Декларации на козметички производи и анализа на состојки

Дискусија во 'Тело' започната од Biodevojka, 6 декември 2015.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Тема во која може да ги коментираме декларациите на козметичките производи за лице, тело и коса (за сите возрасти), да ги разгледуваме состојките и формулите, и да разменуваме мислења за штетните состојки во традиционалната козметика. Ја отворив оваа тема по одобрение од модераторите затоа што сакав да биде попрегледно и да имаме сѐ на едно место. Еве би започнала јас со воведот кои состојки да ги избегнуваме во козметичките производи и зошто.

    1. Силикони (сите оние кои завршуваат на -thicone; -xiloxane; -silanoil)

    Силиконот се добива по хемиски пат од силициумот и во зависност од начинот на комбинација на самите хемиски елементи се добиваат разни видови на силикони кои се масовно користени во производите за нега на косата. Силиконите се антистатички, отпорни на високи температури и што е најлошо не се биоразградливи. Главната улога на силиконите е таа да ја омекнат структурата на еден производ ,односно кога истиот е нанесен на косата или кожата даваат ефект на мазна кожа и сјајна коса кој всушност е лажен и краткотраен. Силиконот нема никаква улога во негата на кожата, Дејството му е да створи заштитен филм (маска) на кожата меѓутоа не ја негува, дури во одредени случаи ја суши уште повеќе. Значи ако кожата ви е сува, силиконот прави еден слој врз неа, на допир изгледа мазна и прекрасна, меѓутоа после неколку миења (доколку не го употребувате повеќе) кожата ќе ви остане сува. Ист ефектот имаат и на косата. Значи силиконите имаат краткорочен ефект затоа што со континуираната употреба се јавуваат контраефекти како што се сува коса и оштетени врвови.

    - Dimethicone
    - Amodimethicone
    - Cyclomethicone
    - Ciclopentasiloxane
    - Dimethiconol
    - Trimethylsiloxysilicate
    - poliquaternium 80

    2. Нафтени деривати

    Во козметичките препарати главната цел на нафтените деривати е задржување на влажноста на кожата. Значи, кога ќе се намачка на кожата парафинот формира тенок слој, еден вид на заштитен филм кој ја задржува водата во кожата спречувајќи ја на тој начин дехидратацијата на кожата. Меѓутоа, на тој начин кожата неможе да дише. Ако губи премногу вода секако дека се суши тоа е повеќе од сигурно, меѓутоа доколку таа не успее да размени вода со надворешните услови постои ризик да со преголемото задржување на водата на површинскиот слој на кожата се формираат бактерии кои одлично се развиваат во услови на преголема влага и се појавуваат инфекции. Многу важно е да се напомене дека сите овие деривати воопшто не се компатибилни со кожата, односно со нејзината структура и немаат никакво хранливо дејство.
    Многумина сметаат дека се канцерогени, меѓутоа Европската Унија ги класифицираше како канцерогени состојки од 2 класа што значи дека сеуште нема докази за директна поврзаност со формирањето на ракот.

    - Mineral oil
    - Petrolatum
    - Paraffinum liquidum
    - Cera microcristallina или Microcrystalline Wax
    - Vaselina
    - Paraffina

    3. Конзерванси

    - Imidazolidinyl urea (испушта формалдехид)
    - Diazolidinyl urea (испушта формалдехид)
    - Methylchloroisothiazolinone (можен предизвикувач на алергии кај чувствителна кожа)
    - Methylisothiazolinone (можен предизвикувач на алергии кај чувствителна кожа)
    - Formaldheyde (самото име кажува сѐ)
    - DMDM hydantoin (испушта формалдехид)
    - 2-bromo, 2-nitropropane (може да испушти нитрозамин кој е канцероген)
    - 5-bromo, 5-nitro, 1,3-dioxane (може да испушти нитрозамин кој е канцероген)
    - methyldibromo glutaronitrile (може да испушти нитрозамин кој е канцероген)
    - sodium hydroxymethylglycinate (испушта формалдехид)

