Не беше поентата да го потценам запознавањето на форум, се шегував и мислам дека како шега го сфати тоа девојката што го пиша истото на шега, мислам дека се разбравме. Ако го гледаме ова со политичка коректност, да, така ќе испадне. Се зависи кој како ќе го сфати тоа.
Немам проблем со приоѓање прва. Го сметам за најнормална работа, but..Ќе бидам искрена и ќе кажам дека комуникацијата и целата таа ситуација околу приоѓање прва, без разлика на исходот, би го направила милион пати за било која личност на светот, освен за личност со македонски менталитет Секаде тоа е нормална работа, само овде или го смета за понуда за брак или автоматски мора да си промискуитетна и нормално, креваат многу фама за една многу обична работа
Поточно Балкански менталитет. Ако им пријде девојка прва одма помислуваат на најперверзните работи. Има исклучоци, но повеќето така функционираат на целиот Балкан.
Ова само кај нас го има, во другите европски држави е сосема нормално женско да пријде на машко, само овие нашиве глумат принцезички недопирливи.
сите ке речат не е битно кој прв пришол али секад кога јас сум пришла ме откачиле и не ѕавршило добро. може и нема врска тоа али јас така гледам од мое искство, а иначе секое машко сака оно да се труди да те брка да си му интересна, а не лесна и достапна. а иначе не е битно кај си се запознал и како.
@DushkoFH Јас имам приоѓано прва, па мислам дека мажите се принцови на кои им се рони и бисерот и егото, кога ќе видат дека девојката е похрабра од нив
@Animali јасно ми е, ве има и такви кои си немате проблеми со приоѓање и секоја ви чест, но ретки сте, и мене стварно не би ми паднало егото ако женска ми пријде прва, знам дека има и такви на кои им е чудно како женската им приоѓа прва, па после се губат во простор, ама не се согласувам во потполно со одговорот, женските се многу многу недопирливи во овој случај и ако некое машко и’ пријде го одеебуваат на некој начин така што мислат дека е манијак и автоматски имаат некои лоши мисли во глава или што знам пребираат такви вакви евентуално и после се жалат како машките не биле џентлмени затоа што не им приоѓале први и кога ќе видат дека женска им приоѓа прва им се руши се и такви работи, епа верувај дека не ни е лесно ни нас со женските од една страна, јас вака ги имам сфатено работите со повеќето од нив и тоа ме нервира.
Сум пристапила прва, ама секогаш претходно имало знак некој дека може да ми се возврати. Не би направила прв чекор ако со дечкото немам никаква комуникација или па ако гледам дека не е заинтересиран. И кај машките ми е бесмислено ако се пуштаат на некоја што не дава никаков фидбек па уште и се лутат што девојката глуми недопирлива.
Можеби на машките некогаш им е смачено од иницијатива и константно барање на девојките. Без разлика на се, многу повеќе ќе ве сакаме ако некогаш вие предложите нешто на нас, место за кафе, театар, итн. Затоа што ако ние постојано ја туркаме врската, тогаш колата ќе замине низ брдо а и ние сосе неа. Желбата е пред се пресудна
Повеќето не знаете ни контакт како да остварите. Ако зјапаш манијачки цела вечер, жалам ама на добар пат не си. Улетувате со некои ретардирани пик ап фрази, да не знае човек дали да се смее или да плаче. Праќате пиење - ако го земат се осеќате дека ви дужат нешто отпосле, ако не го прифатат пиењето - дигнати кучки се. Да се труснеш на маса со 5 6 девојчиња и да очекуваш да бидат ок со тоа, пак си утнал. Катастрофа.
Се уште постојат машки кои праќаат пијачки на девојки? Немој да ме јебеш бре, колку е ниско тоа. Мислам, безвеза. Напрај си културен муабет со чупето - ако гледаш дека има шанса, зграби ја, ако не - одби и то је то. Нема тука филозофија.
Ало цуро, се слушаш што зборуваш или ти не си во тренд, за какво праќање пијачки зборуваш ти се молам, па тоа веќе ниту по селата го нема, ниту никаде, туку само лупеташ глупости.. А кажи ми ти мене како треба да се пуштаме правилно на женските според тебе, нели за да не излеземе “сељаци” треба ретардирани да изиграваме, да ве лажеме дека тоа имаме ова имаме а? Еве јас сум сосема нормален дечко и нормално се однесувам со сите женски, но од тие неколку на кои и се имам пуштано (најнормално) љубовта не ми ја возвратиле зошто се дигаат премногу, туку вие таквите што си глумите као принцезички тоа е друга работа и не терате далеку до целта која ја имате зацртано.. Секоја чест на девојчињата кои се сосема нормални и знам дека ги има постојат! А ако не сте заинтересирани за машки кои ви се пуштаат најнормално и сакаат да стапат во некаков контакт и ве свиѓаат, а вие фино им лупате корпи и се праите као недопирливи, па што не се полезбачите со тоа вашите другарки со кои и така нон стоп се бакнувате за на инста, фб, лежите, спиете заедно во ист кревет и ред др работи кој знае што ли правите.. Ајде сега објасни ми каков муабет треба да прави едно машко за да има шанси да ја фати, да се пофали дека има 2 BMW-иња и едно Ауди, фирма, по некое станче у аеродром, по некоја викендичка на страна, тоа ли е тоа што секоја женска го сака од машкото? Ако е тоа, вие таквите не заслужувате ЉУБОВ од нас машките!!!
Со ваков муабет и став јас со стапче не би те пипнала дечко. Спушти се на земја од измислените морални височини, не треба да си недопирлива за да бегаш од ваква некултура и заостанати ставови, само треба да си со просечна интелигенција и критериуми за какво ниво заслужуваш.
Ме додаде една на фб. Ја прифатив. Мона Лиза изгледа чекала јас да и пишам па да почнеме со муабет. Утредента ме избришала. Ми направила само услуга.
Ваквите како тебе подобро воопшто и да не излегуваат од дома. Аха значи жените се материјалисти. Од око ќе те чита некоја колку нули имаш на сметката. Фрустрации чисти од твоја страа Сите што потенцираат дека се нормални, јасно е дека не се, Низ долж примери се има покажано. Ете го тоа, дигнати се. Твоето височество и покрај милионите неуспени обиди не се запрашало, да увиди дека грешката е во него, а не во околината. Можеби едноставо немаш ништо да понудиш од никој аспект, тоа е мојата процена за тебе. мммммммммммммм. Може. Мора многу да те боли фактот што некоја пре би била со другарка отколку со тебе. Јбг то е. мммммммммммм вистина. Еве го пак спонзорството и фрустрациите. Многу галамиш како за некој што нема ништо од погоре споменатите ствари, дури и повеќе од нив. Штета. Ај повеќе среќа во наредниот живот, може ќе упецаш нешто.