Ако се мисли на барање внимание, тогаш да, има такви. А ако се мисли на непосакуван секс или силување - не, нема.
Пази ситуација. Оди во дискотека женска "облечена" доле минич, горе некое крпче колку да не биде ко од мајка родена. Бара внимание, сака да ја гледаат и да биде видена, во ред. Е сега, поминува ноќта и кон неа доаѓа некој напален кој ја гледал долго време, бидејќи нели таа сакала да биде видена. И доаѓа мангупов напален, и почнува да ја замара со вулгарни комплименти, да ја части, почнуваат да играат заедно, на крај он ја поканува кај него за да имаат секс и таа прифаќа. Зошто таа ако бара само внимание не го прекинала уште кога дошол? Тука доаѓаме до заклучок дека девојката излегла со намера да има секс и не и е битно со кого. Постојат и оние кои одат така голи но немаат секс со никого, што значи не бараат ништо. Исто така постојат и оние кои се облечени пристојно, и на нив не им може никој ништо. Бидејќи at the end of the day таквото облекување со миничи е непристојно.
Темава Ако темава е за силување - Значи никој не оправдува девојчиња од 14 години да се разголуваат, но ако некој бил "испровоциран", од нејзиниот начин на облекување е само негова вина што не знае да се прибере и без совест би оставил некому таква траума, зошто таквите и жена во бурка ќе ги испровоцира. Имав пишано и во друга тема ваква ситуација: Навечер касно шета некоја девојка разголена во деколте и минич по некоја темна уличка. Поминува еден човек кој ја приметува како е облечена, но си го продолжува патот. Поминува и друг кој бил такозвано испровоциран и и се нафрла, а таа вели НЕ. Кој од овие двајцав е крив а кој нормален, може да ми кажете? Зошто читајќи ги вашиве мислења повеќе овој првиов ми изгледа ненормален, што не бил "ипровоциран".
Не се разбравме убаво, одма почна да се меша оваа со силувањето и се остало. За тоа си има посебна тема, а оваа тема нема никаква допирна точка со тоа што некој си бараат да бидат силувани, бидејќи никој сам не си бара да е силуван. Темата беше за недоличните постапки на многу девојки кои ги гледаме секој момент низ град и др институции.
Нема врска со силување, али како и да е, зборот провокација или си го бара не треба да постои. Начинот на облекување не бара. Онаа која си бара, ќе си го добие, онаа која не си бара нема да си добие. Дали се во бурка или минич, битно е во глава шо имаат и што наумиле.
Ако веќе кажуваш за недолични постапки, тогаш посочи кои се. А и ти во првото твое мислење си навела дека постоеле девојчиња што им се пуштаат на постари или се сликаат разголени. Всушност што во темава сакаш да кажеш дека "си бараат"?
Не ми се верува, колку да се пикало нос во туѓи работи. Што ви е вам гајле која како ќе се облекла, како ќе се сликала, колку била разголена. Нејзин живот, нејзини одлуки, може да оди каде сака и со кого сака и вие воопшто да немате право да судите од страна. И да ,,си го барала", што и да е тоа што си го барала, ако си го нашла, супер за неа, а ако вам не ви одговара, тоа е само ваш проблем. За rape culture не сакам да почнам, бидејќи не е темава за ова, барем се надевам дека не е.
Па не е баш така, ако сакаат стриптизети да бидат нека одат ва стриптиз бар, а на улица се знае како треба да се оди Претерааааааааааааааааааааа
Твоите очи шараа па сами си го бараа Корпичка, шарала сама си го барала Се надевам ќе ми опростат Драган и Владо за миксов, сум решила да компонирам. Има една поговорка ако кучката не мавне со опашката кучето нема да појде кај неа! Се е до начинот на кој се носи облеката но и до тоа какви луѓе ја опкружуваат, се мисли на прости нормално кои девојките ги гледаат само како парче месо, бут, гради и толку. Има наука Виктимологија која го проучува придонесот на жртвата за сторување на кривично дело. Колку и да негираме факт дека непристојно, провокативно облекување и однесување тоа шарање со очи делува поттикнувачки за силување. Шансите да силуваат девојка во минич/фустан се многу поголеми отколку девојка во панталона. Реалност е таа. Од друга страна од авион се гледа кој е манијак, прост и одма го елимираш со тоа што го игнорираш. На мене лично ви пишав претходно во темата сдк идам со фустан покласичен со соодветна должина и ете ти во институција никој ништо не рече ниту префрли дури и комплимент добив. Излегов надвор од таксисти до полицајци очи окорени, усти подзинати. Често среќавам девојки несоодветно облечени, не случајно се рекло постои дрес код кој мора да се почитува. На крај може не е во буквална смисла си го барала да ја силува или нападне ама си го барала вниманието па кога ќе и свиркаат, ќе и пристапи некој сељак пошто тие денес се похрабри нема што да се осеќа увредена, шарала сама си го баралааа.
Баш ова сакав да го пишам. Не е појаснето "што си бара". А дека некоја си бара да биде силувана, не верувам
Абе се убаво ама уште да најдевте каде пишува дека темава е за силување убаво ќе беше. Едноставно е, кај нас преовладуваат женски кои сакаат да се облекуваат непристојно и сакаат да бидат видени, а некои и сакаат секс да имаат со било кого, некои не сакаат секс ама сепак се облекуваат непристојно. Кажувањето на таквото мислење не е пикање на носот, пикање на носот е кога ќе зборувам по цел ден за тоа само.
@ivory, не пишува никаде за силување, ама кога веќе не е напишано што си бараат, на човек секако прво на тоа ќе му текне според насловот. Еве нека објасни членката на што конкретно мисли.
@fallenangel Не ми се верува. Значи јас ако излезам провокативно облечена, некој болен ме силува, јас ќе речам туф, да можев да го пријавам, ама не можам, сама си го барав, и јас имам дел од вината. Без разлика што носи девојката, има еднакво право да не биде сексуално злоупотребена. Сè додека има вакви мислења, девојките ќе треба да тресат колена кога ќе излезат во кратки сукњи. И не викајте дека тоа е нормално.
Добро, да, девојкава што ја отворила темата можеби не мислела на силување, од почеток мислењата се насочија токму кон тоа најекстремното што се подразбира под фразава (и факт е дека, за жал, дури и кога се работи за силување присутни се вакви ставови - и на соодветната тема на форумов сум ги забележала ). Ама сепак, кога ќе речеме дека некој нешто „си го барал“ и зборуваме за „провокација“ - не мислиме на нешто позитивно, туку на нешто без согласност и желба на таа личност, нели? Како и да вртиш и толкуваш, насловот со фразава и тоа баш на женскиот род така дискриминаторски упатена - звучи преглупо и примитивно, и мислам дека срам за женски форум е да стои отворена ваква тема.
Ние сме женски си имаме свои атрибути кои сакаме да ги истакнеме. Ние сме женствени,вака разголени или така закопчани до гуша си го бараме. Газот,градите облечени или голи се познаваат бидејќи сме жени. Мерлин била атрактивна жена со облини и атрибути ама не си го барала. Туку ние жените една со друга се гледаме како конкурентики па така тоа што прави твојата другарка е нејзин избор.
Ок, мислам дека за силувањето нема потреба да се спомнува бидејќи тука се сложуваме дека не треба никоја да е силувана затоа што носи кратко, освен некои. Финтата е што муабетот е сосема друг. Лошо се толкува насловот, треба да се смени.