Magic forest и мене грдо ми мирисаше уште во дм и затоа ич не го купив. А тој другиот и така ми се свиѓаше како мириса, јаки мириси сакам, можда затоа. Ама да и под пазуви кога ќе се нанесе, многу убав мирис некако има. Тој 3тиот го немам пробано.
Јас само цвеќето не го земав, ама следно го земам. За шумава не очекував ваков катастрофа да биде, на некој сличен на Балеа ме потсеќа шаренкаст од поодамна. Кога ќе го ставам на мене воопшто не мириса, како ништо да не сум ставила, ама барем ни на пот не мирисам. А за мандаринава исто на мене многу поубаво мириса, отколку така кога го пробав.
Сопругот мој го земаше овај ролон од белина, не вреди воопшто за парите воошто не држи, го пробав и јас лично за да се уверам и по еден час на работа исто како да немав ставено ништо
Пробајте ги тие на Лавера, исто така се без алуминиум но држат многу долго. Јас тој новиот Strong не би го сменила за ништо.
Ги пробав сите можни дезодоранси и рол они од Балеа без алуминиум, исто и стикот од Алверде, ниеден не ми одговара. Почетно ми одговараше тој од мандарина на Балеа, ама кога почнав да го користам второто шишенце почнав да приметувам дека ќе се истуширам сабајлето, ќе ставам и во текот на денот чувствувам непријатна миризба, мирисот на дезодорансот ми се губи за саат време и после почнувам да мирисам на пот. Тој од кокос е дупло поужасен, рол онот со цвеќиња бзди на алкохол и за многу кратко се губи секаква миризба и почнуваш да мирисаш на пот. Се вратив пак на Old Spice стикот, ама не сум сигурна дека добро ќе се покаже и тој, плус иако нема алуминиум, има други штетни состојки. Гледам дека го фалите доста Aromaco од Lush, па сакам да прашам дали навистина штити и летно време, да не треба да се нанесува на саат време и после одреден период користење да ја изгуби делотворноста?
Од оваа крема сум презадоволна, и ролонот од истата линија е добар. https://www.bellina.mk/p/1592/natural-strong-deo-krema-od-zhenshen-50-ml?categories=62 Инаку имам пробано скоро се, бen& anna ми е многу тврд, ми се ронеше и од притискање да го нанесам ми се појавија поткожни како акни, pulp de vie од бадем - не е лошо,мислам дека подобро се нанесуваше од бен и ана, слични се... од алверде не ми држеа, од urtecram nordic birch исто не држеше, го пробав и од So Bio aloe roll on, не е лош ама многу јак мирис ми има...
Мене ми трае од сабајле до вечер,со регуларни активности, е сега при спортување и слично не би знаела
Јас моментално ги користам овие на Pulp de Vie на база на сода бикарбона, шеа путер, кокосово масло и восок. Предобри се ги нанесувам само еднаш дневно од сабајле и траат цел ден во смисла не мириса ништо без разлика на тоа што се потам.
Цената е 810 мкд. ама траат два месеци ако не и повеќе. Доволна е мала количина. Инаку ги има во Белина https://www.bellina.mk/p/1518/hygiene-wonder-bras-prebiotski-deo-stik-od-grejpfrut-55-gr
Убави се, ама многу тешки за нанесување. На влажна кожа нанесувам и пак се ронат, особено кога се при крај. Инаку се навистина ефективни против непријатен мирис и не оставаат флеки на маиците.
Нанеси ги на прстите и под дејство на топлината се топат и многу се полесни за нанесување. Инаку и јас обожавам што не отаваат флеки на облека едно гајле помалку...
Јас го пробав само тој од Кокос од балеа мислам дека е и тој и полошо нешто до сега немам користено. Цело време си чуствував лош мирис па дури и да не ставам никаков дезодоранс ме мириса така лошо колку грдата комбинација со кокос
Здраво, дали знаете каде можам да најдам Dove без алуминиум ? Во DM ми рекоа дека никогаш ги немале.. ♀️
Здраво дали знаете нешто против потење само да не остава флеки на кожата бидејќи го имам тој проблем од анти преспирантите.