Е да, јас сега малку чекам да пројде време по бричењето, па потоа мачкам. @VSkopje треба да го чуваш затворен стикот во ќесичка , инаку нема да ти се исуши
Одличен е, нема мирис и не поти и не замирисуваш. Јас го користев долго време, па нешо сменив така ми дое. Сега пак ќе го нарачам
Споделив по однос на ефектот. Си ја врши работата. И 100% на природна база и да спречи мирис на испотени мишки, ако најдете, баш препорачајте.
Мене алверде кремата део и Аромако не ми пропуштаат во однос на миризба, се потам да ама не мириса на испотени мишки
За ова кремче зборувам, и машкото исто го имам користено исто ми држи, плус сум бремена и баш се потам обилно и до сега не ме изневери
Да споделам позитивно искуство за стикчето од Бен и Анна Предходно од блиска ми имаше споделено негативно искуство од Бен и Анна, во однос на тоа што пропуштал во миризба и затоа не се имав решено да ги пробам ама последно кога бев во ДМ немаше од тоа на Алверде што си користам и со маж ми се решивме за ова. Ми издржува скоро па цел ден без не пријатна миризба, и многу ми е драго што мирисот е свеж и ми се допаѓа, и тоа го тестирав во стресен ден со патување и баш ми издржа до вечерта топло го препорачувам
Jas slicno samo na Balea Se vodeni i se mackas. Ama posto nikakov trag ne ostava, ne pusta nisto, prestanav da go koristam posto mislev ne znam da go stavam. I pak mirisav
Овие кристални рол-они и стикови содржат алуминиум, иако во поинаква форма од класичните антиперспиранти.
За жал нема дезодоранс без алуминиум кој би го спречил потењето,само може миризбата,кај некои и тоа не може.Алуминиумот има атстригентно дејство и затоа не дозволува потење,штетен е ама тоа е.
Има нови стикчиња без алуминиум на база на сода бикарбона и енергични масла. Да , па целта е да не се спречи потењето, само да се сузбие непријатната миризба .
Јас со години си праам домашен. Мешам сода бикарбона, густин и кокосово уље, некад и етерично, она од портокал ми има добар мирис. Ко ќе го стаам после бањање, цел ден нит мирисам нит нишо.