    4. Парабени

    Парабените не се нафтени деривати како што мислат многумина, туку станува збор за синтетички конзерванси кои за цел имаат да го заштитат козметичкиот производ од расипување, формирање на бактерии и муфла. Едни од најчесто употребуваните парабени се:

    - метилпарабен (methylparaben)
    - етилпарабен (ethylparaben)
    - пропилпарабен (propylparaben)
    - бутилпарабен (butylparaben)
    - бензилпарабен (benzylparaben)

    5. Останато

    - Кремa со следниве состојки stearic acid и triethanolamine затоа што значи дека како емулгатор во кремата е користен еден вид на сапун и ph вредноста на таа крема е базна за разлика од ph вредноста на нашата кожа која е киселкаста. (веќе подготвувам една статија за важноста на

    ph вредноста на кремите кои ги маќкаме со оглед на тоа што остануваат на кожата многу време и може да доведат до алтерација на ph вредноста на самата кожа, а со тоа и проблеми).

    - isopropyl myristate и isopropyl palmitate се две состојки кои се сметаат за комедогени. Моето мислење за комедогените состојки е дека е индивидуално кај секој од нас доколку станува збор за природни и чисти масла како маслиново, бадемово итн. Секоја кожа реагира посебно и еве на пример сите велат дека кокосовото масло е комедогено, а кај мене лично имаше фантастични резултати. Меѓутоа, кога станува збор за овие две состојки кои се добиени по хемиски пат и кои се навистина доста масни (isopropyl palmitate е помасна од isopropyl myristate) во тој случај им верувам на хемичарите кои честопати ги консултирам околу состојките во еден производ и кои 11 години истражуваат на полето на хемијата, особено на органската козметика.

    - cocamide DEA
    - cocamide MEA
    - cocamide TEA

    - PEG кои најчесто во козметичките производи се користат како емулгатори (за да се спојат маслата и водата во кремата) и како сурфактанти во производите за измивање. Се добиваат по хемиски пат со помош на етилен оксид. Бројот до PEG обично означува колку молекули на етилен оксид се користени при преработката така да колку е повисок тој број толку состојката е поштетна (PEG 150 или PEG 200).

    Кај деодорансите
    - Алуминиум
    оваа состојка се користи како антиперспирант, меѓутоа проблемот е во тоа што оваа состојка организмот не може да ја преработи, ниту пак да ја исфрли, и се насобира, односно се акумулира во нашиот организам. Се смета дека алуминиумот е една од состојките која предизвикува рак на дојката кај 1 од 10 жени.
    Важно: Алуминиумот во декларацијата можа да се најде како: aluminium chlorohydrate или алиминиумова сол, или potassium alum (присутен во голем број на деодоранси кои се декларираат како природни или органски), кој е природна сол составена од алуминиум и потасиум. Дали алиминиумот е присутен како aluminium chlorohydrate или пак potassium alum крајниот резултат е ист, разликата е во брзината со која се ослободува во организмот. Првиот е побрз, додека за вториот е потребно повеќе време. Како замена за алуминиумот во голем број на добро формулирани органски и природни деодоранси како база ќе најдете сода бикарбона или триетил цитрат(triethyl citrate), кои заедно во комбинација со останатите внимателно избрани состојки овозможува потење, меѓутоа го неутрализира лошиот мирис под пазувите.

    - Пропилен гликол (Propylene Glycol)
    според некои научници оваа состојка (доколку често се користи), може да предизвика штета на централниот нервен систем, црниот дроб и бубрезите.

    - Триклосан (Triclosan)
    оваа состојка е класифицирана како пестицид и претставува голем ризик за човековото здравје и околината. Се смета дека предизвикува рак.

