Океј, јес да е двосмислен насловот, ама не мислам дека е баш за силување. Никој нормален не би оправдал таков чин со „си го бара“. „Си го бара“ as in девојчици што се упикуваат секаде и не бираат средства за да дојдат до целта. Си го бараат тоа што зацртале дека треба да им следува. Сме ги збореле по многу теми и сме се сложиле дека некогаш е дури и за восхит упорноста, ама се досадни, нападни и за шамарање. Не дека треба да нѐ засега, ама ете, ако се меша во врска/брак/работно место рецимо, не може да не те засега. Инаку стварно не гледам зошто би ме засегало ако не е директно поврзано со мене. Жално е само што во оваа „си го бара“ група спаѓаат девојчиња кои штотуку почнале да се развиваат и да добиваат осет за самодоверба, па не знаат баш да размислуваат рационално. Прост пример е баш вчера што се рашириле некакви слики на малолетнички од Велес. Тука прво се криви родителите што не ги седнале тие деца да им објаснат околу сексот, сексуалноста, па башка и имањето самопочит и дека не секое внимание е позитивно, па после некои сељачишта што им се упикувале и ги убедувале дека ги сакаат, дека е во доверба и дека сите тоа го прават, па на крај девојчињата што потклекнале и не размислиле за евентуалните последици. И леле @Incule дај или пиши убаво еден пост со повеќе од една реченица, изјасни се, пиши пример што имаш (оти никому не му е гајле за другарка ти колку била никаква, па по пп да те прашува) или не ги труј темиве, аман.
Уште да знаеше да пишеш некое нормално мислење, па да ти се сметаше ко мислење. Да се соберат сите зборови што си ги пишувала по сите теми, пак нема да се оформи ниедно мислење. Мозоци закржлавени.
Во ред имај свое мислење и став , ама една иста реченица со 5 збора (реплицирана на 10 луѓе, последните 4-5 страни е. Објасни, факти, докази, пример. Ова напразно се вергла.
19 мислења во темава Абе остајте ја, очигледно е дека билда мислења од пред некој ден, ќе ве цитира со по една вака проста реченица до недоглед Инчуле, а ти ако навистина на 22 години си седнала на форум вака по цел ден за билдање мислења, па и со вакви ставови и муабети од типов на ова за другарка ти... не е за смеење, туку жално е
Катастрофално човечко битие, би рекла. I rest my case. Некои просто, уживаат во сопствената игнорантност.
Џолана кој ти е крив кој не го разбираш ставот на девојчето. Прочитај и ги постовите поубаво и читај меѓу редови и ќе и го сфатиш ставот или пак пробај да размислуваш како она што размислува многу е едноставно. @JollyGirl
Гледаш не ги знаеш уште правилата на форумов. Пред да ме цитираш, треба лајк да ми ставиш пошто си нова... А ти не ми стави лајк, па сега треба ли да ти го бришам мислењето? Ај не го бришам, пошто нова си и не знаеш. Ајде дај поопширно мислење: Мислиш дека не смее да се облекува кој како што сака?
Облеката не е проблем, разголени девојчиња со слики во вециња и по купаќи во зимо си го бараат и те како.
Девојче, крив е манијакот!!!! Жртвата НИКОГАШ не е виновна! Ти имаш право да се облекуваш како сакаш и да правиш што сакаш и никој нема право со прст да те допре!
Ja vidov temava i nekako ne mi se komentira bas zs ako nekoj si go bara, sto ima toj drugiot da dava hahha neka ne dava be
Не, озбилно прашувам, двосмислена е темата. Можеби “си го бараат“ оговарањето, чудните погледи, вниманието? Или си бараат некој да ги силува? Јас мислам дека да, бараат внимание и наоѓаат начин да го привлечат, но не се согласувам дека “си го бараат“ моментот некој да ги шлапне по газ на поминување, да ги драпне по цицка и така натаму.
Јас би рекла дека членката мисли на бронхит и настинка, зошто не сакам да верувам дека женско може да смета дека провокативна облека и секси пози се оправдување за силување.