Некој во муабет од мојава околина ми ги пофали овие спрејови од Алверде и ми се чини дека имаше три видови (зелен, син и розов). Јас го одбрав овој, некој цветен пудрест мирис. Прекрасно мириса, ама само тоа имам да го кажам како плус за продуктов. Не е нешто делотворен искрено, многу малку трае ефектот. Не би ризикувала со него во периоди кога сум натунтана со слоеви облека, зашто речиси сум сигурна дека нема да штити. Штета, мислев дека ептен ќе ми одговара, ама ништо од бизнисот. Пак си го купив Аромако на крај, ми легна ептен.
Препорака од мене за Salt of the earth. Овие спрејчиња ми се откритие на годината. Ги користам околу 5 месеци, до сега имам потрошено 2 и веќе сум на третото. Ги имам пробано розевото, и ова со ѓумбир и јасмин кое ми се допаѓа повеќе отколку розевото. Ги купувам од Зегин, често се на попуст, по околу 299 или 399, ги немам до сега земено на редовна цена. Случајно видов дека се без алуминиум, никогаш не сум гледала состав на антипреспиранти, но ете случајно се погоди супер. Не оставаат траг, не сум се осетила да мирисам, освен ако се препотам нешто ептен летото на 50 степени. Се ставаат на чисти пазуви, одма после туширање прскам по два пати на пазува и потоа ставам на ново наредниот ден после туширање.
Имаше убави коментари за Балеа део кремот со мирис на малини, го купив и јас. Навистина е супер, не очекував и баш пријатно се изненадив. 100 и нешто денари беше, живо џабе. Мирисот е прекрасен, цветно-овошен, нежен. Малку е незгодно нанесувањето на почеток, ама не е нешто страшно според мене. Влегува во рутина за некој ден. И што е најважно, држи цел ден и не пробива непријатен мирис. Супер се покажува и со милион слоеви на облека сега во овој период, маки нема кремов. Не очекував дека ќе функционира, не знам зошто, можеби дека ретко се погодуваат Балеа продуктиве. Ама ова е топ, стварно. Не знам дали би го пробала и тоа во плаво кутивче. Најверојатно ќе оди на листата „да си го купам пак“.
Го земав тој со Ѓумбир & Јасмин беше на попуст во Зегин, боже смрди отров мириса на нешто кисело медицинско како заболекарска амбуланта. Никаков јасмин не се осеќа Не знам по кој пат се лажам со овие природните упорно земам да пробам и ни еден не мирисал убаво
Не знам, мирисот не е нешто посебно, мириса само кога ќе го прсниш, после то не се осеќа. Почекај малце ќе се навикнеш, важно е то шо после тоа не мирисаш на испотено.
Уште една препорака за предобра део крема без алуминиум. Ја купив за проба, веќе 3то пакување користам. Претходно имав оставено рецензија за Ben&Anna стикчињата и кремата, и тие се ефикасни, ама ова освен што е ефикасно има многу подобра текстура и одлично се нанесува без да се рони или да остава траги. Се води како машко ама има неутрален мирис, мене лично ич не ми прави разлика дека е машко. Инаку последно кога ја купив се мислев да ја земам како замена розевата што ја има препорачано погоре @Mishela ама од пусти страв дека нема да биде толку ефикасна како оваа, се задржав на старата. Ама откако ја прочитав рецензијата дефинитивно ќе ја пробам и таа, секако имаат сличен состав.
Пробај го во наредна прилика, супер е овој со малини. Мирисот му е фантазија! Супер штом има и ваква опција од Алверде. Би му дала шанса некогаш.