    Во кремите со заштитен фактор

    Хемиски филтри
    Хемиските филтри претставуваат сложен вид на молекули кои предизвикуваат хемиски реакции, кои ги асорбираат зраците и им дозволуваат да пенетрираат во кожата. Некои од хемиските филтри се навистина штетни за кожата и имаат влијание врз хормоните во човековиот организам. Особено на овие филтри треба да внимаваат бремените жени и мајките кои ги дојат бебчињата, затоа што докажано е дека со навлегувањето во кожата на некои од овие филтри истите се пренесуваат во млекото, а преку цицањето и кај доенчето. Има два вида на хемиски филтри и тоа: фотостабилни и фотонестабилни. Е сега со оглед на тоа што некои филтри кои се фотонестабилни, може да се стабилизираат доколку се вметнат во добра формула со други стабилни филтри (се зависи од формулата на производот), не би сакала да ви ги пишувам сите филтри и формули, меѓутоа дефинитивно ќе ги наведам имињата на оние најопасните кои никако не би требало да ги мачкаме на кожата со оглед на тоа што се сметаат за токсични и што поголем број од нив се смета дека имаат влијание врз естрогените. Тоа се следниве:

    1. 4-Methylbenzyliden Camphor (4-MBC) : UVB и делумно UVA филтер, фотостабилен, меѓутоа сеуште е под испитување од страна на европската комисија поради евентуална моќна токсичност на истиот. Дозволена е негова употреба само до 4% исклучиво во производи кои се мачкаат на кожата како на пример креми или млека, додека не е воопшто дозволено во производи кои се испрскуваат (спреј призводи) затоа што може да навлезе во организмот преку дишењето.
    2. Octyldimethyl-PABA (OD-PABA)
    3. Benzophenone-3(Bp-3)
    4. Homosalate (HMS)
    5. Octyl-Methoxycinnamate (OMC)

    Поздрав
     
    На LittlePinky, Ana.brojka, Hipster и 45 други им се допаѓа ова.
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    1.548
    По дома го разгледував составот на некои креми и наидов на оваа состојка која воопшто не ми е позната, а во составот е на високо место во листата CAPRYLIC / CAPRIC. Какво дејство има врз кожата?
     
  3. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.457
    @Biodevojka :hai: што мислиш за козметиката на Corine de farme?
    Во Зегин имаат два типа на интимни гелови, со и без пребиотик. Имаат убави препарати и за коса, а и по нешто за лице.
    Си ги користела? Ги препорачуваш?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, состојката Caprylic/Capric triglyceride во суштина е масло кое во козметиката масивно се користи затоа што не оксидира и е доста издржливо. Има лесна структура и одлична замена е за растителните масла. Нема штетно дејство врз кожата.
    Здраво јас лично немам пробано ништо од оваа марка ама во една друга тема цитирав мислење за декларација на шампон за деца ако не се лажам. Ќе се обидам да ги разгледам скоро сите производи на Corine de farme или пак доколку имаш нешто дома слободно сликни и постирај овде, затоа и е отворена темава да најдеме сѐ на едно место.
    Поздрав.
     
    На honest girl, irenna и velesanka им се допаѓа ова.
  5. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.457

    Body and Intimate Care shower cream - 250 ml

    INGREDIENTS : AQUA, SODIUM LAURETH SULFATE, GLYCERIN, SODIUM CHLORIDE, DISODIUM COCOAMPHODIACETATE, DECYL GLUCOSIDE, DISODIUM LAURETH SULFOSUCCINATE, SORBITOL, PARFUM, PEG-200 HYDROGENATED GLYCERYL PALMATE, LACTIC ACID, STYRENE/ACRYLATES COPOLYMER, SODIUM BENZOATE, CITRIC ACID, PANTHENOL, PEG-7 GLYCERYL COCOATE, ALLANTOIN, POTASSIUM SORBATE, BISABOLOL, CAMELLIA OLEIFERA SEED OIL, JASMINUM OFFICINALE FLOWER EXTRACT, SODIUM HYDROXYDE, SODIUM LAURYL SULFATE.

    http://www.corinedefarme.com/women/intimate-care/ma-toilette-intime-corps-et-intimite-250-ml-1445
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Здраво убаво што ми ја постираше оваа декларација затоа што сакам да ви објаснам нешто во врска со сурфактантите кое ќе ви помогне во изборот на средства за хигиена (лице, тело, коса).
    Постојат четири видови на сурфактанти и тоа: анјонски (имаат негативна карика), катјонски (со позитивна карика), нејонски (немаат ниедна карика) и четвртиот за жал не знам да ви го преведам на македонски меѓутоа се сурфактанти кои во својот состав ги имаат двете карики и позитивна и негативна.

