Не е само да и пријдеш, туку како ќе и пријдеш. Не само денешните девојчињ,туку и машките се отидени за никаде,немаат ни К од кавалерсво и култура. Баш на работа едни деца, немаа повеќе од 24 години, бевме во лифт, абе нозе ке испокршеа , ги испобуткаа едни девојчиња, а и мене за да излезат први. И од нив очекувате да знаат да пријдат на женскои да не добијат корпа? 90 % се такви , ретко да видам младо момче ,а да биде културно и да знае да се однесува, особено со женско.
Како што има мажи кретени, исто има и жени. Се е до културата на поединецот. Поработете на техниката за пуштање, не знам случај некој најкултурно да се има пуштено на некоја а притоа да биде направен партал.
Не се сложувам со коментарот во потполна смисла. Чест на исклучоци, ама секако дека има и од едната и од другата страна и културни и некултурни, ама женскиве ептен се прават као "знаеш ли која сум јас, која сум со него да идам на кафе пхахахахах" а притоа ќе си најде после некоја будала која шо ќе ја уфилма до лудило, ќе ја излаже со некои "машки финти" (ја сум ваков, јас имам ова, јас имам она, јас ваму сум бил) ќе ја уфилма до лудило, и ќе ја искористи и после два месеца одење ќе си најде друга овој, после оваа низ цел град ќе збори сите машки се исти ќе ми зборат... Ви се молам женски, ама ова е вистината во потполна смисла....
Нема Љубов и Почит во денешно време, како што имало пред 20 години, има само Материјалности и Материјалности... Сфатете!!!
Одредени машки , немоќта да придобијат некое женско ја затскриваат зад тоа "најде еден со пари,со јака кола и.т.н".... Е драги мои машки, не е се во тоа.... Има мажи кои знаат да те ќарат со поглед, со насмевка,со еден муабет, со еден најмал гест,ама ако знае како и ако знае да избере време и место. Познавам многу машки без јака кола и пари , а ги имаат најјаките девојки во градот, вероватно до нешто друго ќе да е. Не велам дека нема уфилмани и безобразни девојчиња, ама тие најчесто се сами....
Не гледам ништо лошо во тоа девојка прва да пријде или машко. Сум пришол прв, ме одбиле. Ми пришле први, сум одбил. И во двата случаи немаше некое чкљ пуштање да кажам. Едноставно не сме се погодиле и тоа е тоа. Друго, не значи дека ако е женско да седи како Мона Лиза и да чека да и пријдат. Моето мислење е, ако нешто или некого сакаш или посакуваш земи си го сам/сама.
Сите храбри што сте биле ве излајкнував Јас сум пристапила прва, epic failure беше тоа. Јас едноставно не знам да флертувам, се кочам, не знам што да кажам, па најчесто нервозно се смеам и лупам некоја глупост од гигантски размери. Уште срам ми е овде (иако е анонимно) да споделам каква глупост направив И не само прва да пристапам, ми се пуштаат цело време луѓе, ама тешко дрво е во прашање Колку само пати ќе ми пристапи некој, ќе се укочам па ќе си замине фино лепо. На обично здраво мојот мозок одговара со error 404, Not Found Да доловам сликовито како делувам: Тешко мене
Ме изнасмеа бе девојче Опушти се барем кога ти приоѓаат. Обични смртници се. Замисли ги во вц, како вршат голема нужда... ич нема да ти биде незгодно
Јас и опуштеност сме два различни термини, понапето и поживчано човече од мене нема Кога сум чил, другаркиве ме зезаат, што ти е, мислат некоја неизлечлива болест ме има фатено Што да правам таков човек сум, ептен се срамам на почеток, ама еднаш кога ќе се опуштам сум Ако соберам храброст ќе ги напишам моите кратки хорор приказни, секогаш кога ги кажувам во друштво солзи им течат на другариве. Еднаш ми се има случено да ми речат добро аман да не треба да ти нацртам дека ми се свиѓаш, јас на тоа почнав за ликовна уметност да зборувам, до импресионисти стигнавме Е до толку е работава стигната
Искрено... ова ми е симпатично Да бев јас ко него/нејзе, ќе ти ја затнев устата со бакнеж... Па после ќе те прашав дали можеш да насликаш што почувствува? Извини.. така ми дојде
@KateKane уште не можам да се соземам од смеење. Не се усреќавај толку. Сите сме имале и ќе имаме некои киксови.
Се што треба да знаете за мене и приоѓањата е случкава: Ми пријде момче и подаде рака за да се запознаеме, а јас на тоа му подадов телефон и му реков: Сликај не (мене и другарката). Се окезив, штракна со блицот и си замина зачуден Инаку другар на другарка ми беше и и имал кажано претходно дека му се допаѓам, па таа го охрабрила да ми пријде. Се смееше со солзи другарка ми за ова А јас да пријдам мислам дека нема потреба затоа што ќе ме има на скриена камера, гарантирам
Да,сум пуштила вода прва... Да не беше така мислам дека се уште ќе бевме на ниво 0. Ама колку беше одамна тоа,човече....
Сум пришла прва,во 90% од случаите...И нема ношто лошо во тоа.Не ме прави ни мене лесна(иако еднаш така бев сфатена ),ниту машкото губи од машкоста.Па ако не сум прозборела немало ништо никогаш да биде.Мојот прв дечко,па секој ден идел на училиште да ме гледа( детски работи ),Ако јас не му пишев прва,никогаш немаше да ми биде дечко и да имам убави спoмени од првата љубов. Еднаш ми се допадна едно машко премногу...Бевме на забава на плажа,стоеше на шанк.Сфатив дека ако не му пријдам,никогаш нема да дознаам кој е.Флертував храбро,и супер беше.Не ми падна круната,уште ми е на глава Не се случи подоцна ништо меѓу нас,ама драго ми е што ми е познаник. Убаво е да ти пријде некој,па зошто на некој да не му го разубавиме животот. П.С.Мислам дека машките ги ценат оние девојки кои имаат тврд став и не чекаат принц,туку сами се херои