Досега ми се нема случено , можеби е поради тоа што нема алуминиум , само треба после туширање на влажни пазуви .
Јас прв пат купувам исти дезодоранс два пати (Освен Дав, оној со алуминиум). Брзо ми се навикнува кожата и само трупам недотрошени дезодоранси дома. Тука некоја девојка го користеше Old spice wolfthorn, па по искуство од дечко ми кој со години користи whitewater, и едно чудо статии што пишаа дека дури и повеќе жени користат old spice од мажи, решив да го пробам и јас. Многу пријатен мирис, овошен. Чист, свеж портокал. Споро се троши, траги не остава апсолутно никакви. Не можам да го изнафалам.
QUOTE="DAngel, post: 4334098, member: 34819"]Во кој Рамстор ги има? Кај мене во локалниот ги нема. Ако се 99 сите ќе ги купам [/QUOTE] На каталогот пишуваше 0д 21.03. Може во поголемите. Во Рамстор мол ги има.Со рамстор картичка се 99ден. иначе се 139. Сега се бев таму и си го купив во стик whitewater. Волкот и мечката ги немаат. Само 3 вида има во моментов. Може во Сити мол да има поголем избор не сум проверила таму. За кој велиш дека мириса на портокал? Јас сега си го купив стикот whitewater.
Wolfthorn мириса на портокал. Bearglove исто мириса овошно. Whitewater е многу убав ама дечко ми го користи, ептен да не користиме исти двајцата
Интересна информација, не сум ja знаела Мислев дека сум единствениот фрик што користи Old Spice, особено затоа што сите реклами и целиот филм им е мажи, мажествени мажи, мажи од кои сите жени паѓаат во несвест и слично. Јас почнав да ги купувам во Америка, откако ниеден женски дезодоранс не ми се допаѓаше. Омилен ми е Bearglove, кој тука на почетокот не го носеа, а сега го имам видено само во Веро.
Какво е вашето мислење за Fa дезодорансите? Моментално се 69ден. во Зегин. Кој според вас од нив е најдобар?
Не сум баш задоволна од нив, имам користено и сум тип шо ич не се поти и ме умирисуваа.Боње додај уште 20 ден земи си Рексона
презадоволна сум од дезодорансите на нивеа со 0% алуминиум. долготраен мирис и не се потам воопшто. тој на кој што пишува fresh clean мириса исто како темно плавото млеко за тело на нивеа, што е мн нежен и чист мирис.
@DAngel што користиш моментално? Те прочитав дека ти се заситува кожата брзо пред некој ден, и дури сега ми текна да пишам. Истото ми се случува, и ме нервира дури, ми иде да си купам пак стандард дезедоранс.
Мене и од обични ми се заситува Олд Спајс стик користам, ама имам и еден Дав обичен поклон па наизменично ги користам моментално за да го потрошам. Сепак, Олд Спајс Wolfthorn, изразит мирис на портокал. Многу е свеж и ич не е машки (а да не се лажеме, машките дезодоранси поефективни се). Олд Спајс Bearglove е исто така убав и овошен. Мислам дека сите дезодоранси ги надминува (и со и без алуминиум). Ептен убав мирис има, споро се троши, не го ни осеќаш на кожа и никакви траги не остава. Тоа за сините гелови гарантирам. Ќе речам второ пакување трошам, ама немаш појма колку долго ми траеше првото, заборавив дека имам дезороранс купено, така да се брои како 3/4 сигурно да сум потрошила најмалку Одличен е.
Јас немам среќа со ни еден од дезодорансите и стиковите без алуминиум што пробав. А од обичните ми се затнуваат жлездите многу често, ама морам да користам за на работа.
Old Spice нема алуминиум? Ооо, веднаш одам да го купам ако е така, јас машките стикови досега не ги ни погледнував