    Е сега сулфатите како Sodium Laureth Sulfate се анјонски и во една формула мора да бидат избалансирани со оние кои ги имат двете карики (и позитивна и негативна) како на пример бетаинот (coco betaine, cocamidopropyl betaine) или Sodium cocoanphodiacetate кој на некој начин ќе ја ублажат агресивноста на сулфатите. Овие сурфактанти (со двете карики) треба во формулата да се најдат после сулфатите и пред солта (sodium chloride) и формулата би требало да изгледа вака: Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Betaine, Sodium Chloride.
    Вво никој случај солта НЕ ТРЕБА да се стави ПРЕД бетаинот или cocoanphodiacetate , затоа што формулата ќе биде агресивна и ќе измива доста. Јас најискрено за нега на интимната зона би одбрала само производи на база на глукозиди кои немаат големо измивачко и “обезмастувачко“ дејство со оглед на тоа што интимната зона најнапред има систем на самозаштита, а потоа и затоа што една таква нежна зона нема потреба од многу измивање или обезмастување. Формулава која што ви ја претставив важи исто така и за шампоните и за средствата за миење како гелови за туширање или за миење на лице. Има тенденција да ја суши кожата.

    Што се однесува до овој производ, како што може да забележите солта доаѓа веднаш по сулфатите и затоа не би го користела.
     
    Последна измена: 6 декември 2015
    На galapce, honest girl, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.460
    Допаѓања:
    72.055
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]

    @Biodevojka moze li da mi go objasnis sostavot na ovie 2 proizvodi. Na prvata slika e maska za lice a na vtorata e pudra. Sakam da prasam sto e toa mica, skoro vo sekoj proizvod go ima. A gledam vo tekstot pogore deka ima postetni raboti od parabenite:/
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Здраво драга кортисаки, најнапред да ти одговорам што е тоа mica. Станува збор за минерал кој кога ќе се исдроби во ситна прав се става во козметичките производи како кармин, сенки за очи и пудри затоа што дава светкав или сатенски ефект во зависност од формулата. Нема штетни ефекти. Ова е тоа што јас го знам.
    Што се однесува до производите кај првиот не ми се допаѓа состојката C12-20 Acid PEG-8 Ester затоа што е третирана со етилен оксид и е база на производот, а кај вториот производ не ми се допаѓа што има еден куп силикони (на силиконска база е) dimethicone, cyclomethicone, како и нафтени деривати како isododecane на доста високи позиции.
    Поздрав
     
    На CrazyOne, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, honest girl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.460
    Допаѓања:
    72.055
    Пол:
    Женски

    Благодарам :hug:
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    23.828
    Пол:
    Женски
    AQUA, SODIUM LAURETH SULFATE, COCAMIDOPROPYL BETAINE, SODIUM CHLORIDE, PANTHENOL, NIACINAMIDE, ISOPROPYL ALCOHOL, PARFUM, GLYCERIN, HYDROXYPROPYL GUAR HYDROXYPROPYLTRIMONIUM, CHLORIDE, POLYQUATERNIUM-10, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, LIMONENE, CITRID ACID, SODIUM ACETATE, SODIUM SULFATE, CI47005, CI16035.
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Здраво според декларацијата и состојките според мене станува збор за шампон. Овде формулата е убаво избалансирана и после SODIUM LAURETH SULFATE прво доаѓа BETAINE (бетаин) па после солта SODIUM CHLORIDE што значи дека агресивноста на сулфатот е ублажена. Содржи и пантенол што е супер. Доколку ме прашуваш дали шампонов е штетен за косата одговорот е не, меѓутоа има две состојки кои се штетни за околината (особено за водениот свет) и боите CI47005 и CI16035 се синтетички. Значи повторувам шампонов не е штетен ама не е комплетно природен ниту пак органски. Поздрав.
     
