Здраво драга, овој е многу нежен без алуминиум и нема многу јак мирис (малку се чувствува) Обично деодорансите ги прават со мирис поради нивната функција, а и според потребите на формулата.
Најверојатно се впила бојата во кожата, по неколку миења ќе падне, пробај да си направиш пилинг, јас под пазуви користам пилинг од мед и кокосови трошки, можеби ќе испадне на првото миење.
Кој е тој на Еуцерин што го препорачувате за против потење? Ја пребарав темата не успеав да видам слика Имало и некој на Vichy доста добар но не знам како изгледа амбалажата, кој ги користел нека сподели
Трите кои сакав а ги пробам се бен и ана, лавера и аромако. Уште аромако ми остана. Бен и ана ми се фаворит за сеа. Вреди да ги менам со аромако?
Мене лично Аромако ми е поубав од Бен и Ана, особено новите Бен и Ана, старата верзија им беше многу подобра. Јас веќе не менувам.
И мене Аромако ми е многу подобар од Бен и Ана, многу полесно се нанесува, а Лавера ги немам пробано.
Да овој го користам моментало и мене ми е супер. Само на сува кожа тешко се нанесува. Ако не ставам одма после туширање на влажна после е потешко. Се рони некогаш. А гледам многу аромако го фалат па ќе пробам. Велат и полесно се нанесувал
Dali pred koristenje na aromako treba da e vlazna pazuvata? Samo sto go zemav ama mnogu tesko se nanesuva.
Не, омекнува со самото нанесување, како сапунче треба да е. И се чува затворен, во спротивно ќе се исуши. За полесно нанесување ако ти е првпат, изгреби го со ноже површинскиот слој од страната со која ќе мачкаш, и ќе видиш дека ќе биде полесно.