањачки" (ова за разговор по телефон зборам, не за пишување на соц.мрежи). Бар на мене така би ми било... пошо може ќе си праи филмови. А ако се знаете, сте имале муабет у живо, или бар на здраво сте... зашто да не? Пошо иначе како би течел разговорот: здраво не ме знаеш, ама ја те имам видено и следено, па успеав да ти најдам број па да те прашам шо прјаш како си? Ако се знаете одма друг е муабетот... Не верувам дека некој ќе ти исклучи, ама ако не се знаете бар малку шо муабет ќе имате?
Зависи..Ако бидам директна..Можно е сега датира од машко на машко..Може ќе го заинтрегираааАко ништо бар ќе се обидам јас така мислам ахахахха
Па добро да, ја не викам да не се проба. Него само се прашувам како би течел муабетот по телефон ако дечкото никад лице не и видел на девојката. Секој валда различно ќе постапи. И машките не се по шаблон сите исти. Зависи од многу работи, возраст, околина ова она. Пример да ми се јави на телефон рандом женски глас што никад не сум ја запознал (не знам ни дека постои) и да ми рече ај да се најдеме на кафе, искрено не би отишол (велам женски глас пошто од кај знам со кого зборам?!). Можда ова ми е став пошо се ближам накај 30ка па малку гледам по сериозно. Незнам, можеби грешам... Ама сепака, Ја обично викам дека у животот ако нешто те копка да видиш што ќе испадне, собери храброст и види, зш да не. Башка ако се интересираш за некој и доаѓаш до степен да мора да го побараш на телефон, валда знаеш доволно информации за него за да си претпоставиш дека нема да ти спушти слушалка...
Ако не сте размениле телефонски броеви, не му се јавувај, ќе изгледаш како stalker. Ако не сте ни на здраво, односно не се познавате, големи се шансите да те откачи од старт. Ако се знаете, или ако сам ти го дал бројот, јави се.
Не можеш да имаш нечиј број, а да немаш никаква комуникација со личноста (??????). Не знам ти како си замислуваш, ама ова е ко некој да ти се наметнува во животот по секоја цена. Морничаво.