Здраво девојки, нов сум на форумов па сакам да ве прашам за тоа како размислувате на оваа тема Колку можете да одолеете на “забранетете“ работи? и колку лесно се впуштате во нешто кое што знаете дека ви е “забрането“ и дека не треба да го правите? Еве јас ќе кажам за мене. Во врска сум 3 години, но понекогаш неможам да одолеам на некои ситуации... Тоа обично се случува кога на пример ќе запознаам некоја девојка која што сексуално ме привлекува и почнувам со флерт се додека не го добијам тоа што го барам... имаме односи еднаш или така одреден временски период и тука завршува приказната.... знам дека тоа не треба да го правам и дека не е фер спрема девојками со која што супер ни оди... но едностано се случува. П.С знам дека форумов е наменет пред се за девојки. но се зачленив за да размениме некои мислења и совети од двете страни, секако доколку ме прифатите
Прекрасно ви оди со девојка ти, штом не можеш да контролираш и ја вараш наоколу. Некои работи, и да ти е дозволено, од почит кон некого не се прават.
А што ако дознаеш дека и таа тебе ти го прави истото? Како ќе реагираш? Како ќе се чувствуваш пред се? Како идиот? Како искористено магаре? М?
Јас да сум на местото на девојката би ти пукнала шамар и би те отерала у пичку матер па оди изеби се со цел град ако сакаш. Ми се згрозува од таквите машки.
И да беше твојата девојка на твое место до сега ќе беше позната кај сите твои познаници или другари како ку*ва или девојка за една вечер, зар не? А ти сега 'фраеру' не се мислиш себеси за машка ку*ва? Или се гордееш со себеси дека имаш повеќе девојки поминато? ДЕВОЈКИ ЧУВАЈТЕ СЕ ОД ВАКВИ!
Ја разбирам потребата за нешто ново и различно. Возбудата е поголема отколку со сталниот партнер. Меѓутоа тоа е доказ дека не си со вистинскиот/вистинската. Ми се случувало ова и на мене, дури дојдов до степен да се мразам себе си. За среќа се соочив со проблемот превземав мерки. Не би можела цел живот да живеам со "костури во плакарот".
ма ти се молам не си можел да одолееш ....што ако и твојата девојка не може да одолее на некој кој сексуално ја привлекува тогаш шо прајме .....ила курва е таа ?? Како ке се осеќаш тогаш ти господине (е******* ) ова не е нормално, И се надевам дека еден ден ке го добиеш тоа што го бараш МАГАРЕ
Аман бе па зошто забранети? Раскини и на девојка ти после оди со која сакаш, оти очигледно не си тип за врски. Не го маткај девојчето за џабе. Несакам да мешам овој или оној ќе ми простиш но како ќе се чуствуваш ако дознаеш дека некој ова и го прави на твојата сестра, братучедка или утре другден недај боже ќерка? Ќе одиш главата да му ја скршиш? Знаеш како велат не прави го тоа што несакаш да ти го прават, а еден ден се се враќа. И мене ќе ми е послатко ако сум на диета оваа недела да јадам слатки но ова твоето неможе да се споредува со ништо. И немој да се лутиш/буниш како сме те нападнале, сигурно подршка не очекуваше за ваквата ситуација? А се кладам дека пред девојка ти си дечко кој никогаш не би изневерил, нели?
Очекував вакви коментари, поголемиот дел од критиките се издржани... ама изгледа кога ја започнав темава не се изразив во целост... муабетот ми беше како да се прекине сето тоа, затоа што девојками стварно ми е битна ама тоа како да посилно мене прашањето ми беше дали некој бил во слична ситуација и како да се избегне истата... затоа што верувајте не е баш така лесно. јас сум се анализирал самиот себеси и ситуацијава и доаѓам до заклучок дека мора да е ова некоја психолошка состојба од која што не го гледам излезот... а така цел живот неможе да се тера
Знаеш што ? Ееее од таквите како тебе си патиме ! Срам не ти е ? не чувствуваш никаква вина никаква грижа на совест ?.. Кога тогаш посакувам твојата девојка да дознае за твоите подлости и да те прати у пм !
Значи ако не можош самиот да се справиш со овај проблем ке си побараш помош пошто ова стварно не е нормално....Има институци ке се обратиш таму ако е до толку сериозно и престани да ја вараш наоколу девојката пошто не го заслужва ова што му го правиш стварно
Имам учено за секакви психолошки растројства и состојби ама ова твоето не спаѓа никаде. Кога ќе ја изгубиш девојка ти ке сфатиш колку многу ти значела а до тогаш ти подебавај се кога си глупак.
Какви институции, какви психијатри, растројства... Ќе си помисли дечково дека стварно нешто не е во ред со него. Сите машки ја прележале оваа "болест", обично кога се помали, а не е реткост и на постари години. Кој, како го има фатено. Ама кај 99% со тек на време поминува. Моли се да не си од тој 1%. Тие се најлоши. Во меѓувреме раскини со девојка ти, греота е, колку и да ја сакаш и ти значи, џабе е. Додека не се изживееш, и Лима да ти е девојка ќе ти мрда опавчето. Непишано правило.
Чим сум ја пишал состојбава овдека, значи свесен сум за проблемов, свесен сум и дека девојками не го заслужува тоа и дека така неможе цело време да се тера... ќе направам напор да се променам па ќе видам како ќе ми оди, а највеќе сакам да успеам во тоа да го поминам овој период кој што трае веќе 4-5 години... инаку темава ја отворив за да се споделат размислувања искуства и некој ако знае некое решение за ова, а не одма да се констатира дека е неопходна помош од иснтитуција или слични глупости
Ова го правиш 4-5 години и мислиш дека не ти е потребна помош или слични глупости...извини не сакам да те навредам ама стварно треба што побрзо да го решиш овај проблем и не е период туку ГОДИНИ се во прашање.Не знак како можи до толку да си без чуствителен не знамм