Se prodavaat ovie kaj nas vo Mkd? Jas go koristam crveniot, go kupiv otkako se porodiv i malku vreme go koristev bidejki iskreno ne mi mirisa mens ubavo jas ne sakam takvi mirisi, ne poti ,stiti toa e super ama ovoj crveniot mene licno ne ki se dopaga.A samo toj bese ostanat vo apteka i zatoa go zemav nemav drug izbor .Mozebi drigite se podobri.
Мене точно 3 месеци...Баш ме прашуваа тоа и се одлучив да “мерам“ ако може да се изразам така. Се исплати и тоа доста. Дава одлична заштита и долго трае. Тоа се две работи кои премногу ми се допаѓаат. Поздрав.
За лето ми беа супер Бен&Анна. Сега кога е поладно некако многу е потврд стикот, треба повеќе да тријам за да се нанесе и ми се иритира кожата секогаш кога нанесувам. Дали имате некој совет во врска со ова?
Дали го нанесуваш на влажна кожа? во зима да, се стврднуваат ваквиот тип на антипреспиранти, истото беше со Аromaco на Lush.
Да, на влажна кожа. Епа ете до тоа било, бидејќи летото ми беше супер, немав никаков проблем. Веројатно ќе го оставам за потопли денови. Или ќе го дувнам малку со фен пред ставање, да омекне малку.
Чувај го во собата кадешто ти е најтопло (во зима). Отприлика имам прочитано дека на околу 24 степени (нормална собна температура) омекнува структурата и нанесувањето е полесно. На пониски температури се стврднува и не се нанесува убаво. Јас го ставам и во бањата, за да го нанесам веднаш после капење, ем е најтопло во таа просторија тогаш, ем кожата ми е влажна и хидрирана.
Јас правам вака: не го нанесувам директно на пазувата туку на прстите на раката и под дејство на телесната топлина се загрева. Потоа од раката го нанесувам на пазувата. Пробај на овој начин многу е полесно. Нормално е дека е поцврст зимно време поради путерите во формулата (формулата е направена да издржи и за време на летниот период инаку би ви се стопил). Поздрав
Искрено не верував природен антипреспирант да намалува потење и сум позитивно изненадена од Бен&Ана. Го имам овој и мириса прекрасно. Но, дали е нормално после нанесување да имам благо пецкање и жарење?
Не е, можеби си алергична на некоја состојка. Инаку, само јас ли го нанесувам на сува кожа не ни знам дека треба на влажна
@Annath @anastasijaki Сфатив дека ми се случува само после бричење, така што од тоа е. Инаку не знам колку е доволно, тријам неколку пати
Кожата ти е изиритирана од бричењето, па можно е да е поосетлива тогаш, што и да ставаш, исто е. И да, на влажна кожа се става @anastasijaki. Или ќе го омекнеш на дланката, па ќе мачкаш.
Јас чувствувам благо пецкање од тој од лаванда додека од Nordic timber немам пецкање. За жал мене не ме заштитуваат како други антиперспиранти па ги користам најчесто за низ дома кога не се потам многу.
И мене исто не ме заштитуваат ги пробав и лаванда и зелен лимон, џабе беше ене ги стојат. Кои ги користиш, кои ти помагаат? Више не знам кој да го купам
Во прилики кога ми е потребна поголема заштита пример ако сум надвор од дома повеке од 3-4 саати обично ги користам Dove, Bioten, Nivea...тие се со алумиум ама од природните немам најдено некој што ми пружа добра заштита. Во спротивно ги користам од Бен и Ана, и повремено од Балеа. Си викам кога не можам 100% да се префрлам на природни антиперспиранти барем да комбинирам