Да бидам искрена јас заборавив како е да треба да пријдеш некому. Со вереникот сме заедно од 15 год, со мал прекин, веќе сум 27, па одамна, многу одамна не сум пришла никому од тој прекинот, е во тој прекин имаше момци на кои прва им пријдов. Едниот инсистирав да се запознаеме, го шмекав, му се врткав у околина и му пријдов, бевме заедно месец дена, не ме одби ама беше зацепан во предходната. Вториов ми беше симпатичен, исто му давав суптилни знаци дека сакам да ми пријде, на крај јас му пријдов ама потоа го откачив бргу оти беше малку глуп. Со вереникот одевме кога бев мала, 7мо одд и тогаш ми раскина тој, после 3 год може да се каже дека јас му пријдов и може да се каже дека ради мене уште сме заедно, тој наводно изгубил надеж дека ќе биде со мене па не ни имал намера пак да ми се пушта. У главно немав проблем да пријдам ни тогаш, ниту верувам сега да бев сингл. Мене поинтересно ми е јас да сум ловецот( глуп збор). А и онака немав многу избор, машките никако не ми приоѓаа први, не знам што беше проблемот, знаев дека им се допаѓам, отсекогаш сум го имала тој сенс да знам кога некој има намери, ама сум морала да превземам прв чекор и покрај тоа. И така, не сметам дека машко мора прво да пријде, ако нешто ми се свиѓа, ќе си се потрудам да си го добијам.
Секогаш прва приоѓав, а тие што мене ми приоѓаат ми беа досадни. Добро, индиректно приоѓање беше. Кој чита од очи- супер, кој не, пак супер.
Прва пријдов.Ене го сега маж ми е Ми се свиѓаше му пријдов,беше срамежлив па ако чекав на него немаше ни да бидеме заедно можеби.
Не приоѓам бидејќи не сакам пасивни и плашливи мажи, ниту такви кои се смотани да прочитаат сигнал (тоа не ми се ни случило, на таков не ми паднало око зашто умеам да препознаам тоа што ми треба). Turn off ми е јас да треба да трчам по некого. Detached сум, во тоа ми е магнетизмот мене. Е сеа и оние упорни што не ги рецкаш се на госпо белјата, смотани на поинаков, свој начин. Најдобро е двајцата да се најдете некаде на половина пат.
Читајќи ги мислењава, ми падна на памет една песна, сигурно ја знаете или во најмала рака, ја имате чуено на радио Спојлер: ПЕСНА А што се однесува на додворувањето, кај мене е некако обострано. И ми приоѓаат момци, и јас сум приоѓала. Јас не толку директно, подискретна сум некако, знам да флертувам, да пуштам погледи/насмевки, до него да застанам, па дури и да го подбуцнам за разговор да отпочнеме, ова во живо. А на социјалниве мрежи, се случило и јас скроз прва да пишам, и ме откачиле после 2 реда муабет, но и успешни обиди имало. Знам одоколу да намамам да ме викне да излеземе, индиректно ќе го прашам, од типот: еј нов кафич отвориле во дебар маало, прекрасно изгледа, а не сум била. Ти да не си бил? и после тоа следува покана, иако во кафичот 10 пати сум отишла Колку што се сеќавам, еднаш имам директно прашано дечко дали сака на пијачка, некогаш кога е слободен. Толку трема имав, целата се тресев, среќа темно беше па не се приметуваше. И прифати, и после долго време се гледавме. И знаевме да се нашалиме, бидејќи знае дека сум срамежливка, и ќе се вадеше: ама јас ќе те викнев, само ти ме претрка, и некако страв ми беше да не ми удриш корпа, таква цура со ваков момак; прешокиран бев кога ме праша. Ептен беше срцка дечкото, но ете, не ни било судено Навистина не е ништо страшно да си девојка и да го направиш првиот чекор, па и да те откачат. Исто и за машките. Секако само да не е нападно пуштањето, почил, без форсирања. Ако треба да биде, ќе биде, нема потреба од напнатост
Исто и јас не сакам мажи кукавици значи коа со некој прв пат са среќавама одма са осеќе дале ми са аресе или не, ако е тупав и не го осете тва ..... Прва имам пријдено на 2-3 машки ама со доста промили у крвта, дури директна беех одма го фаќам за неговото мочало
Имам два неуспешни обиди од приоѓање прва на машки и мислам дека развив фобија од тоа хаха, па сега само флертувам, манијачам , се смешкам па они доаѓаат. Првиот пат у диско, јас камен пијана ми доаѓа еден и ме кани да играме. Ми се допадна физички и јас ајде зошто да не. Играме играме и овој вика абе другаров мој се срами ама му се допаѓаш многу. Јас се вртам , дечкото солиден, и двајцата беа убави ама овој што игравме имаше брада (обожавам машки со брада) и му се избацувам : Абе другар ти е океј, ама мене ти ми се допаѓаш. И дечково ми враќа : Јас имам девојка веќе две години и не би ја изневерил никогаш. Само се насмевнав и се тргнав, ама некако се гордеев со него хаха, браво што сеуште има вакви машки Вториот пат исто пијана, цела вечер во диско го меркав типот што одамна ми се свиѓа ама немав храброст да му пријдам , и на крај си одам дома (јас будалата) и му пишувам на месенџер дека ми се свиѓа. Ми враќа после час два, ваљда кога си одел накај дома дека сум му симпатична и дека ке сме договореле кафе да ме запознае подобро. GUess what, не ме викна на кафе.Ме откачи на фин начин, барем тоа. Пред тоа сум приоѓала прва ама само на оние кои мислам дека ме свиѓаат а не вака на слепо.
