Јас користам ролон од La Soy премногу сум задоволна од трајноста без алуминиум, без алкохол и парабен предобар е
Леле, леле, дезодорансов... Го земав врз да видам дека е без алуминиум. Ретко можам да користам подолго време исти дезодоранс, ми се презаситува кожата, па ми се чини дека постојано смрткам после. Овој е љубов на прв поглед. Го користам дваесетина дена и уште не ме изневерил ни еднаш. Многу свежо мириса, многу убаво се чувствувам, сигурно, освежено. Мислам дека ќе си земам од линијата и ќе ги менувам. Цената смешна, 70-80 денари. Ако не ми се погоди ќе земам следен пат стик Old Spice Bearglove исто има пријатен овошен мирис. Дечко ми користи Old Spice Whitewater со години и верувам никогаш нема да го смени. Само нешто тешко се наоѓаат во МК веќе, само во Веро и Тинекс, и тоа секогаш се скоро распродадени да не се повлекуваат old spice од мк?
Епа cosmo нелие на tinex, и во тинекс ги има ама нешто како да им се намалува бројот со тек на време, ко да се повлекуваат од пазарот. Секогаш кај што е олд спајс има полупразни полици.
Во Космо има повеќе избор на олд спајс од тинекс мислам. Немаат исти производи баш во се ако се под едно Инаку, ги повлекоа едно време сега ги има пак. За Космо зборам, тинекс не сум проверила.
Stikot od Forever - Aloe sto odi samo so kataloska prodazba ne sodrzi Al, ama sodrzi triclosan, ne znam sto e beter pomedju ovie dve sostojki. Sakav da ve prasam kade go ima da se kupi gore postiraniot Vishy mineral 48h i dali znaete cena? I kade gi ima Dove stikovite bez Al? Vo obid da pronajdam deo bez aluminum koristev kristal od Balea, katastrofa e po mene, i eden stik na Alverde so zalfija i limon nesto taka bese, go frliv odma zasto luge toa tolku mnogu smrdese da nemam komentar. Nanesov ednas, pa koga mi zasmrde ne mi tekna i vtor pat. Nalet i organsko i se Aj ve molam za preporaka od vase iskustvo?
Тој на Виши го имаш во аптеките , еурофарм , зегин Алверде и Балеа се катастрофа , од тие без алуминиум не ми се погодило ништо досега. Јас би ти го препорачала на Lush Aromaco , може и можат да ти исечат од некое парче да си пробаш , јас скоро 2 години го користам и сум многу задоволна.
Кристалот на Балеа не е без алуминиум, и јас го користев, и бев многу задоволна. Не знам дали има Дав стикови без алуминиум, има спрејчиња, ама јас не сум задоволна, лошо мирисаат, смрдат после некое време. Иначе како @koritsaki би ти го препорачала Аромако на Лаш, природен е, на база на масла и сода бикарбона, ама дали ќе ти биде добар, не знам. Како сапунче е, мене ми е одличен, сега пак ќе купувам.
За сите оние кои бараат антипреспиранти без алуминиум, и Рексона има веќе свој производ. Во КАМ ги има, од таму го зедов јас. Ќе пишам каков е по неколку дена.
Здраво на сите членки, тукушто се зачленив... да се надоврзам на темава... значи и јас долго време сум во потрага по идеален дезодоранс, инаку постојано ги менувам, купувам и антиперспиранти, не само дезодоранси... последен што купив е розевиот дезодоранс на Fa Pink Passion и сум многу пријатно изненадена, но потрагата не завршува тука
Да направам апдејт, супер е антипреспирантот. Подобар е дури и од тие што се со алуминиум на Рексона, трае подолго и мириост е за нијанси по остар. Дефинитивно се префрлам на него.
Јас два дена го користам овој дезодоранс на BU и не се умирисувам, мирисот исто така супер е како што гледам во составот нема алуминиум што е одлично
@LejlaD го користам некое време, супер ми е сега за сега- ама преферирам да ги тестирам во лето. Единствено што не ми се допаѓа е мирисот кој го имаат во Кам. Некако многу ми е класичен.. Ќе побарам по другите маркети и други мириси од Рексонава.
Samo Soda Bikarbona! Probajte! Eftino, prirodno i najefikasno, nikakov miris. I shto e najvazno, bez nikakov kancerogen ili hormonalen ( endokrinen) perturbator Nacin na upotreba: na navlazneti pazuvi nanesete mala kolicina soda bikarbona ( vo prasok forma). Prasokot kje se stopi polovicno ili celosno.