Се приклучувам и јас во незадоволните од Дав, и класичниот и со краставица. Прво купив со краставица, го потрошив целиот. Немаше лоша миризба, но бараше често ставање за да се одржи свеж мирис. Потењето како и обично, не го намали, но не ми пречеше. Потоа купив уште два додека беа на попуст, но изгледа се презаситив. Додека беа поладни денови, се беше супер. Кога затопли повеќе, или за време на физичка активност, многу лошо мириса, ептен. Ќе чекам ладни денови за да ги дотрошам. Купив рол он на Алверде, со камилица и алое вера. Го испробав овие два дена, но на подолго и на најголемата жештина, немаше воопшто лош мирис. Малку ми пречи што остава бело ако нанесеш повеќе, но со едно поминување е супер. Можеби е рано да донесувам заклучоци, но мислам дека нема да ме разочара
Ќе кажам и јас Не за Dove без алуминиум. Го имам со мирис на краставица, мирисот е преубав ама воопшто не помага. Јас се потам многу и ништо до сега што сум користела не го спречило тоа, но со овој Дав добивам мирис лош(што обично го немам) незнам зошто и не ми се допаѓа. Морам постојано да се бришам, да се мијам, не сум задоволна. А обичниот Дав ми е супер.
Јас па цел живот користам дав од краставица. Кога сакав да сменам дезодоранс без алуминиум, земав спреј алверде од бергамот и лимета, мислам дека ќе умрев. Сметам дека дав е многу појак, а алверде е за некои кои слабо се потат. Види чудни жени што сме, со различни искуства.
Мене Алверде ми е најгрдо нешто што сум ставила на себе. Леплив, ми ги уништи сите маици. Ми прави флеки. Општо не сакам рол-он. Чекај го да се исуши, па лепи...немам толку време наутро. Со години користев Дав класичен, од овие без алуминиум ми се погодија сите. Ниту мирисам, ниту ми прави флеки. Потењето ми е нормално. Ниту сум од тие што не се потат воопшто, ниту се потам прекумерно. Моментално имам Дав без алуминиум од праска. И тој ми е супер. Нивеа на пример не ми се погодија, така да, секоја треба да си проба да најде соодветен препарат што ќе одговара. Јас од Алверде дефинитивно кревам раце. Општо земено, имам многу лошо искуство со брендов. На прсти се брои само што ми се погодило досега од нивниот асортиман.
Алверде спрејот беше како да немам ставено ништо, баш штета што е таков а со добра формула. Се вратив на дав од краставица, но чекам да ми текне да си купам од Лаш дезодоранс. Ролони не обожавам, ама имам накупено за да ми се наоѓаат кога летам со авион.
Мене Лаш не ми одговара, ми се јавува реакција. Никогаш повеќе не би го купила Аромако, го фрлив одвај потрошен до пола.
Јас тој од Лаш не сум го пробала. А за другиве до сега убедливо Алверде спрејчето ми беше супер. Потење не спречуваше, но беше убав свеж, и не ми се правеше лоша миризба. Само ме нервираше што имаше алкохол, па не можеш да ставаш после бричење бидејќи пржи страшно Затоа се одлучив и ролоните да им ги пробам. Овие неколку дена е во ред, но да истестирам поубаво па ќе пишам искуство. А Нивеа, Дав, Балеа, не ми вршеа работа мене Дефинитивно е од личност до личност. Додека не си пробаш на своја кожа, нема да знаеш
На прва страна од темава сум го коментирала Dove со краставичка без алуминиум, но тоа било прв впечаток по само околу недела ипол од купувањето, и додека времето сѐ уште беше релативно свежо. Сега, по малку подолго користење и на топло време, конечна „пресуда“ од мене му е - не. Потењето и на поладно не ми го спречуваше, но сега на топлово за многу кратко време ми створа и многу непријатна миризба која јас самата не можам да си ја поднесам, а околу мене да нe правиме муабет. Истото негативно искуство го има и мајка ми, а нејзе, бидејќи има проблем со користење на антиперспиранти кои содржат алуминиум, и е уште поважно да најде нешто без, кое добро ќе си ја врши работата. Јас повторно си се вратив на машка Нивеа која иако содржи алуминиум, е досега единствен антиперспирант кој ми го држи прекумерното потење под контрола и не дозволува створање на никаква миризба. @Annath / @koritsaki дали можеби се сеќавате по која цена за колкава грамажа го купувате Аромако? Мислам дека од препарати без алуминиум, уште нему би му дала шанса, и тоа е тоа.
