Ви се случило да ви остави трага или да ви обои облека под пазуви овој стикот од Ben&Anna? Сакам да ги пробам, ама немам убаво искуство со стикови и рол-они, а не знам овие колку се путерасти за да би оставиле траги по облеката. Слични се на Аромако? Тој сум го користела и ми одговара, ама овие некако си мислам дека ич нема да ми се допаднат. Веројатно дека немам претстава каква е структурата. Моментално ова од Балеа го користам, ептен фино мириса. И секако, ќе извадат они еден единствен дезодоранс без алуминиум што нема да ми умирисува по неколку саати и ќе ми одговара и секако, ќе биде лимитирана серија. Ќе си направам залиха и ќе терам вака некое време зашто навистина ми е супер дезодорансов.
Со оглед на тоа дека базата им е шеа путер, доста се “путерасти”, ама тие флеки и да настанат не се трајни. Специфични се за користење, но мислам дека е ствар на навика. Тие што редовно користат део стикови на база на путер, немаат никакви проблеми околу нанесувањето и сл. P.S. Јас овој го користев летово и позитивно се изненадив од долготрајноста: https://www.lavera.com/deo-roll-on-natural-strong-4021457638918 А за нанесување нема полесен метод…класичен ролон.
Ако претераш со количината, оставаат бело, ама моментално е, кога се нанесува ако се фатиш на погрешно место, може да има трага. Ама онака, како флеки од класични стикови, нема. И да има, се перат лесно.
Ако ви се допаѓаат деодорансите на Ben&Anna, ќе ви се допаднат и на Pulpe de Vie. Исто пакување, ист начин на нанесување, слична заштита, иста текстура, па и мирисите тука некаде. Го нарачав деодорансот со цитруси, и ептен ми е погоден, а се мислев меѓу него и тој од бадем. На ладново малку потешко се нанесува, ама ако го загреам на парното, или го ставам на влажна кожа немам мака. Држи, нема непријатен мирис, и можам да речам дека скоро и да не потам. Добро, тоа повеќе е затоа што е ладно, ама го испробав и при вежбање, непријатен мирис нема, само мирис на цитруси, нежен, ненападен. Цената им е малку висока, што е недостаток според мене, околу 800 денари, а пакувањето е предвидено да трае околу два месеци. Можеби и не е толку висока цената имајќи предвид дека бавно се троши (уште не знам колку време би ми траел, го користам десетина дена). Овие се деодорансите
Вакви повеќе ме усмрдуваат отколку што вршат работа. Имам проблем со потење, ако ставам антиперспирант без алуминиум смрдам ужасно, многу лош и непријатен мирис прават кај мене.
Баш се мислев помегу овие и на Лавера, и се одлучив за Лавера, ќе видам каков е. Се мислев да не е како оние со сода што беа, да ми затвараат пори еден таков со лаванда фрлив. Се надевам овој ќе биде ок.
Vidi vo dm Razlikata megju dezodorans i antiperspirant e toasto, antiperspirantot gi zatvora porite, a dezodoransot ja neutralizira mirizbata (odorot)
Го земав и Aromaco од Lush, повеќе ми се допаѓа од Бен&Анна во однос на нанесувањето. Не е тврдо од ладново и плус не мора на влажна кожа.
