Новите на Дав што се као без алуминиум што е тоа Aluminium Chlorohydrate? Не прават будали бе Видов дури некни и отиде во канта. Nivea Pure & Natural нема,добро има други гадотии ама бар алуминиум нема. Одамна се спремав да пробам како иде навлажнети прстиња намацани у сода без алуминиум, ама неако ми се гледаше ептен комплицирано кога треба да киднеш од дома набрзинка. Вчера пробав и ја подобра заштита ни со Аромако не сум имала. Ептен штити, плус тоа и да ставиш парфем не се меша со запотена мишка + кобинација Дав,Нивеа,Алверде... Мислам дека верно ќе си се дружиме
Па ова е Дав со круша, а тој не е без алуминиум, стандарден си е и не спаѓа во таа нова колекција без алуминиум. Нов е, лани излезе ама никаде нема назначено дека баш тој е без алуминиумови соли. Така да, анастасијаки е во право.
Сепак си грешка, ете и Мишела ти потврди, овој дезодоранс не е без алуминиум, за да е напред требa да пишува 0% aluminium salts.
Интересна тема. Јас купувам 50-грамски бар, против потење, комплетно на природна база, правен рачно и сум стварно задоволна...
Па не е Дав круша,минерал тач е Јас незнам кога кои излегле и колку се стари ако се стари верзии. Тука негде низ теми се расправаше дека и овие се без алуминиум,затоа посочив. Споделив само како содата мене повеќе ми се виде корисна од било кој део спреј немора и на вакви теми судии да си играме ! Но сепак ете во право си д винер ис анастасијаки
Па нека e и минерал тач , апсолутно ништо не менува тоа. Нема таков Дав со плаво-зелено капаче што е без алуминиум. На самото шише си е наведено дали има или нема алуминиум, како што веќе ти пишаа, треба да пишува 0% aluminium salts. За тие збориме во темата, а не за обичните Дав кои имаат стандардни состојки. Плус, не смеат да пишат дека нема алуминиум, а да има во составот. Тоа е казниво со закон, не е зафрканција да се излаже за декларација. И не, не е поентата кој бил „д винер“ или д не знам што, туку очигледно се работеше за нејаснотија, дезинформација, па не е лошо да се објасни пред и некоја друга членка да се збуни вака како тебе.
Да де така е, само од страна така изгледа целиов разговор. Надмудрувачки. Инаку како не љубител на дезодоранси, ми го донесоа на подарок заедно со Нивеата со намера дека е без алуминиум не ни ѕирнав одма состав. Дури пред некој ден видов па и во таа насока беше мојот пост.
Има и Фа антиперспиранти без алуминиум. Размислував да купам некој ваков антиперспирант, ама кога прочитав дека не штитат убаво, се откажав. Ќе си продолжам со Рексоната. Стикот ми е подобар отколку дезодорансот.
Само што го зедов Нивеа без алуминиум, утре ке го пробам, последна шанса давам на него, ако и со овој мирисам нема шанси да купам веке никаков без алуминиум.
Еве ме да ја пофалам Нивеата, не ми се верува колку е ефикасна, значи два дена ставам накај 11часот наутро, цел ден сум физички активна и воопшто не мириса потта, презадоволна сум, со другите за половина час мирисав. Ја препорачувам, ја имам fresh pure @kala21 што ја има постирано.
Преубав! За само 89 денари одлично си ја врши работата, а е тестиран и на жештини. Мирисот му е феноменален, вистинско манго
Досега имам ставено 3-4 пати и не сум забележала бели траги. Сепак нека се изјаснат и членките погоре за сигурно, доколку го користат подолго време. @anastasijaki @kala21
Не,не оставаод тие што ги користев до сега без алуминиум не сум забележала некој да остава бели траги