Јас купив еден Балеа сензитив без алкохол и без алуминиум. Многу ми се допаѓа, а мирисот ептен трае што дури и ме нервира. Многу е убав дезодорансот и не замирисува засега, па да видиме.
Јас после проблем со десната пазува на која ми беа запушени каналите на потните жлезди од секакви дездоранси решив да не користам повеќе со алуминиум . После тој проблем од кога помина тоа како топче почна десната пазува многу да мириса на испотено а редовно секој ден се туширав . Зевав на vishy ролон без алуминиум но пак мирисав и затоа решив да земам сода бикарбона од аптека без алуминиум , од неа после туширање си ставам и го земав овој спреј . Сега не мирисам и тоа се реши иако е лето и се потам. Пред две години го користев ролонот на Еуцерин 48h а тогаш не обраќав внимание на состав и алуминиум ,сега скоро сакав да го земам бидејки стварно беше добар но штета што има алуминиум
Почна да смрдка и Балеата. И тоа ептен чудно и подмукло, на некој микс од запурено и замаскирано со мирисот од самиот спреј. Неугодна миризба во секој случај. Се враќам на Дав без алуминиум повторно.
Здраво девојки дали некоја од вас користела на Vishy од 48h ролон и како сте задоволни Се мислам за овој без алуминиум , алкохол и парабени
И овој содржи алуминиум, само не во форма на хлорохидрат како повеќето антиперспиранти. Само е како potassium alum. А и тоа не чини.
@beautys20 те молам во омилени продукти си пишала за рексона без алуминиум. Од каде го купи? Бидејќи го немам забележано низ маркетите.
Јас го фрлив. Неколку дена беше океј, ама потоа катастрофа. Ужасно ги умирисува алиштата и кожата ми мирисаше како да не сум туширана со денови. Одвај се исчистив од смрдеата, си купив спреј Балеа со алкохол без алуминиум, океј ми е зашто и онака не се потам многу. Ваков Балеа антиперспирант - никогаш повеќе.
Јас за некое чудо сум задоволна од Нивеата, но таа во нова амбалажа што е. Од тие обичните кога пробав беше лошо. Можеби исти е составот, па телото ми се навикнало, или не знам што се случило, но супер ми е сега И овој и Fresh pure, во вакво пакување.
Да го препорачам овој дезодоранс. Го купив во Тинекс за некои 140 - 150 денари. Италијански производ што вистиснки не остава флеки на црно, а ни жолтило на бели маички. ИМа нежен суптилен пудрест мирис и штити премногу од потење и миризба.
Јас сум задоволна од Нивеа и во старите паковања. Вакви не сум нашла уште, ќе пробам наредно. И на вежбање ми издржуваат. Дав ми се здосади од мирисите, многу се потешки од овие на Нивеа.
Јас решив да користам антиперспиранти без алуминиум, затоа што пред 2 недели пак ми се појави грутка под пазувата.