После бричење, туширање не ставај одма, тогаш и порите се отворени, многу поштетно делува, навлегуваат во порите, ги затвараат и излегуваат и жлезди така. Почекај саат време после туширање, па ставај. Јас користам Нивеа без алуминиум ама од трајноста не сум задоволна, се што има ефект за против потење има алуминиум. Тие со алуминиум може и цел ден да не се испотиш ама многу се штетни.
Порите не се отвораат и затвораат, иако така ни е кажувано цел живот. Инаку, слично како што кажа, (минус делот со отворени пори што нема значење) анти-перспирантите функционираат така што (алуминиумовите соединенија) ги „затнуваат" потните жлезди, со што му сигналираат на мозокот дека нема потреба да произведува пот. Исто така, не мора да се чувствуваш виновно што користиш анти-перспиранти со алуминиум, не се штетни, т.е. не е покажано дека спречувањето на потењето има негативни последици (со оглед на тоа што не потиме само од едно место - пазувите) .
Искрено, мене не ми се допадна. Прекратко ми беше дејството, можеби 4 саати макс, после замирисува или треба пак да се намачкаш. Не можам да го влечкам секаде со мене, така да, ноу тенкс. Ќе го искористам кога ќе бидам по дома...
Јас имам пробано многу. Нивеа, рексона, би ју, балеа. Дав ми се покажал најдобар до сега. Пробај го тој од краставица. Имам пробано со природни дезодоранси реално штетно е се ,ама не ги бива природниве.. побитно ми е подобро да мирисам
@Biodevojka ќе те замолам да ми посочиш антиперспирант или, стик, ролон со добри состојки само да не е од Alverde ili od Belina стиковите и двата кај мене имаа негативен ефект. На Хаушка гледам има ама не знам што е тоа ролон или антиперспирант, доколку имате искуство да споделите, по можност сода да не содржи алергична сум.
Здраво драга тој на Хаушка мене лично многу ми се допаѓа. Не е нтиперспирант млечен рол он е. Декларацијата е перфектна Acqua, Alcohol, Triethyl Cirate, Glycerin, Ricinus Communis, Parfum, Zinc Ricinoleate, Bentonite, Salvia Officinalis, Melia Azadirachta, Graniol, Linalool, Citral, Citronellol, Limonene, Farnesol, Benzyl Benzoate, Eugenol, Benzyl Alcohol, Buxus Chinensis, Sucrose Laurate, Cetearyl Alcohol, Lecithin, Sodium Magnesium Silicate, Xanthan Gum, citric Acid, Rosa Damascena Има преубава деликатна (нежна) формула нека не те плаши алкохолот затоа што не е сам туку во комбинација со триетил цитрат кога доаѓа во контакт со пазувата прва делув молекулата на триетил цитратот. Им убави екстракти како поезија. Јас го користев во Италија и кај мене одлично се покажа сега треба да видиш како ќе делува кај тебе (ова е индивидуално) зависи од тоа колку и како се потиш. Малку е поскап за разлика од другите ама квалитетен е премногу како производ. Се надевам ти помогнав.
Мене ми се супер. Единствена маана е што самиот тип на антиперспирант (стик на база на шеа путер) е малку покомплициран за користење. Треба да се нанесува на полувлажна кожа и да не се чува на температура под 20 степени затоа што путерот се стврднува и при нанесување се рони. Тоа ти е како да сакаш полузамрзнат путер да намачкаш на леб - ќе ти се распадне лебот. Затоа треба да биде минимум на собна температура или некој степен потопло, за убаво да може да се нанесе. И треба да се нанесе подебел слој и во тој случај трае и држи и по 12 часа без проблем. Едноставно е, ако брзо приметуваш дека замирисуваш, нанеси следен пат повеќе слоеви и ќе се продолжи дејството. Не очекувај од 2-3 поминувања да ти држи пола ден. Нанеси убаво да се види слој на пазувата. Барем моето искуство е такво. И со толку обилни нанесувања ми држат по 2-3 месеци, што е супер трајност. И нормално сите од порано навикнати да завршиш работа со дезодоранс во форма на аеросол за 2 секунди, ова се чини покомплицирано и тоа му е по мене единствениот минус. Сепак минорен минус во споредба со тоа дека добиваш природна алтернатива без штетни состојки. И на Schmidt’s моментално користам еден, иста приказна се. Задоволна сум и од нив.
Јас ги имам и преубави е. Точно е дека се стврднуваат само јас правам вака: најнапред го нансеувам на дланката и под дејство на топлината на кожата по неколку триења се топи самиот део. Потоа од раката го нанесувам под пазувата и пак исто и за другата страна. На овој начин е полесно нема потреба да се трие самата пазува која е доста нежна. Инаку како издржливост им нема рамни. Јас додека планинарам многу се потам и кога ќе ги ставам овие пак сум жива вода ама воопшто ништо не мириса.
И јас сум задоволна од Ben&Anna. Плусот е во тоа што не се умирисувам при интензивно потење од вежбање или друга спортска активност. Факт е дека малку се комплицирани за нанесување и затоа мислам дека би му останала верна на Аромако. Пред некое време купив Нивеа без алуминиум, за да ја имам во чанта за итни ситуации. Не знам зошто, ама ужасно се умирисувам многу брзо, после саат од прскањето. Порано не ми се случуваше кога ги користев редовно, ама сега ептен. Кога немам ништо, потта не ми мириса. Тоа не е случај со природните антиперспиранти, и да потам, не се умирисува толку лошо, односно скоро и да нема мирис. Среќа дома го пробав дезодорансот, нема шанси во чанта да го носам, поарно ништо нема да ставам, отколку да ме усмрди. Може повеќе од пет години не користам класични антиперспиранти и мислам дека поради тоа се јавува тој лош мирис кога ќе ставам таков део антиперспирант.