Мене Дав ми се најпогодени досега, општо како бренд. Тој класичниот стик (што содржи алуминиум) го користам 10+ години, нешто подобро немам најдено од него, а имам пробано СЕ. Сега и овие без алуминиум ги користам и тие ми се супер, со тоа што класичниот прејако ми мириса, се потрув мислам, па не би го земала пак, пишував веќе тука. Ама затоа тој од краставичка ми е одличен за летово, свеж и ненападен. Јас не се потам многу воопшто и како единствена маана би го навела тоа што не се трајни како класичните Дав. Но за препарат без алуминиум се одлични. И Аромако од Лаш ми е исто супер, само некако за лето не, ми остава мрсничко пошто содржи масла, а со заштитата се тука некаде со дав. @MagsDestiny да ти одговорам јас, околу 500 ден е 100 гр.
@MagsDestiny Јас Аромако го земав во грчкиот Lush 6,5 евра 100 гр. Во Македонија втор пат земав многу големо парче и го платив околу 700 денари Јас Аромако не го менувам за ништо , не знам дали би можеле да ви исечат некое ептен мало парче колку за проба
Ако некоја користи Нивеа дезодоранси, да знаете дека до крајот на неделата во Зегин се на акција и чинат 89 денари. Има и Нивеа без алуминиум во акцијата, мајка ми ги користи и си купила, па од неа ми е информацијата. Спојлер Лево на фотографијата.
И од мене НЕ за Дав оригиналот без алуминиум. Кога сум во теретана се осеќам дека си смрдкам, а после и облеката ми мириса ептен лошо. Со ниту еден дезодоранс не сум имала чувствување на миризба. Ќе го оставам за во зима кога ќе нема да се потам екстремно.
Реков ај да го дотрошам Давот ама денеска отиде во канта, значи си осекам дека мирисам, мм не ми спомна ништо најверојатно не му мирисам, ама џабе чим јас осекам дека ми мириса Денов го поминав со сода бикарбона на влажни пазуви, не знам кој да го земам понатаму, гледам цената на Аромако е соленка, Нивеата добра е? А има и едни по аптекиве Кристал се викаа чинам така нешто, на природна база само и тие колку ја неутрализираат миризбата
@anastasijaki мајка ми го имаше купено тој спреј на Кристал и , не штитеше од потење она буквално смрдиш многу лошо.. а и скапи се , не ти препорачувам да го земеш. Аромако исто така е скап да , ама се троши многу споро , тоа парче сигурно 6 месеци го користев секојден.
Јас го користам стикот на Forever со алое вера што е. Презадоволна сум, и трае ептен! Го користам 4 месец веќе истиот стик.
Кристал не се на природна база, исто содржат алуминиум, т.е се работи за алуминиумова сол. Мене ептен ми помагаша кристалниот рол он на Балеа, ама кога видов дека има алуминиум го сменив. Аромако е поскап, ама не се троши брзо. Јас зедов парче во ноември лани, околу 700 денари беше, уште една третина имам, ќе го користам уште два месеци сигурно. Исплатлив е ептен. Секојдневно го користам и она што приметувам дека колку и да потам, мирис нема. Особено на работа, клима ретко користам, а работата ми е напорна, и униформата пошто е синтетика неретко се замирисува брзо. Со Аромако го немам тој проблем.
Јас на овие мислев, пишува дека не содржат ништо штетно. Како што гледам ја има и розовата панделка симболот на борбата за рак на дојка.
Јас луѓе мака мачам последно време со дезодорансиве, користев Дав толку многу време и ги имам сите пробано, овој од краставица како побезбедна варијанта сакав да му дадам шанса, жими се се трудев, ама толку лошо ми мирисаше потта после некој час што дури не можев да се поднесам. Јас сум личност која многу се поти, предходно немав проблем со миризба и сите горе долу ми одговараа ама сега не знам што е, веројатно имам промена во хормоните и еве уште колку дезодоранси не испробав никој не ми издржува свеж мирис после 3-4 часа и тоа со повторување. Се туширам редовно, менувам облека, значи не е хигиена у питање, ама не знам што е проблемот, некој совет? Сега користам Нивеа моментално, тој зелениот со алое ми беше добар некое време ама ете сега кај нас во град никаде не можам да го најдам веќе многу месеци.