Ме потсетивте на една случка...Еден на времето, го залапав во дискотека... дури игравме... Си беше човекот со друштво, јас со друго друштво, ама бевме едно до друго во гужвата. Шок го мана Остана на тоа ... Сум кркала корпи, и горда сум на нив
на факс обично коментираат за тоа што го учиш ако сакаат да започнат разговор иако еднаш ми се има и десено една да ми каже знаеш јас имам дечко (што беше неуспешно и кажав ОК) иначе по клубови и на тиндер/онлајн ако се ставаат тоа го прават на странци, правев експеримент со фејк профили на тиндер и ако си странец независно од изглед некој ти се ставаат до тој степен што ако им понудиш да те посетат во хотелот одма ти даваат моб за да се договорите на whatsapp/вибер (имам некој скриншотови од тој експеримент али не би ги објавил никогаш) едит: ќе заборавев по клубови има и жени што го удриле зидот на својата репродуктивна вредност што бараат наивни мажулиња за да пробаат втора шанса...имаат започнувано разговор и такви обично ако не се премногу дирекни знаат како да зборат, али ако ти им се ставиш се епски крипи, баш вчера имав неверојатно крипи искуство со девојка што беше околу 35 дека непознав од далеку дека е постара
и за секс туризам(странци што собрале за виз аир да одат во трето рангирани земји) и за/thousand cock stare, се е само предложен фрејм што секој може да го проба и да види како ќе се вклопи со она што се случува околу него. во врска со темата, немам ништо против жени што се ставаат дирекно, имам против горе наведените појави што се совпаѓаат совршено со она што се случува со модерно општество, и против цензурата кога некој ќе проба да ги посочи ваквите настрани појави мислам дека жени треба да се ставаат, мислам дека индирекно е подобро дека знаат да бидат чудни кога ќе пријдат дирено се надевам дека никој модератор нема да ми го искасапи постов до тој степен што ќе ја загуби изворната смисла...дека го прават тоа понекогаш
Не, не сум приоѓала. Ако некој ми пријдел, веднаш сум давала до знаење дали може или не може,не сум заобиколувала. Некогаш сум знаела да бидам многу дирекна, па отпосле ми било малку криво,ама тоа е што е.... Сум зборувала и на други теми, проводот во дискотека не сум го гледала во мување и лапање со машки. Сакав да се забавувам со друштво,седенки,смеење,пијачки,муабети, окапување до сабајле со друштвото... Многу сум мразела кога некои девојчиња искачаа стрикно за да се излапаат или сексаат со некој. Зошто тоа во најубавите тинејџерски години,на кои никогаш не можеш да се вратиш назат, тие седенки и глупости не се доживуваат секогаш... Сум имала еден дечко, не можам ни така да го наречам оти ништо посебно не се деси, само физички беше солиден, друго ништо и сопругот, а другите биле одбиени. И двајцата сами ми пријдоа, едниот во дискотека, а мм ми се јави на телефон , почнавме муабети без да го знам физички, а заврши со брак.
Првиот пат кога прва пријдов на еден беше во осмо одделение, и толку јака корпа добив и понижување до ден денес имам проблеми со самодоверба. Вториот пат кога се осудив да пријдам на дечко беше во втора година и тоа беше мојата најдобра одлука до сега. Од тогаш сме заедно веќе 4 години . Инаку, јас сум за тоа девојки да пристапуваат први и сега да би била сингл ако ми се допаѓа некој дефинитивно би го направила првиот чекор. Само што пред тоа би проценила дали карактерно таа личност е стабилна и зрела да може да даде нормален одговор без разлика дали е заинтересиран или не, со деца во паметот не сакам да си имам работа.
Не сум се пуштала директно и јасно,ама многу пати пуштав водичка,флертување,галкање, скокотливи муабети и другата страна веќе знаеше дека ако проба нешто, нема да е одбиен. Сепак повеќе ми годело кога машкото ќе превземе ситуација и прв почнува.
Скоро сите сами приоѓале. Јас секако знам да покажам кога некој ме интересира,да го подбуцнам,ама прва немам приоѓано,иако е супер кој може и знае како. Смотана сум си малку за тоа.
На денешниве девојки едноставно машко не смее да им пријде, многу ми се некако во денешно време зашеметени и многу се понашаат ладно кон машките (ко да сме чудаци некои од марс паднати) а замисли па да и се пушташ од што ти се свиѓа...Па ќе те спушти на такво ниво шо ни сам нема да си поверуваш. И кажувате после како Дечкото морал да пријде прв на Женската, објаснете како кога е невозможно со некои или поточно кажано повеќето...?! За жал таква е нашава околина, еве накратко според моја гледна точка..