    На cresa-jagoda и honest girl им се допаѓа ова.
  12. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Кога ќе имаш простор може коментар за кремава? Слика од состав и кремата за да не се повторуваш во коментари :) Благодарам за одговор, темава одлична е! За блогот, немам коментар ;) image-90081c26ccd7b9c190928e4d6161703065b421167bec8c6ae74b146a481bb9d5-V.jpg image-a29bc697a70a391461cd35f6d18b652b640d994a3187011f905f2407d4afcf1d-V.jpg
     
    На galapce, Sky-butterfly и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    2.428
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka може ли накратко за составот на детскава крема да искометираш? Ја има пробано на лице ( знам дека не и е таа намената ама мене ми беше повеќе од одлична, ем хранлива ем се впива брзо и плус не остава маслени траги)

    Доколку не е штетен составот би сакала да си ја земам.
    [​IMG]

    Aqua | Glycine Soja Oil | Cera Alba | Helianthus Annuus Seed Oil | Glycerin | Sorbitan Oleate | Polyglyceryl-3 Polyricinoleate | Sorbitol | Parfum | Prunus Amygdalus Dulcis Oil | Magnesium Sulfate | p-Anisic Acid | Sodium Hydroxide | Tocopherol | Hydrogenated Palm Glycerides Citrate
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, најнапред ти благодарам за убавите зборови. Оваа крема која ми ја постираше не е лоша во целост, само што не ми се допаѓа едно нешто тоа е ланолинот. Знам дека многу го препорачуваат, ама верувај ми во Италија беше направено едно испитување во кое се тврди дека ланолинот содржи траги од пестициди кои овцата ги прима шетајќи по полињата. За жал малку колтиватори може да кажат дека одлгедуваат овци на органски начин и во еколошки средини и на органски почви. Во УСА на сите производи кои содржат ланолин пишува “внимание содржи ланолин“ затоа што има можност од алергиски реакции. За деца не би ја користела. Сеакако ова што ти го напишав е потврдено со тестови и истражувања од хемичари кои редовно ги следам.

    Здраво оваа крема веќе ја имам разгледано и говорев во темата токсична козметика, еве ти copy paste од постот

    Biodevojka напиша:
    Здраво кремава е во ред, според составот ми изгледа како детска или бебешка крема (кажи ми дали имам право). Состојките се добро избалансирани не содржи силикони, нафтени деривати, има убав микс на масла како сончогледово масло, бадемово, масло од соја, пчелин восок, екстракт од анис (претпоставувам го ставиле за мирис), витамин е (токоферол).
    Според мене е ок. Само кажи ми дали е од органско потекло. Те прашувам поради големото присуство на масло од соја кое доколку е органски производ во тој случај е без ОГМ, во спротивно има шанси да е генетски модифицирано (освен ако не е назначено на самата амбалажа дека е чисто). Поздрав

    Да во право си, тоа е детската крема на Babylove. Ја користев зимскиот период кога кожата ми беше многу сува и ми се лупеше на одредени места, многу сум задоволна од негата и кожата ми се опорави. За тоа дали маслото е од органско потекло не можам да најдам ништо на опаковката, не е означено.. [​IMG]
     
    На irenna, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, awl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    8.634
    @Biodevojka ,што мислиш за Estee Lauder advanced night repair серумот?
    [​IMG]
     
    На LivingGlam и LaraSolare им се допаѓа ова.
  16. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    6.609
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka браво за темата и за тебе воедно, ти се восхитувам на знаењето што го имаш , не случајно сите тука се консултираме со тебе :) И мене баш ме интересира за серумот за околу очи и дали има старосна граница за користење со оглед на тоа што имам 22 години :)Неколку пати кога сум купувала од Estee Lauder некои работи ми давале samples и сега имам 3-4 од овој и оној во кружно кутиче, па да знам дали смеам да ги користам.

