1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девојки (Girls)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Shana, 20 април 2012.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Серијава тукушто имаше премиера во Америка, на 15 Април. Се работи за млади девојки, во своите 20ти години и прикзните како тие се снаоѓаат во Њу Јорк. Тоа е генерација на девојки кои израснале со Сексот и Градот, гледајќи ја Кери Бредшо и нејзините Манолос но девојкиве немаат ниту пари, ниту богати момчиња. НВО продукција, серијата ветува па ке видиме што ке се случи.

    http://www.imdb.com/title/tt1723816/

    Торент од првата епизода

    http://eztv.it/ep/34706/girls-s01e01-hdtv-x264-asap/
     

    Прикачени фајлови:

    • Girls.jpg
      Girls.jpg
      Големина на фајлот:
      20,6 KB
      Прегледи:
      362
  2. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Ајде баш да видиме што ќе биде ова :)
    Смачено ми е од оние богати девојки, купуваат сe' што сакаат, шмизли, па секогаш има една грда на крај што станува убава па најголемиот фраер ќе се заљуби во нејзе бла блаа..... Се надевам овој е малце поразличен, сеа ќе го симнам па ќе пишам дали ми се допаднал :D
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Има премногу позитивни критки секаде кај што читав се збореше се во суперлативи.
    Јас па немам такво мислење.
    Ги гледав првите 4 епизоди и едноставно неможев повеќе.
    Знам дека многумина ја гледаат и ја споредуваат со сексот и градот, но мене некако таа замиисла не ми има логика. На критичарите им се допаѓа веројатно т.е сигурно бидејќи е многу реална и ја опишува вистинска слика на девојките во Њу Јорк.
    Но мене ми е некако празна, како и да фали нешто. Пресива ми е, на моменти досадна. Немаше во тие 4ри епизоди ни едно нешто ни да ме насмае, не да ме замисли, ни да ма "поучи".
    И глумата ми незадоволителна.
    Lena Dunham, т.е Хана ми има некако мутава фаца.
    Можеби со малку подбар кастинг би дошле до истакнување на замислата, и дефинитивно Лена треба да поработи на интензтетот на сценариото, ништо не се промени во неколкуте епизоди што ги гледав, само се тапкаше во место.
    И можеле да најдат некој малку пошармантен од Адам, кам он типот нема трошка шарм ни харизма.
    Препостаувам дека не и било целта да биде уште една бледа копија на Сексот и градот, ама нема ни една комична сцена да те насмее од срце, добро океј, не е животот розев, we got that, ама не е се до толку сиво мајку ми да биде цела серија депресија.
    [​IMG]
     
    На Shoshanna и Sara123 им се допаѓа ова.
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Ја гледав првата епизода и не ми беше ништо посебно. Не верувам дека ќе трае долго, мислам дека првата епизода треба да биде спектакуларна за да предизвика гледаност, а вака, што ако е од HBO, кога ниту К нема од Комедија. Ќе и дадам шанса уште 2-3 епизоди, ако не може да влезе во списокот на серии кои не би ги гледала.
     
  5. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Малце повеќе од депресивна и досадна серија ...Некако ликовите не им се доизгадени ..Светлото им е крш како да гледам некоја серија од 70 -тите ..
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Jemima Kirke.
    [​IMG]
    Единствено поради неа би ја гледала серијата.
    Ми се допаѓа како лик и општо како актерка.
    Од прва ми стана интересна серијата, ја фатив на HBO, па ја изнајмив и се разочарав.
    Марни ми зрачи од убавина. Таа девојка е сон.
    Ама од друга страна иритацијата која ми ја предизвикуваат Хана и Адам е пресилна за да продолжам да ја гледам. Едноставно ми причинуваат гадење тие двајца.
     
    На MissPagane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Shoshanna

    Shoshanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Очекував мнооооогу повеќе. Барем со две награди на Глобусиве. Ја изгледав цела прва сезона и 5 епизоди од 2рата сезона со надеж дека ќе навлезам во поентава , ама некако тешко :| . По се изгледа засега само имево ми остана в’ум - Shoshanna :D
     
  8. cato

    cato Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Секс, секс, секс... Тоа е целата серија (барем во првите 5 епизоди што ги изгледав вечерва). Има малку и љубов, но доста чудна, а тој дел можеби беше и најинтересен во првите епизоди. Претставуваш генерација и живот во Њујорк (каде сака нека е) само преку секс. Па и во Californication се подобро поставени работите. Таму го имаш Хенк кој што се глупира до посерување, таа серија и има за цел да биде таква, но сепак имаш некој антипод на сето тоа. Ја имаш врската со неговата поранешна жена, преку неговата борба да ја поврати гледаш и обид за нормализирање на работите, ако не друго барем има еден лик кај кој се не почнува и не завршува со секс (мислам на жена му).

    Ваму нема такво нешто. Прогресивната млада авторка има некој партнер со кој не се во врска (љубовна), но тој не смеел да има секс со други?!?! Целата серија е на ваков искривен морал. Ако се бориш за рушење на табуа, ако не го признаваш традиционалниот морал и сакаш да изградиш нешто друго, што според тебе ќе биде повеќе рационално, тогаш оди до крај, биди таа неморална и навлечи го гневот, а не постепено да градиш слика дека сепак не си ти (толку?) неморална и да се оправдуваш. Тука не се работи за нејзино барање, за нејзина борба, страдање, искушение околу изборот. Нема ништо од тоа во серијата. Раскољников бараше оправдување за да ја убие бабичката, но беше свесен дека тоа е погрешно. :)

    За единствените вљубени во серијата и сексот:
    Нели е сексот последниот чин од љубовта каде што двајцата партнери се препуштаат целосно еден на друг?! Сексот е дел од врската, љубовта, а не е причина поради која љубовта продолжува или прекинува. Не е тоа само техничка дисциплина која се учи, тој треба најмногу да се заснива на емоции и взаемно давање. Ваму нема такво нешто. Цимерката на Хана/Лена е многу вљубена во нејзиниот дечко, плачеше кога овој сакаше да и раскине, но, сепак, кај неа преовладува незадоволство од сексот со него и му раскинува, сетоа тоа се случува во една епизода. Всушност, таа како за време на четири годишна врска да била со некој странец, за неа некој далечен, а не еден од најблиските луѓе во нејзинот живот во кого четири години е вљубена, па останале толку далечни кога е сексот во прашање. Ова повеќе ми личи на двајца кога ќе ги венчаат поради некаков договор, а овие не се ни знаеле, па никогаш и не можеле да се отворат еден кон друг и да се препуштат. Но да сте заљубени четири години и да не сте отворени еден спрема друг, не ми оди...

    Секогаш се се врти околу сексот, секој со секого е поради секс и тој однос зависи најмногу (речиси единствено) од сексот. Било каде, било со кого, секс секаде и со секого.

    Немам проблем со секс во литература, серија, филм. Може добро да си игра на сексот и со сексот. Но, не можеш сексот да ти е основа на се. Авторката ме потсеќа на дете кое ќе земе камен и ќе скрши прозор, само за да предизвика некаква реакција... тогаш суштината се губи.

    Женски Буковски... А бе ајде... Нема вакво нешто кај Буковски или Фанте... Не е работава само да имаш главен лик кој сака да напише книге, да се издрогира/напие, малку секс и си завршил работа, си станал нов Буковски или Фанте...

    П.С. Всушност, најголем проблем кај жените е што сакаат да станат како мажите. И го прифаќаат токму онаа што претходно со генерации го презирале кај спротивниот пол. :)
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.