Како сака нека ме гледа, не смее да посегне по мене, ме разбираш? Ако имам секс со дечко ми, и на сред секс не сакам повеќе и му кажам, мора да престане. Не значи не, како сакаш мењај ги ситуациите. Во брак мажот не смее да ме допре ако кажам не, а ме гледа гола, толку е просто.
Има разлика меѓу силување и да ми простите на речников барање к*р, а верувам сите на такви провокативни слики со ци*ките на мегдан или кога ќе видите некоја во диско што е повеќе гола одколку облечена коментирате дека е ороспија, ку*ва и слично.Значи не зборам за секси облекување и истакнување атрибути (што е нормално) туку апла разголување и провоцирање што се приметува на километар што асоцира дека девојката е искочена со една намера, нормално дека тие што ќе ги одбие немаат право да ја силуваат, ама евентуално ќе си го најде тоа што го бара.
Девојките/жените имаат потполно право да се облекуваат како сакаат и да прават што сакаат и никој не смее да ги допре без нивно одобрение. Вистина е дека има доста болни умови т.е манијаци поготово навечер во Скопјево, кои прво им свиркаат, недополично им довикуваат, а кога девојките ги игнорираат стануваат понападни агресивни и посегнуваат по она најодвратното силувањето. И така после силувачот ќе биде силуван во затвор да виде како е... Ако вие девојките/жените вака сте раскарани, а не сте здружени - united никој неможе да ви помогне. Самите си се омаложувате меѓусебно бидејки таа фраза "оваа си го бара" е типичен тинејџерски идиотски израз во стилот "аaaa брат оваа изгледа го бара к***т"
@Monna.Monna во животов немам речено за некоја - курва. Нечиј сексуален живот не е моја работа. Постојат сексуални работнички кои заработуваат за живот со своите услуги. Но да коментирам така погрдно за некого? Ужас! П.С. Можам и забулена маж за секс да најдам, ако веќе тоа го барам.
Многу поубав би бил светот да имаше повеќе културни машки што вака размислуваат како тебе, а и повеќе од самите женски да се почитувавме меѓу себе, наместо да има вакви заостанати ставови какви што може да се прочитаат на темата... Секоја чест другарче, ете затоа толку те поштувам!
Ај вие што сте запнале со "сами си го бараме" ете јас ви плачев летово на форум, па кој памти памти дека ме нападна манијак. Значи облечена во долги летни панталони, маичка на кратки ракави, ништо претесно, ништо дрско и безобразно или проѕирно, скроз пристојно, и како тоа јас си го барав тоа што ме задеси? А? Еве вие да ми објасните, зошто јас очигледно не знам. Со што јас си го барав? Се враќав од чаршија, кеси во рака, 6 саат попладне, уште сонце пукаше.. и ден денеска имам трауми. 3 недели после тоа не се симнав ни до пред зграда. Дај објаснете ми како јас си го барав? Значи манијаци има. И нив не им е битно, дали си облечена или не, тие се тие што не можат да се исконтролираат. Никој нема право да ме нападне, макар шетала и гола.
Добро бе озбилни сте со мислењата дека стварно женските си го барале? Јас сум запрепастена. Зарем до толку ни е низок менталитетот? Исто ќе кажам самo: DOUBLE STANDARDS. Aко мене дечко ми прати dick pic или било каква поразголена слика дали тоа значи дека он си го бара и јас треба да одам да го силувам? Значи секој има право да си се облекува како што си сака, па макар тоа да е поразголено. Тоа не му дава право на НИКОГО да нападне некого сексуално, да допира без согласност или не дај боже да силува.
@CameliaMiller секој со своите приоритети, ама кога не си толку очигледна со барањата ќе привлечеш меѓудругите по нормално машко кое не му е за цел само да те легне и после чао пријатно, а кој друг освен сељаци неизживеани ќе тргнат по некоја што апла се гледа по што е тргната. Значи не зборам за манијаци што се лепат по се живо, или за силување за кое нема причина да се оправда, НЕ е НЕ и треба да се почитува без разлика што девојката прави и како се облекува.
Луѓе не се замарајте, уместо да интервенира директно кај што треба. Она тука ќе дели правдина. И не е нов член, виише е втора година на форумов. Ако до сега не ги научила правилата, допрва ли... Како и да е, мислам дека сака да се набилда со мислења.
Какво изопачено и неизживеано општество ќе бевте штом почнавте се во животот да толкувате низ призма на секс. Кога ќе видам девојка која не знае да се облече и фура турбофолк стил не помислувам дека е курва, туку помислувам дека нема вкус и поим од мода.
Ама која сум јас да се занимавам со на некоја девојка сексуалниот живот? Можеби таа сака некој за една вечер и кон таков некој цели? Нејзино право е со кого ќе има секс, а никако моја работа.
Да извлечеме краток и јасен заклучок: Секој има право како што сака да се облекува.... Ако некое ДЕВОЈЧЕ сака секс, фино лепо ќе си побара со збор.....Никој не е должен да кажува кој што си барал и кој како да се облекувал... Темава е глупа и само глупости се пишуваат.
Илјадници жени во Америка маршираат за своите права, а некои женски тука ќе се објаснуваат како имало девојчиња кои си го барале... Убила ме туџа срамота.
Секоја девојка има право да се однесува и облекува како сака, но тоа не му дава право на друг да посегне нешто по неа.