Стикот плоснат што е (син од внатре) нема сигурно, за другите не знам, ама претпоставувам исто немаат
Спојлер: Состав Old Spice Wolfthorn го проверив, ме заинтересира мирисот на портокал, и без алуминиум е. Ти благодарам, не би ми текнало никогаш да ги пробам машкиве дезодоранси
Не мириса на машки мирис? И јас пребарав сега, на база на алкохол функционирале, ја сушат потта и дезинфицираат, па така спречувале мирис од бактериите. Ќе пробам и јас, само ако немаат јак мирис.
@Arja Спрејот го користев летно време, многу ми е убав. Не спречува потење но нема непријатни миризби, дури и мириса свежо. Единствен проблем ми беше што не можев да го нанесувам веднаш после брич бидејќи ужасно пржеше Ролонов го користев цела зима и сеуште. Исто така убав, понежен од спрејот, не ми се јавила никаква реакција од него. Не спречува потење, но секако не се јавува непријатна миризба. Но, сепак мислам за поголема заштита спрејот е подобар.
Го користам овој веќе месец дена (и уште има).И му давам 10/10.Одличен е.Ставив околу 5 часот и уште трае.Многу е траен(јас се потам премногу,но не ми смрди потта многу).Мене ми има карактеристичен мирис на чисто. Го препорачувам,го има во Кам околу 90 денари е ЕДИТ:го користев Балеа стикот без алуминиум едно време,но немаше ефект.После некое време оддава некој лош,чуден мирис. Од друга страна,мајка ми го користи дезедорансот на Балеа без алуминиум и е презадоволна.
И јас сум задоволна од рексоната без алуминиум од кам,од сите што ги имам пробано без ал. ова е најдобро,еве и јас месец дена може го користам ,а од другите неколку дена и толку идат у канта
Дали може слика? За која Рексона станува збор? ( Јас имав проблеми со Рексона. Ми воспалуваше жлезди. Сефа сакам да пробам од овие)
Што имаш користено? Пробав доста и број 1 ми е Нивеа со јасмин,сега имам Дав праска и Рексона.Инаку забележав дека од сите без алуминиум Рексоната најмногу гуши
@kala21 имам пробано од Нивеа и дезодоранси (pure и fresh comfort) и рол-он, од рексона, од алверде лимета (најслаб од сите), од дав од праска, и од forever со алое. Нивеа ми одговараа зимата, ама сега ми се слаби и морам обичен стик да користам.
Да пробаш на Олдспајс, јас ги имам пробано сите овие што си ги набројала освен форевер, сите ми беа слаби летно време и спасот го најдов во Олдспајс стик, без алуминиум се, а одлични, го користам скоро еден месец и досега најдобро се покажа.
Јас користам стик, мислам има и дезодоранси, но не сум пробала. Стикот го купив околу 150 денари во ДМ, сум ги видела и во Веро, а бели траги на облека не оставаат.
Се заљубив во дездорансите, првпат ги среќавам овие на Fa, незнам дали и е нова колекција оваа, имат плус уште еден со мирис на лубеница. Траат без проблем, а мирисот онака летен ненападен. Одлични