Впечатокот ти е погрешен. Баш се машките посигурни кога ќе им пријде девојката прва, од аспект дека нема плашење дали и се допаѓа на девојката па ќе го одбие одма од прва. Меѓутоа па и не значи дека машкото треба сега да биде со таа девојка ако таа него не му се допаѓа, секако ќе треба да најде културен начин тоа да и го дтави до знаење.
Апсолутно би се согласил и јас и би додал дека и шансите за успех се поголеми во случај кога приога девојката прва
Колку е лесно да се обвинат девојките а машките како невини "ние приоѓаме и корпи јадиме аман сожалете не ние кутри душички".. Имало случаеви кога машко индиректно ми давал до знаење дека му се допаѓам, погледи, нон стоп во моја близина, судрувања, насмевки итн. па сум помислила океј дечкото сигурно не знае да флертува или се срами па да му ја олеснам работата јас сум го направила првиот чекор, сум го додала на социјални мрежи, сум започнала разговор за на крајот дечкото скроз да се олади, едвај да враќа на пораки или едноставно да "исчезне". И тоа ми се случило 99% со сите на кои сум пришла прва и со никој не биднало ништо повеќе од тоа. Додека со сите машки досега со кои сум била тие први ми пристапиле, сме се спријателиле па на крајот успеало.. Така да едноставно кренав раце бидејќи сфатив дека машките кои чекаат женско да му пријде едноставно не се машки, тие се некои искомплексирани душички кои си дујат его и после изиграваат некои мажишта пред друштво како "Види ја онаа ја оком она скоком, целата се попали сама ми дојде" Мизерии стварно.
Три пати ми е десено први да пријдат, амо првиот пат сфатив за што се работи, од што беше епрем очигледно. Ради Реткоста изгледа не разбираме субтилност толку многу (барем за мене)
Ако прва пријди, би ми оставила впечаток дека е повеќе од потребното заинтересирана за мене и не би ја гледал како... како да ми храни его и да се фалам по другари.
Прва се немам пуштено. Не знам како. Ќе ми текне да почнам за компир да зборам, ќе побегне брзином светлости Не гледам никаков проблем во тоа девојките први да приоѓаат. Кој може, зошто да не бе..
Се пресрами тој, душава.. Заедно сме две години. Али она со можда су лабудови во темана, легендарно! Прснав!
Сум пробала, не успеало Мислам дека таа девојка што приоѓа прва, машките ја гледаат како очајна и слично Таков впечаток сум добила од правење муабет со другари
Епа таквите машки, ќе најдат некоја што ќути и се согласува со се' што тие ќе кажат - односно, потчинета. То е.
Прв приоѓа тој кој знае што сака и решил да го добие, машко или женско, не е важно. Ако нема кој прв да пристапи, ништо од љубовта што можела да се роди. Ништо очајно нема во пристапувањето општо како чин, но може да има во начинот на пристапување.
Изгледа се плашат од нејзината храброст да пристапува прва мислат дека ако бидат со неа таа ќе оди наоколу и ќе се пушта на секое машко и ќе ги изневерува, па вака демек оваа мирната што сами ја ќариле знаат дека им е сигурна
Сум го направила првиот чекор, не еднаш, неколку пати. Дури и со мм бев таа што почна прва. Не верувам дека помисли дека сум очајна или којзнае што, баш ми кажа дека му било интересно што за првпат некоја се осмелила да го направи првиот чекор. Кога бев тинејџерка и првите година-две на факултет бев од тие срамежливите, повлечените. Криво ми е што пропуштив некои добри момци поради тоа. Ама со тек на време се ослободив, и почнав да пристапувам прва ако бев заинтересирана за некој. Ме корпосале, ништо спектакуларно, има момци што се плашат кога девојката е доволно самоуверена да части пијачка или да почне муабет, но за среќа, не беа многу. Но не секогаш беше со намера да си фатам дечко, некогаш сакав само забава. Битното е да се најдете со момчето на иста бранова должина, и секако, да знам на што сум од старт, а не ако сум заинтересирана за нешто сериозно, да го манијачам со денови и месеци и на крај ништо да не бидне. Спојлер "I'm not used to play love's silly games turn me down or let me start" вака некако можам да го дефинирам тоа.
Многу пати ми се десило девојка да ми пријде и мислам дека не сум изреагирал како што треба ниеднаш. Сите тие приоѓања ми се само во пријатно сеќавање. Првото приоѓање кое ми се случи на некој 10+ години, едно девојче ми пријде и ми кажа дека ме сака. Јас нормално како што ме дал господ ништо не одговорив, само се вцрвив како патлиџан, сигурно девојчето многу се покаја што ми пријде. Ништо поарен не бев ни кога начукав повеќе години, добро се сеќавам на една девојка која постојано ме провоцираше, изгледа не ја поколеба одма мојата срамежливост, фалеше уште да ме фати на сила да ме легне. Друго искуство кое добро се сеќавам е во салон на VIP кога влегов да ја надополнам мојата при пејд сметка, ми се насмеа и ми кажа дека ми го знае тел. број. Навистина бројот беше тој, изгледа го научила напамет и само чекала да дојдам пак. Не знаев како да изреагирам. Влегов повторно по неколку дена овој пат спремен и решен јас да го направам првиот чекор но девојката ме обесхрабри, се однесуваше ладно од почеток, како да не ме познава и одма ме предомисли да го спроведам мојот план. Ете ова се само дел од моите тажни искуства со приоѓањата од женска страна, Ми остануваше само отпосле да си ги повторам во себе стиховите на песната од Леб и Сол, Правих се ријечи увјек касно сетим, Одговор знам кад останем сам...
Кога би ми пришла, веднаш би почнале комуникација. Не значи дека секогаш мора секс да биде причината (леле ако му пријдам ќе мисли сакам да му дадам /|\ леле ми приоѓа девојка, сигурно сака да ми даде)...