Јас го чував во лимена кутија немав проблем од тој аспект. Ме штитеше не мирисав ама чешаше и се лупеше
Не знам кај да го поставам прашањево, можеби не е најсоодветно туку ама ајде. Што мислите за соединенија како бутан, изобутан и пропан? Баш сега користам еден кај што се први наведени и некако ми е језивко. Некој што повеќе има истражувано, дали се ризични во антиперспирантите?
Дали некој го користи стикот на rossen,да каже искуства ,ке ја пишам и декларацијата @Biodevojka ако може да ми кажеш дали е во ред? Butyrospermum parkii, Cocos nucifera, Cera Alba, Prunus amygdalus dulcis oil, Sodium bicarbonate, Corn starch, Mentha Piperita, Melaleuca Alternifolia, Citrus aurantium dulcis
Цело време користам Рексона, иако нели свесна за ризикот, ама мислам дека за мое добро е време наскоро да сменам на нешто без алуминиум. Ги меркав на Белина Ben&Anna, па мислам со нив да се пробам, ама не знам колку ми е паметно да почнувам од летово. Е сега прашањето ми беше колку време ви требаше да ви се привикне телото на антиперспирант без алуминиум?
Имајќи предвид дека формулата е помасна и лесно се нанесува, на облекување треба да се внимава да не се преслика, ако е непосредно веднаш по нанесување. Инаку вака не забележав дека остава траги или флеки под пазуви.
Да, баш поради тоа ме интересираше најмногу дали прави флеки или не. Фала ти. Да испотрошам тоа што имам, па може и ќе им дадам втора шанса.
Никој не ти одговорил, па го гуглав, нигде не сум го приметила. Забрането во ЕУ, ваљда доволно кажува
Бен и Ана имаат машки мириси? Ако не, барем имаат ли некој воден или цитрусен мирис? Долг период веќе користам Old Spice стик и ок се покажа, особено тој Captain и еден нов со животно некое ,ама во летните месеци почнувам многу да се потам и замирисувам, и не дај боже уште женски стик да користам, машкиве колку толку ме спасуваат. И дали штитат тие Бен и Ана летен период?
Па не дека се баш споредливи со олд спајс како мирис, во принцип ароматскиот дел е незначителен, односно не мириса никако посебно. Значи не мириса, ама штити, мене бар ме штити. Грејпфрут нешто беше, ама реално не очекувајте некој мирис Вау, најслично според интензитет би било на пример со нивеа пјур котон.
https://bellina.mk/p/721/pink-grapefruit-soda-deo-stik-od-grejpfrut-60-gr?categories=62 Цитрусен мирис е овој, јас го користев и бев презадоволна, не мирисав лошо кога ќе се испотев На навлажнета кожа се нанесува, да напоменам
Па да. Ама мене брзо ми впива. И вака немам забележано да имам било какви траги отпосле на блузите под пазуви.
Баш дојдов да пишам за Бен&Анна. Ги имав користено претходно но престанав, сега пак купив од новите, и се сетив всушност дека ми правеа црвенило и чешање на кожата под пазувите, истото пак. Ептен ми е криво, многу ми се допаѓаат и сакав да ми се погодат. Изгледа некоја од состојките не ми одговара. Сеуште на прво место ми остануваат ролоните на Лавера.
Исто и мене ми се случува со Бен&Анна, мене сода бикарбона не ми одговара, дури и поткожни акни ми излегуваат. На Лавера ми се топ, само што веќе Лавера сензитив го нема во Белина на страната, а го нема во повеќе ДМ. Ти од каде земаш?
Јас обично нарачувам од Еко Верде, но не сум во Мк. Да провериш во Космо да не го има случајно? Мене највеќе ми одговара Стронг за летни денови, супер заштитува.
Декларацијата е ок. На база на сода бикарбона се многу слични како состав на Бен и Ана, Не сум ја видела никогаш оваа марка.