Накратко, мое искуство со дезодорансите без алуминиум: - Кристалните ролони (за кои отпосле дознав дека содржат алумуниум во др облик, кој наводно не може да навлезе преку кожа, за кое што јас лично сум скептик) – исто ко ништо да не си ставил, - Alverde стик – кога го отворив дома отиде одма у корпа зашто тој мирис на жалфија со лимон не можам да го поднесам, искрено како го отворив стикот така ми се слоши, - Nivea ролон – ужасно леплив, тешко се суши кога ќе се нанесе под пазуви, ако не е убаво исушен се лепи и остава траги на гардероба, заштита од непријатни мириси скоро и да нема. Nivea дезодорансите во спреј од аспект на заштита (овие без алуминиум) ми се лично подобри, но пради тоа што спреевите ги одбегнувам, и тој отпаѓа за секојдневно користење, - Balea део крема со сода, лесно се нанесува, лесно се впива, не остава траги, но има само еден мирис на малина кој мене лично не ме бендисува особено, некако тежок ми е, а и пружа кратка заштита. Јас лично повеќе ги бендисувам оние освежителни мириси (како на пр Rexona зелениот), - Old spice – изненадувачки добра заштита, супер за нанесување, супер цена, но машки е, или да си го цитирам детето „ми мирисаш на тато“, иако го користат мои колешки - Ми донесоа од Унгарија Iѕana део стик, имале они некој нивен ланец дрогерии Rossmann и ова е нивен бренд, убав мирис, лесен за нанесување, заштита никаква, макс пола саат - Ben & Ana – едно од поголемите разочарувања, зашто на толку фалење и препораки очекував многу повеќе. Не се нанесува, ни по стоење до парно, едино на влажна кожа, ама и тогаш не е лесен, се троши буквално околу мене на секоја употреба има остатоци. Амбалажата катастрофа, по 3 дена користење почна да се кине и распаѓа. А остава одвратни жолти траги на светла гардероба, се вадат лесно, да, ама тоа значи ако облечеш бела блуза не смееш да кренеш рака, ко никогаш неиспран си, остава траги и на долна облека ако е светла. Заштита да не речам никаква, ај ќе пишам минимална. Имам прашање до сите членки кои користат вакви дезодоранси, што друго би ми препорачале да пробам, преферирам да е во форма на стик? Видов дека L’occitane имаат некој стик со мирис на лимон, дали некој го има пробано? И уште за Aromaco на Lush, следно сакав него да го пробам, па имам прашање како го чувате и нанесувате бидејќи ако добро сфатив се продава без амбалажа што малку ми е нехигиенски, затоа и прашувам некој совет од оние што го користат, во што го чувате и како го нанесувате? Поздрав до сите!
И јас Бен&Ана не можам да го нанесам. Толку е сув што се рони, и на влажна кожа не го бива. @stefanija70 јас од аромако сум најзадоволна, ама се суши и тој ако се чува само во книжната обвивка. Сепак многу полесно се нанесува и малку да е сув, се топи во допир со кожата. Мирисот ми е потежок од тој на Бен&Aна ама се навикнав. Во метална кутија е најдобро да се чува, а го нанесуваш како сапун, нема опаковка, освен што е завиткан во хартија.
Аромако се продава на парчиња во целофан завиткан, јас исто така го чував во целофан и плус во метално кутивче од Лаш. Мене ми беше супер , мирисот да напоменам дека може и да ти смета , мирисни го пред да го купиш.
Од кремава сум презадоволна. Малку бев скептик зашто не сум навикната на креми, или рол он на Балеа на природна база или спрејот на Алверде од нане го користев. Ама кремава ми се допаѓа зашто не е леплива и има неутрален мирис, а цел ден пружа заштита од непријатен мирис.
@koritsaki јас Aromaco користам мооогу долго. Може едно 20 години. Сум пробала од време на време да го сменам ама не можам да му најдам замена. Мене ми е супер. МИ држи цел ден дури и во лето и благ ми е на пазувите. Обично приордните имаат сода или акохоло и лом ми е кожата после ни. Aromaco ми е супер. Јас го чувам во кутија. Има еден од путер за тело и во таа си го чувам зашто ми е поголема од тие на Lush и подобро ми ја цобира коцката.
Не сум голем љубител на вакви производи без алуминиум ама и мене ми е прекрасен овој од Балеа. Мирисот е прекрасен, а и добро се покажа производов.
Јас ги земав овие три од Балеа без алуминиум: Искрено, кога прв пат ги помирисав ми се згади животот, посебно од овој Magic Forest, абе мислиш отровна шума, не магична. Ги прснав на рака, абе толку јако и тешко ми мирисаа сите три и воопшто не ми мирисаа ни на мандарина, ни на цвеќе. Е после ги пробав под мишки и можам да кажам дека иако пак мирисаат потешко од тоа што јас сакам, мандаринава и цвеќево добро се покажаа, некако поинаку мирисаат под мишки а и за дезодоранс без алуминиум од мандаринава до наредниот ден не замирисав што е супер. Ова отровнава шума е друга прича, језда и она мислам слично држи под мишки, ама пак грдо ми мириса и таму, ептен тешко и чудно. Од овој со цвеќево имало и ко рол он или стик, не знам што е, може и тој да го пробам ако трае подолго, плус поспоро ќе го трошам зошто дезодорансиве после три прскања поише од пола ми се празни, осет немам.
^Овој со мирис на мандарина го добив на подарок и сум презадоволна. Кога го отворив прснав на рака ептем тежок мирис,под пазуви поинаку мириса,речиси и да не потам од него и мн долго трае мирисот. А имам голем проблем со потењето под пазуви. Го препорачувам.