Го пробала некоја ова од Балеа? Не знам дали им е ново, ко да го имаа и претходно или можеби сум нешто грешка, не сум сигурна. Ама ако го бива, да се земе за проба тест.
Немам искуство со оваа деокрема, мислам нова е, ама другата со малина и јас можам да ја пофалам. Ја тестирав сред лето и пазувите ми останаа свежи без никаков непријатен мирис, а не очекував дека вакво нешто без алуминиум ќе држи. И таа на Алверде е убава, ама на Балеа како повеќе да држи. Само еден минус што мене лично ми е непрактично да ја мачкам.
Супер, фала што споделивте @Cherry blossom89 @fbaby @Orchidea Да си земам кога ќе ми се потроши Аромако. Скроз непрактичен ми е и тој, така што, навикната сум на непрактично. Веројатно другово ќе има посимпатичен цветен мирис, а ова ако мириса исто како дезодорансот, ќе мириса пудресто, на чисто. Ќе се проба, па ќе споделам како ќе ми се допадне.
Да ја пофалам и јас Балеа кремата со малина. Ја користев и таа на Алверде, една беше со мирис на портокал, другата беше без мирис, сино пакување. Полесно се размачкуваат од оваа на Балеа, ама не ми се чинеа толку трајни. За мачкање, особено надвор, точно е дека не се практични, ама за да не буричкаме со прсти во кремот, може вакви да се користат, донекаде ќе го олесни проблемот.
Убаво мириса ама секоја чест ако те штити од непријатни мириси. Мене лично од Балеа деокремата со малина ми е далеку подобра од овој кој не ме штити.
Мене таман ми е, ми држи повеќе од другите што сум ги пробала, ама сепак би ја пробала и деокремава што е фалена низ темава ако ја земам ќе направам споредба баш.
Минатата година, овој период исто ги имаше на флаер во Стокомак. Купив еден за проба, ептен ми се погоди, па додека ги имаше купив околу 15тина и ги користев до скоро. Едвај дочекав повторно да ги има, па денес пак си направив залиха Само што претходно го користев синиот, сега го нема, па купив повеќе од розевиот и неколку од зелениот.
Остава флеки по маички и кошули? И јас ги гледав стикчињава, го пофатив зеленото па го оставив за да ги изгуглам прво.
Остава бело, за флеки немам забележано нешто страшно што не излегува после перење. Јас сум задоволна, ми држи повеќе саати. Последно зедов две од Алверде и ич не сум задоволна.
Јас го користам ама при крај ми е ,и мислам нема ефект од него,бели флеки остава под пазувите,го имам зеленото пакување