Ниту една девојка, макар гола шетала, немате право да ја пипнете без да ви дозволи. Односно, ниту една девојка не си го барала сама. Ако не знаете да се контролирате и немате разум, има институции. Не значи не, макар сред секс да е, ако ти кажам не - престануваш. А не па да ми кажуваш дека “си го барам“ зошто вака или онака сум била облечена.
На оваа тема воопшто не треба ни да се разговара, зошто однапред се знае одговорот. Ако некој нешто "си бара" во случајов, тоа се дотичните насилници, и тоа со боринче.
Ако сакам секс со тебе ќе ти кажам, не можеш ти да претпоставиш сам и да одлучиш сам. Ако не ти е јасно прашај, не навалувај. Одсекогаш најодвратни ми биле мажите што навалуваат и кога им е јасно ставено до знаење дека не, не сакам ништо со него. Бил пијан, бил ова, бил она, ич не ми е гајле. Ако кажам не, мислам не. И нема зошто да ти објаснувам понатаму.
Пола од темиве што ги активирала пак, не ни знаев дека воопшто постојат... Во врска со девојките кои што си го бараат немам коментар... Никој ништо не бара, факт е дека и да си во тренерка/хеланка или краток фустан неизживеани морони ќе ти свиркаат па и ќе пробаат да те допрат. Еднаш еден се обиде, си доби лакт во стомак па цела вечер ми се извинуваше. Таквите никогаш нема да се сменат!
Девојче(се гледа дека си мала по размислувањето), не ја полни темава со една иста реченица која им ја реплицираш на секој еден овде, почнува на тролање да ми мириса ова. Едно е дискусија, друго е контрање кое нема никаква смисла и не ти е поткрепено со ништо. Одмори малку. Размисли убаво па врати се ако имаш да кажеш нешто што држи вода.
Дете, отвори очите, не туку гледај турски серии и не слушај тетки и други сељандури. Ако сакаш гола шетај по улица, никој нема право да те пипне. Ако те пипне треба да лежи затвор. Ти имаш слобода како сакаш да изгледаш и што сакаш да правиш, не дозволувај некој да ти ја одземе.
Одговори ми колку години сте... До пред малку се чудев зошто ти е сеуште другарка а сега се чудам каква другарка си и ти на неа. Затоа се вика,покрај вакви пријатели не ти требаат непријатели
@Incule Ама пак таа упорна, си го бараат па си го бараат. Ај, да ја разјасниме малку работата. Другарка ти доколку САКА да има секс со одреден/и маж/и и е полнолетна и тие тоа и го "даваат" тогаш е океј. Но, доколку другарка ти е ПРИСИЛЕНА од страна на одреден/и маж/и да има секс со нив, а таа НЕ го сака тоа, тогаш тоа е силување и треба да се пријави во полиција. И тука нема врска дали таа носела кратко здолниште, дали им се смешкала пред тоа, дали флертувала и слично, доколку мажот и пријде за секс и таа го одбие, нејзината одлука МОРА да се почитува. Дали е сега појасно?
Мислиш дека не си слободна? Препреката ти е во главата, законот е јасен. Инаку 22 годишна со вакви размислувања, не знам што да кажам.
Тоа е друго,она е малолетна и не и доаѓа памет,замалку ке беше силувана ама пак ги провоцира и пак трча по мажи