Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дезодоранси и антиперспиранти без алуминиум

Дискусија во 'Тело' започната од Babyby, 12 јуни 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    @eva993 Дали остава траги по облеката?

    Јас во моментов го користам Аромако од Лаш. Убав ми е, но би сменила кога ќе ми се потроши, така од разонода. Првиот пат кога го купив, некако ко да не се најдовме на иста линија, чуден ми беше, малку и ми реагираше кожата па го баталив и му се вратив по некое време. Скроз поразлично искуство од првиот пат и продолжив да го користам, па затоа се охрабрив да пробам и нешто друго.
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Од Рексоната сум најзадоволна. Ги имам пробано pure fresh и оној black & white. Првиот за нијанса повеќе ми се допаѓа, но и двата се со нежен и мирис на чисто. Во лето на горештините само овие два ми се ефикасни и го задржуваат мирисот подолго време. Black & White го среќавам во Стокомак, а првиот последно го начекав во жито маркет па си земав залиха за секој случај. :D Ако го имате видено некаде ве молам споделете. Еве го на слика.

    [​IMG]
     
  3. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    [​IMG] @Biodevojka сакам да те прашам дали си го користила овој ролон и да ми кажеш мислење ?
     
  4. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Мене лично не. Но имам читано во reviews дека на некои им остава жолти „флеки“, пишувам во наводници бидејќи не се класични флеки кои остануваат, туку со првото перење се вадат. Тие се од премногу шеа путер кога ќе се нанесе и тој знае да остава жолти траги.

    Јас нанесувам повеќе од вообичаеното, но очигледно не толку повеќе за да ми остава флеки.

    А имам слушнато за искуство (непроверено, ова чисто од муабет), дека дури и на оние на кои им оставало флеки, после неколку месеци користење и флеките престанале да се јавуваат со ист интензитет на нанесување.

    За времетраење и држење, најдобри ми се имаат покажано Nordic Timber и Vanilla Orchid, па потоа Persian Lime, а најслаб ми беше Pink Grapefruit. Преубав мирис има, ама најмногу требаше да нанесам од него, за да држи задоволително.

    Бидејќи стикови на база на шеа путер генерално имаат цврста конзистенција, а кожата под пазувите знае да е поосетлива, можно е од многу стискање при нанесувањето да се јави црвенило, кое не мора да значи дека е алергија, туку може да е од механичко триење. Во тој случај добра е идејата на @Biodevojka со нанесување прво на дланките па кога ќе се подстопи малку од самата телесна температура, тогаш баш како слој да се намачка под пазувите.
    Постои и црвенило од алергија на сода бикарбона (ако не се лажам кај околу 2% од луѓето се јавува оваа алергија), во тој случај не би советувала користење. Имаат за вакви случаи стикови на база на талк пудра.

    P.S. Исто презадоволна бев и од еден део крем (во лимена кутивка се нанесува со прсти) од марката Wooden Spoon, со сосема нова формула на база на магнезиум хидроксид, што е исто супер алтернатива за оние со алергија на бикарбонат на сода. Не знам во МК дали ја има таа марка, ама ако ја има, имаш евентуално препорака и за тоа од мене. (fingers)
     
    На tinka-mace, Biodevojka, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Не остава траги, ако мислиш на Ben&Anna.

    Не се гледа сликата.
     
    На Mishela и eva993 им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    @eva993 фала ти. Ајде ќе пробам некој од овие двата што ги издвои како најтрајни.
    Инаку да, знам за алергијата од сода бикарбона, но за среќа не сум една од тие. Мислам дека имав чувство како да не нанесувам доволно од Аромако, па правев малку погруби движења, а кожата ми е доста нежна, па реакцијата ме извади од памет.

    Протривање меѓу раце и мене ми се виде како најпаметно решение за почеток, па ајде ќе видам. Ќе ви пишам за кој ќе се одлучам.
    Фала ти и тебе и на @Annath за одговорите.
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга не можам да ја видам сликата. Може да ја ставиш уште еднаш?
     
  8. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Овој го имам пробано убав е како и сите део на алверде впрочем. Слободно земи го.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.201
    Јас го користам веке неколку години и презадоволна сум. Го купувам 350 ден. Плус тоа што не содржи парабени, алуминиуви соли, алкохол итн. Едно вакво ми трае половина година. Го препорачувам.
     
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    12.132
    Пол:
    Женски
    Од каде го купуваш
     
  12. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.201
    Оваа е од фирмата Форевер, може да ти го нарача некој кој што е член на Форевер, знам дека во Скопје имаат и продавница која се наога на булевар Jane Sandanski па можеш да го купеш дирекно од таму. Е сега јас бидејки користам повеке производи од Форевер морав да се зачленам за да си ги купувам по набавна цена, и овој стик си го нарачувам за 347 денари, тие што работат со оваа, го препродаваат поскапо за некои 50-60 денари плус.
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Јас го имам пробано, ама не е ништо посебно. Не штити од потење, само не се замирисуваш. Ама некаде прочитав дека има пестициди во него и ме одврати од користење. Ене го стои така, а мислам дека веќе и треба да го фрлам.
    Ако сакаш природна опција тие на бен и ана се супер. На почеток не бев задоволна, тешко се нанесуваше и не можев убаво да нанесам. Овде причитав да го ставам на влажна кожа и сега ми е супер.
     
    На Little girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.201
    IMG_20210309_235109.jpg
    Секој со своето искуство, јас подобар од овој не сум користела и баш поради тоа толку време се задржав со него. Е сега секој организам различно, штити од потење, стикот има баш пријатна, не нападна миризба како повекето дезадоранси.
     
    Последна измена: 10 март 2021
    На Little girl и Ano им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.742
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Со години го користам Нивеа фреш без алуминиум, добар е, не држи долго ама се што држи подолго е поштетно.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Предлог природен антипреспирант или барем да е без алуминиум, стик, но да е ефикасен на топлово. Оти до сега тие природни што ги имам пробано не се трајни, ќе ставиш наутро, до вечер веќе не држи. Можеби @Biodevojka има предлог :)
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.634
    Пол:
    Женски

    Јас сум многу задоволна од овие на Ben&Anna

    [​IMG]
    Исто и овој е одличен. И двата помагаат против лошата миризба.
    [​IMG]

    Првиот е во вид на стик во тврда состојба, се нанесува на мокра кожа.
    Вториот е обичен рол он :)
     
    На CurlyBlossomGirl и Seli20 им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Сакаш да не потиш или да не мирисаш? Природните антиперспиранти не спречуваат потење, само лош мирис.

    Моја препорака се Ben&Anna од Белина или ДМ, или Аромако на Лаш (штандот во Сити Мол). На вакво жешко време на вториов му верувам повеќе.
     
    На Biodevojka, koritsaki и Seli20 им се допаѓа ова.
  19. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Не очекувам антипреспирант да спречува потење, тоа си е нормален процес на организмот. Бен и Ана и Аромако ми се непрактични за нанесување, но стикон со лаванда од погоре би го пробала.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со @koritsaki @Annath за Бен и Ана ама ако ти смета нанесувањето во тој случај пробај некој од овие два.

    IMG_20210630_115827.jpg

    Коритсаки ти кажа тој од лаванда, ама кај мене беше поефикасен тој од бреза (кај секој е индивидуално ). Инаку јас многу се потам. Еве ти линк од статијата па сама одлучи кој ќе го земеш.

    https://biodevojka.blogspot.com/2021/06/blog-post_21.html?m=1
     
    На anggell, koritsaki и Seli20 им се допаѓа ова.