    Друго што сакав да те прашам е кога ќе имаш време да погледнеш на декларацијава и да ми кажеш што мислиш.Од моето скромно разбирање и од консултација со вработената разбрав дека нема некои штетни состојки ама сакам да чујам мислење од некој повеќе што се разбира и за тоа каква е формулата и тн.Прво напрскувам тоник па потоа се мачкам од кремата, така ми рекоа.Се работи за крема за лице на Dr.Hauschka.Ми рекоа насабајле и напладне да се мачкам на овој начин а навечер да се напрсакам само со тоникот и не ми е баш јасно зошто...Така пишува дури и на упатството.
    dr-hauschka-quince-cream-ingredients-zlozenie.jpg
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Здраво драга супер што ја постираше декларацијава затоа што сакам да ви објаснам нешто во врска со ph вредноста на една крема (пишувам и една убава статија детална за оваа проблематика).Е сега, освен PEG-100 Stearate кое воопшто не ми се допаѓа има една друга важна работа во кремата а тоа е начинот на кој е направена односно емулгаторот. Во кремата како емулгатор (она што ги спојува водата и маслата и го згуснува производот) користен е методот со формирање на сапун во внатрешноста на кремата кој има базна ph вредност (односно 7) која не е во согласност со природната киселка ph вредност на нашата кожа. Тоа во декларацијата ќе го најдете под името trietanolammina (кај тебе пишува Trietnolamine меѓутоа може да е грешка во пишување). Значи кремава во никој случај јас лично не би ја мачкала затоа што може да доведе до алтерација на природната ph вредност на кожата. Истиов метод го користи и lush во своите креми. Што се однесува до Афродита, почекај пред да земеш да ја ѕирнам кремата или пак ако сакаш да ти препорачам крема јас. Поздрав
    Драга мими во кремава после водата и глицеринот имаш течен парафин (нафтен дериват), минерално масло (нафтен дериват), cyclohexasiloxane (силикон). Кремава е пример за традиционална козметика. :(
    Поздрав
    Здраво драга, на интернет ја најдов декларацијата на серумот еве ви ја постирам:
    INCI: Water, Bifida ferment lysate, Methyl gluceth20, Peg75, Buthylene Glycol, Bis peg 18 methyl ether dimethyl silane, glycereth26, Cola extract, Squalane, Sodium rna, Sodium hyaluronate, Retinyl Palmitate, Tocopheryl acetate, Bisabolol, Pantethine, Hydrogenated Lecithin, Oleth3 phosphate, Oleth3, Oleth5, Anthemis nobilis, Caffeine, Choleth24, Ceteth24, Xanthan gum, Tea- Carbomer, Ethylhexyl- Methoxycinnamate, Bht, Trisodium edta, Benzyl alcohol, Phenoxyethanol, Methylparaben, Yellow5, Green5, Red4
    Е сега кога го разгледував видов дека има хемиски филтер за заштита од сонцето Ethylhexyl-Methoxycinnamate и си се запрашав што бара UVB филтер во еден серум кој го користиш навечер кога нема сонце??? Најверојатно е употребен како конзерванс (со оглед на тоа што има мал процент затоа што е при крај на листата) и служи да го оддржи производот. Овој серум се на силиконска база, со витамин А (во декларацијата Retinyl Palmitate), витамин Е (во декларацијата Tocopheryl acetate) и витамин Б5 (во декларацијата Pantethine). Содржи хијалуронска киселина (во декларацијата Sodium hyaluronate). Меѓутоа како што ви реков базата е силиконска. Штета. Сигурно лини доста пари, и ако сакате мое мислење не треба да ги фрлите за џабе кога за помалку пари се наоѓа многу подобри производи. Поздрав
    Здраво драга, за серумот веќе одговорив, (и да беше природен тој серум, што не е, сепак не е за 22 годишна возраст), а за кремава на Хаушка е убава, органска и природна за тоа нема збор. Најверојатно ти рекле навечер само тоник да ставаш затоа што филозофијата на оваа козметичка куќа е дека навечер не треба ништо да се мачка на кожата за да не се попречува природниот процес на регенерација на кожата. Поздрав
     
    Последна измена: 8 декември 2015
    На LittlePinky, Mishela, honesty и 3 други им се допаѓа ова.
  18. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.634
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram mnogu za odvoenoto vreme:hug:
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Во секое време драга.
     
    На mimi**** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    23.828
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Кој дезодоранс би го препорачала најсоодветен за секојдневна употреба?

    Пред некоја недела во списание на Зегин забележав Кристален камен-роол он и спреј (чинат 350 денари) и прочитав дека не содржат антиперспиранти, алуминиум хлорохидрат, алуминуим циркониум, фтатлати, парабени. И дека се направени од природни минерални соли.