Вака сега јас скоро му признав на тој што ми се допаѓаше многу малку се познававме само се имаме видено неколку пати не си ги знаевме ни имињата. Тој е од друг град доаѓаше т.е работеше кај што работам и јас но само шо го приметив тој престана да работи тука и јас морав да го најдам и да знаам дали имало шанси и взаемно допаѓање зашто јас така чувствував. НекАко најдов како се вика го најдов на инстаграм го побарав ме прифати му пишав прва и дали ме знае и откако се сети која сум го прашувам дали му е чудно шо јас му пишувам вика не му било воопшто,дали му сметам вика не и се кратки одговори. Сега му кажувам дека очигледно сум заинтересирана за него и дака само сакам да знам има ли некакви шанси и шо мисли во врска со ова и не ми одговори воопшто ништо.значи зошто не пиши еј зафатен сум еј не сум заинтересиран не си троши време или што било тој ништо не пишува и ме држи во неизвесност а јас не сака да погодувам и да читам мисли директна сум и сакам да бидат директни најмногу мразам вака без одговор
Си се нашла со сличен женски мозок (каде што треба да литаш мисли) или е зафатен или друго има на ум па не му е до врски, друго нема.
Двајцата сме доволно возрасни не знам што е толку проблем некому кој ете се охрабрил да биде директен и да признае чувства да му дадеш до знаење дали има шанси или не или шо и да е ама каков и да е коментар. Значи ме излудува шо немам никаков одговор јас сум спремна и на негативен,пр. зафатен сум не сум заинтересиран ама вака ептен глупо се осеќам
Спреми одговор кога ќе биде он спремен ти да му дадеш корпа, после неколку недели верувам ќе те бара но најверојатно за тебе ќе биде касно.( те чува како резерва)
Не знам дали е глуп и се прави важен сега или навистина е неписмен не знае како да се изјасни без разлика дали е позитивно или негативно
До сега кога и да сум пришла прва и сум покажала поголем интерес сум се покајала. Веднаш си ги креваат акциите до плафон, враќаат после неколку саати, а што е најстрашно не пишуваат ниту Еј, извини што ти враќам дури сега. А верувам дека доколку почекав можеби друг ќе бил муабетот. Едноставно мислат дека не треба да се трудат кога веќе ти си заинтересирана за нив. А да не зборам дека во моментот кога ќе станеш ладен, наеднаш стануваш предизвик за нив. Сум имала навистина доста вакви примери, не пишувам од памет или од 1-2 случувања.
И како се справуваш со нив, како ги гледаш, како постапуваш,можеш ли да кажеш некоја смешна ситуација ??? Камо мене таква среќа по втор пат !!!
Мене ми се има случено неколку пати девојка прва да ми направи муабет или пише и тоа лично го почитувам. Мислам дека е супер за тие што сакаат да запознаваат нови личности и што немаат страв.
На форумов си за да запознаеш партнерка, маче? Сакаш да се дружиме? Еве, прва ти пристапувам, и тоа јавно.
Чекај прво да размислам како би звучело тоа кога ќе треба на луѓе да им објаснувам како сме се запознале. Тоа би било нешто вака: Тие: Како се запознавте? Јас: На форумот Femina.mk пишав дека имам почит за девојки кои приоѓаат први и таа ми пиша јавно во истата тема. Тие: Што зборуваш бе? Ај не треси глупости Јас: Еве ти линк до муабетот Тие: .... Па не звучи така лошо да ти кажам право.
Како и да е барем пробав дали можам муабет да започнам наместо да го пратам да го демнеам и да си правам филм само
Чекај да ти кажам како звучи мојата страна... Кај се запознавте Дасти? - Во Берово, во хотел Манастир. А што па таму? - Бев да видам еден другар и така.. а уствари бев да го видам членот од форумов што ми беше виртуелно другарче Џабе го потценуваш запознавањето на форуми.. Ти може некоја рандом особа ќе "запознаеш" тука ама правото запознавање е во 4 очи.. Така јас го запознав мојот.. во 4 очи. И да... прва му пишав..пред скоро 3 години