Еднаш се живее.Ако ми се допаѓаш ќе ти пријдам и ќе бидам на чисто.Ќе знам дали да имам надеж или не,па немаме толкууууу ногу време...
Не ми иде мене со водички пуштање, место да му дадам до знаење дека ми се допаѓа и да ме викне на кафе, тој сфати дека е глуп Претходно директно сум кажувала, некогаш успевало, некогаш не. Ама откако се здобив со депресијата таа директност се намали и работите кон полошо ги носам барем така осеќам. Ако има некоја желба да ме научи за водичките би било добро Сепак мислам дека прво ќе треба да ја преболам ситуацијава па после да се впуштам во некоја авантура.
Па не сум личност што би притискала некого, знам колку лошо може да биде тоа. Само сакав да кажам колку е битен муабетот што ќе го направиш и да не те сфати така погрешно. Можеби не сум доволно опуштена поради депресијата, заради тоа што постојано се критикувам за нешто, сепак мислам дека овој проблем прво треба да се реши па после на другото да мислам.
Да, ако сама не се средиш и не се засакаш и прифатиш вистински не би можела толку лесно да се впуштиш во врска. А во меѓувреме ако некој ти се засвиѓа, секогаш е најдобро да започнеш на пријателска база за да видиш чисто како размислува дечкото и како се однесува, не е важно само да е убав. Потоа флертот сам по себе ќе ти дојде.
Можеби ја згрешив темата, но девојки ми треба совет..се заљубив во мој другар и сакам да му признаам дека ми се допаѓа со оглед на тоа дека тој е премногу срамежлив, а моите другарки мислат дека и тој ме сака. Но работата е во тоа што се плашам од неговата реакција, речиси 2 месеци не се имаме видено (од различни градови сме), а и сега ретко се допишуваме па мислам дека веќе заборавил на мене што да правам?
Мене ми е баш симпатично и ми е на некој начин знак за изградена и самоуверена личност, освен оние со став "Hi, entertain me."
После правењето на првипт чекор дури и да те одбиат чуството е прекрасно.Направи го тоа.Ти посакувам среќа.
Здраво девојки, не знам од каде да почнам но еве вака Пред година дена запознав едно детенце околу 25 26 години "детенце", дури пред 2 дена дознав како се вика, го додадов секаде и ме прифати, но ете сега не знам дали има девојка или не Прашањето ми е премногу ми се допаѓа, нема шанси тој да го направи првиот чекор, јас не знам што да правам бидејќи не сум сигурна дали е на црно што се вели или не е , ваш совет?
Зошто да не го направиш првиот чекор? Пиши му и види како ќе реагира па ќе одлучиш што понатака. Многу ме нервираат девојки кои чекаат машкото прво да им пријде.
А бе што е битно кој прв приоѓа, само важно е да постои искра. Сеа стварно е глупо да му пристапиш на некој којшто апла се гледа дека не си му интересна и да велиш тој не сака девојки бла бла бла. Истото важи и за момците од типот на батката @DushkoFH кој вели дека ние девојките не сме биле заинтересирани за машки. Па дечко, ти сигурно нема да уловиш некоја, ако не ти е битно која е, само девојка да е. Имам другар таков случај и буквално не го интересира дали девојката му дала знак или не, и одма почнува со аднување на социјални мрежи, со ѕвонење на телефон. Уште истиот момент кога ја заппознава девојката, ја прашува за дејт. И после девојките не сакале момци, дигнати биле или не знам шо. А бе треба прво да ја опипаш ситуацијата. Откаде знаеш дека таа сака такви ко тебе.
Ако имате заеднички пријатели договори некое излегување. Па таму би требало да видиш дали е заинтересиран. Ако не, пиши му, прашај го дали е слободен. Не е толку тешко. Да, срам ти е, мислиш дека ќе се избрукаш, ама еве, што може да се случи? Да те откачи, или да прифати. Ако те откачи, тој губи, ако прифати, двајцата добивате.
Не се нервирај, и таков исход е подеднакво нормален како и позитивниот. Еден ден оваа дешавка ќе те смее