@LollySky јас спрејчето на Алверде го имам користено и овој ролон на Балеа и од двата не сум задоволна, попуштаат. На Алверде имам пробано и ролон, розов беше и се од оваа марка од аспект на заштита од потење што имам пробано, има завршено во канта кај мене. Така да, уште првиов стик го немам пробано што си го ставила посеизгледа е нов, ама не иде во предвид да го купам пред да прочитам некое позитивно искуство
Алвердето во стик го купив пред некоја недела и ене го стои два пати ставив и толку, после тоа зедов дав ама и тој ке си стои изгледа спрејот го имам користено лани и многу тешко ми мирисаат и исто немаше ефект.
E па јас имам позитивни искуства од сите три Веројатно не сум меродавна затоа што не се ни потам многу, а и немам јака пот.
Еве овие ги имам користено т.е ми останале неискористени, имав уште еден спреј на алверде чинам од зелен лимон беше го дадов на мајка ми, и исто стикче на балеа имав тоа го фрлив. Мислам дека повеке ме заштитува сода на влажна пазува отколку овие @pravnicka_2604 фовевер ливинг се наога до вучко во аеродром, само не знам дали даваат ако не си зачленет да прашаш .
Баш ќе прашам, фала ти и на @kristina.k. Јас искрено сум читала некаде дека овие стикови се без алуминиум и мислев ги има вака по маркети, не знаев дека се со нарачување.
Postojano gi reklamiraat na fejsbuk nekoi prijatelki deka ne bile stetni...gi ima li nekoja koristeno iskustvo da spodeli bidejki skapicki se malku okolu 800 den. sprejot pa da ne se zeznam ako go kupam. Inaku i mene ne mi e efikasen Alverde sprejot, go imav od zelen limon taka si stoi...
Зимата и пролета овој го користев, задоволна сум. На топлово ќе видиме како ќе се покаже но, воглавно имам убаво мислење. Не би користела дезодоранс со алуминиум никогаш повеќе, буквално ги чувствував како навлегуваат во порите а овој е баш ,,лесен" при нанесување. И што е најважно не сум имала повторно проблеми со отечени лимфни жлезди.
До сега ги имам користено : Алверде спреј Алверде рол он Балеа спреј Спрејот од кам со пеперутки незз како се викаше И ниеден не ми се погоди не траеа цел ден како што сакав јас на крај земав од лаш аромако и ме изненади искрено не сум осетила до сега лош мирис,но ми се појави едно болно топче под едната мишка и ме зачуде обично ми искачаа од обичните стикови со алуминиум. Гледам го спомнувате стикот од форевр ливинг,и јас се мислев за него но ја прашав биодевојка и еве што ми одговори
Далеку се од органски или природни, но не се страшни како обичните. Според мене. А за составот и немам навлезено баш во некоја којзнае каква анализа, мене само ми е битно да нема никакви алуминиумови соли, по можност и без алкохол за да не ме иритира.
Dove краставица рол-он. Потењето не го намалува, ама мирис непријатен нема. Предност е што не е штетен т.е. нема алуминиум. Прашање: Дали Лидера е добар производ?
Тргнав со намера да го земам Дав обичниот ама се заљубив во мирисов,неверојатен едва дена го пробав,по автобуси без климанема гајле 6 часа држи без проблем,што за мене е сосема нормално за ваков без алуминиум.Новиот Дав со краставица само по дома го пробувам мислам дека овој е потраенАма и двата се далеку подобри од Балеа.
И јас го имам пробано на Нивеа pure and natural, ако не се лажам плавиот и розевиот и не бев задоволна ич, посебно во лето како ништо да не сум ставила беше тоа. Можеби овој зелениов е подобар, ама ете кај некој функционира, кај некој не
Јас им го најдов чарето на Нивеа. Трошев едно и одма менував со друг наредниот пат. Ги вртев така во круг некое време сите видови и стварно беа океј. Со Дав не мирисам, не ми замирисува потта и немам потреба да ги вртам мирисите вака. Менувам повремено од страв да не ми се презасити кожата, ама ок е засега па да видиме.
Да си кажам „НЕ“ за Dove без алуминиум. Не го бива. Освен можеби за пократки излегувања и кога нема да потите многу. Замирисува ужасно после неколку часа од нанесувањето без оглед на тоа што не потам многу. Веќе не би го купила. Сум ги користела и спрејчињата на Алверде без алуминум, ама не беа долготрајни иако беа добри, подобри од Dove. Од сите дезодорнаси без алуминум, дефинитивно најдобар ми се покажа Аромако. Не замирисувам воопшто, потам, ама во граници на нормала, не остава флеки, нема лош мирис, не доминира неговиот дискретен мирис. Ќе продолжам да го користам, и мислам дека уште долго нема да го сменам.
@Annath значи да не го менувам Аромако Ви благодарам на сите што споделивте мислења во врска со Dove без алуминиум , тука кај мене во Грција се уште ги нема по продавниците, па бев решена да пробам кога ќе дојдам во Мк. Тогаш ништо и јас ќе си останам верна на Аромако
Не знам за обичниот Дав мене краставица не ми е толку лош,иако тој што го постирав погоре Нивеа е далеку подобар,пробај го Ана.
Дефинитивно оригиналниот Дав не, ама големо да за тој со краставица. За летово мирисот му е совршен. Аромако ми останува во игра секако, тој не го менувам, ама фин е Дав за промена.