Подарок го доби? Зошто од Белина гледам не може да се купи, стои Достапно само во продавниците на ДМ Дрогерие Маркт.
Да, подарок ми е. Во ДМ не можев да го најдам. Веројатно наскоро ќе биде достапен и во Белина, оти на веб страницата си има цена.
Јас го има лом правам да ставам, и некако пак ми мириса потта. Може многу очекувам, ама дај бар некој совет да го ставам ко што треба. Вика треба да се загрее и мала количина. Не сакам да се откажам зошто нема алуминиум и сите состојки се одлични. Дај некој совет
Па не правам ништо посебно. После миење/туширање на суви пазуви се мачкам, не се правам лом, се размачкува убаво. Добро, како што реков, кратко време го имам, денес трет ден, не сум замирисала уште. Секое попладне интензивно вежбам, еве и денес ќе видам како ќе биде. @x.Daisy.x има промотивна цена во ДМ, 385 денари, сега видов.
Јас имам користено 3 различни мириси и имам забележано дека не сите подеднакво штитат. Јас претпоставувам дека се должи на етеричното масло во составот кое го дава мирисот, а кое треба да „ја сокрие“ непријатната миризба. Pink Grapefruit и Persian Lime ми се омилени, иако Pink Grapefruit барем кај мене за нијанса подолго држи и штити. Сепак верувам дека е индивидуално кај секого различно. А за правењето лом, гледај да не го нанесуваш на барут сува кожа. Мој совет, веднаш после туширање кога кожата е уште влажна и порите се отворени и ќе го извадиш максимумот од производот. Општо за сите дезодоранси, не само за овие.
Го прочитав блог постот на @Biodevojka за антиперспирантите на Ben&Anna и имам некои нејаснотии. Гледам дека во составот има сода и знам дека обично во содата има алуминиум. Ме интересира дали содата во Бен&Ана има алуминиум или сепак да го земам тој на Пура Перла за кој ми кажаа дека има сода во составот но без алуминиум. Доколку @Biodevojka или некој друг може да објасни би било супер.
Здраво прашањето е многу убаво и на место и мислам дека е многу важно да се објасни. Најнапред сода бикарбона според својата хемиска формула NaHCO3 не содржи алуминиум . Меѓутоа една работа е многу важна односно начинот на кој се добива сода бикарбона, бидејќи постојат два. Првиот е по идустриски (хемиски) пат каде индустриската сода се добива тргнувајќи од амонијакот на кој се додаваат содиум хлорид и јаглерод диоксид. Благодарение на хемиската реакција помеѓу овие елементи се добива сода бикарбона. Другиот начин е добиен со екстракција на сода бикарбона по природен пат од пештерите и карпите богати со минерали, каде се извлекува директно од природата и во Италија се означува на самата опаковка како bicarbonato di sodio purissimo односно чиста. Е сега кога се извлекува од теренот, истиот е богат со разни елементи меѓу кои и алуминиумот кој е природно присутен и во зелената глина. Многу е важно да напоменам дека алуминиумот во деодорансите и оној во теренот не се воопшто иста работа. Во деодорансите се користи алуминиум хлорохидрат кој е концентриран и во таква концентрација и чистина не се наоѓа во природата.Кога ќе навлезе во организмот со оглед на тоа што е сам, истиот не може да се метаболизира. Оној кој природно се наоѓа во карпите и терените богати со минерали скоро секогаш е врзан и во склад со други минерали и како таков телото успева да го елиминира (земете ја на пример зелената глина која го содржи а не е воопшто штетна за организмот, баш напротив). Значи не станува збор за иста работа. Доколку содата е екстрахирана по природен пат има можност за многу мал процент, ама тоа не е ништо страшно. Како заклучок не се плашете од сода бикарбона, и знајте дека онаа на која пишува без алуминиум е чисто маркетиншка работа. Така да слободно купи си ги деодорансите на Бен и Ана кои јас лично ги користам и мора да кажам дека се фантастични. Поздрав и уште еднаш браво и благодарам за прашањето.
Благодарам премногу за прекрасниот одговор, баш заради тоа сода без алуминиум не ми беше јасно. Поздрав и до тебе!
Јас имам лошо искуство со Бен и Ана. Како прво се рони некако не ми е воопшто практичен за нанесување , а како најважно воопшто не ме заштитува .. не би го купила никако не вреди за таа цена Си најдов решение обична сода на мокри пазуви и немам проблем а инаку се мачев со секакви дезодоранси кои само ми ги воспалуваа жлездите
Размислувам да го заменам вообичаениот антиперспирант (патем долго време веќе користам само Рексона, омилена ми е) за природна варијанта. Ги гледав оние на Балеа и Алверде со 0% алуминиум па ме интересира какво е вашето мислење за нив? Гледам има доста избор на антиперспиранти, рол они (оваа идеја баш и не ми се допаѓа), па и антиперспирантни креми но не знам дали вреди да се проба.
Од нив лично не бев задоволна, ги имав ролоните јас, а од Балеа и спреј пробав. Нивеа без алуминиум во вид на спреј и ролон се супер, од сите досега без алуминиум овие ми биле најтрајни, а ако сакаш можеш да пробаш и со Аромако, иако е поскап.
Аромако на Лаш, или антиперспирантите на Ben&Anna. Е поскапи се малце, ама траат. Аромако е околу 500 денари за 100г, ама трае неколку месеци сигурно. Првото парче ми траеше цела година, ама беше околу 120 грама. Ben&Anna се 499 денари во ДМ, и траат нешто помалку, околу два, еве три месеци нека се, ама повеќе мирисаат од Аромако, ги има со различни мириси (лаванда, кедрово дрво, грејп и лимета - тие четири засега ги има кај нас). Има и на Уртекрам рол-они, ама не сум нешто задоволна од нив. Повеќе ми се допаѓаат овие сувите како двата погоре што ги спомнав, ко сапунчиња се.