Мислењево ти е одамна, ама сакав да те прашам, нели се лепи после од густинот и кокосовото? И сооднос колку ставаш? Инаку знам за сода и вода, тоа повеќе летно време практикувам и цел ден ниту мирис, ниту потење. Барам антипреспиранти на природна база, ама иако некои немаат алуминиум, имаат друг штетен состав.
Не. Кога ќе го утријам во кожа, најнормално се понаша, како и секој друг дезодоранс. Овој ми е рецептот. 1 лажица кокосово, 1 лажица густин, 1 лажица сода бикарбона. Ако ми е претечна смесата, додавам уште малку густин и сода. Ако ми е прегуста, уште малку кокосово масло. Но секако, приспособи го рецептот за тебе. Ако имаш понежна кожа, онда ќе ставаш помалку сода. И пред било што, пред да ставиш на пазув, прво тестирај го на внатрешниот дел од раката, кај бицепсот, или кај кожата на вратот. Оти на некои луѓе знае да им се иритира кожа, посебно од сода. Кокосовото исто стопи го за да можеш полесно да го мешаш, во дупла чинија; чинијата со кокосово ја ставаш во друга чинија со топла вода да се растопи. Само немој директно на рингла, имам читано дека не е добро за маслото. Друго шо сакав да кажам, дека есенцијалното масло не е неопходно. Се може и без. Дезодорансот кога ќе се стави на кожа, мириса на апсолутно ништо. А и овие маслава знаат да бидат иритантни на кожа. Но мене никад не ми правеле проблем кога сум ги ставала во мојов дезодоранс, домашниов. Од кога почнав да го правам овој дезодоранс, немам купено над 5 години купечки. Предобар ми е мене.
Гледам има доста позитивни искуства од Ben & Anna стиковите, па да споделам и јас. Пред да го купам, користев Dove со алуминиум и бев навикната воопшто да не се потам (дури ни кога вежбам, што не е здраво) и никогаш да не замирисувам. Затоа сега со предрасуди бев за стикот, ама многу добар се покажа, нормално, поти малку повеќе од дезодоранс со алуминиум, ама не замисрисува воопшто, и држи цел ден. Препорака и од мене, а јас едвај чекам да ги пробам и другите
Во сите подобро снабдени аптеки. Јас го купив од аптека Виола, околу 800 и нешто ден. Економичен е. Нанесувам повеќе прскања, споро се троши .
Девојки, пред извесно време сменив антиперспирант односно месец дена користев Алое Вера стикот од Форевер ливинг, за кратко време го сменив со Бен анд Анна ситкот. Сега приметивам за прв пат дека ми се направиле темни кругови на пазувите кои никогаш птетходно не сум ги имала. Прво дајте совет како да ги тргнам ако некоја знае, и второ имате ли претстава од што може да ми се појават.
Od toj Ben and Anna ti e. Od sodata, hiperpigmentacija ti se napravila. Mene sama mi iscezna mi izblede, otkako prestanav da go koristam.
Пробајте со Сода бикарбона (за храна) 500 г од Алкалоид, малку на прстите со вода под пазуви, цел ден сте заштитени, испробано, на тој начин користам 10 год, нема никаков мирис, а нормално си е потењето, како што и треба да биде, баталете хемикалии и антиперспиранти ..
И мене ми се случуваше истото со Бен&Ана стикот. Ми избледе пигментот кога го сменив со друг. Исто и Аромако од Лаш ми ја осветлува кожата под пазувите, можеби е до содата што ја има во составот, ама малку ми ги лупи деловите околу самата пазува па да го дотрошам и најверојатно ќе го сменам и него. Дали некоја што го користела се соочила со истото?
Потврдувам. Кога сум у брзање ми е топ ствар. Само знае да ми остави траг на алишта. Но вака вообичаено, сода бикарбона, кокосово масло и густин ми е предобро нешто. Повеќе од 5 години го користам дезодорансов.
@Puellapulchra Поодамна е постов, ама ако можеш да споделиш сооднос по колку ставаш од состојките? Tnx
Првиот пат кога го користев пред некоја година, ми направи иритација и имав чешање и црвенило, прекинав да го користам. Па се навратив по некое време, скроз океј беше. Сега нешто ми текна да му дадам шанса пак, немаше проблем никаков и таман си реков супер, ги приметив лупешките. Ептен се изнервирав и не верувам пак да го купам кога ќе ми се потроши. Ќе си барам нешто друго.
Еве цитирано од претходно што сум пишала. Но бидеќи е лето, повеќе се топи маслото, можеш помалку од кокосовото да ставиш или повеќе од сувите состојки.