Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Декларации на козметички производи и анализа на состојки

Дискусија во 'Тело' започната од Biodevojka, 6 декември 2015.

  1. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka што мислиш за оваа декларација?
    IMG_20200914_115532.jpg
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    На Star_dust му/ѝ се допаѓа ова.
  3. russian.mama

    russian.mama Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    108

    Биодевојка како прво жалосно е што козметика делиш на природна и синтетичка, подразбирајќи дека едното е добро, а другото лошо.

    Почитувам сечие мислење, ама како биохемиски инженер ќе кажам дека си еден FEARMONGER чии ставови се одамна елиминирани од науката.

    Добронамерен совет, погледни што зборуваат светски експерти на овие теми.

    Голем дел од состојките кои ги демонизираш, се тотално безбедни за употреба. Од друга страна препорачуваш "органски" производи кои повеќе личат на парфем, отколку на козметика за лице.

    Ти го проверив Инстаграм профилот каде масажа со ролер од жад ја нарекуваш антиејџ? Што повеќе да кажам...
     
    На Rozich, Angie1432, Konfetka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Кажи ми со факти кое добро прават петролатите и силиконите? Дали според тебе се компатибилни со кожата? Дали кожата ги препознава? Дали најнапред ја познаваш кожата и нејзината функција?
    Овде не станува збор дали една состојка мене ми се допаѓа или не и дали е сигурна или не..., туку дали истата е компатибилна со кожата или не...Дали има поента да се нанесува нешто што самата кожа не го препознава:

    Strato-corneo-penetrazione-oli.jpg

    На сликава научно се претставени резултати од употреба на растителни чисти масла наспроти парафин
    Дозволи да ти преведам:

    Од левата страна претставени се чистите растителни масла и вели: чистите масла имаат семи окслузивно дејство врз кожата, односно парцијално го спречуваат губитокот на вода. Мал дел од маслото е метаболизиран од кожата со оглед на тоа што како состојка е компатибилно со структурата на самата кожа и таа го препознава.

    Од десна страна е прикажан парафинот и вели: парафинот има семи оклузивно дејство односно парцијално го спречува губитокот на вода. Со оглед на тоа што не е компатилбилен со кожата истата не го препознава и нема никаква интеракција....

    ах секако ова го кажуваат експертите, не го измислив јас ...

    За на крај драга јас не сум овде за да им се допаѓам на сите....јас сум овде за да им ги отворам очите на оние кои сакаат да прогледаат и сфатат што всушност нанесуваат на кожата. Дел од девојките ме следат затоа што веруваат во она што го кажувам и затоа што сами ги увиделе разликите. и јас им благодарам за тоа. Најголема награда за мене е кога ќе успеам да им помогнам на луѓето околу некој проблем. Нивното задоволство е најголема награда за мене.

    Инаку ти благодарам на услугата, кога почнуваат да те напаѓаат значи дека она што го говориш вреди , држи вода, луѓето го прифаќаат (затоа што гледаат резултати) и одредени луѓе се плашат вистината да излезе на виделина.

    Поздрав и секое добро.
     
    Последна измена: 15 септември 2020
    На Besmrten, buba4e89, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  5. russian.mama

    russian.mama Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    108

    Тогаш сигурно најдобрите светски дерматолози се во заблуда, би било добро да им објасниш.

    Силиконите со децении се користат во медицината, токму поради тоа што се хипоалергени и не предизвикуваат никакви реакции, па нема можност за иритација или алергии. Притоа има еден куп видови силикони, не можеш сите да ги сместиш во ист кош. Некои се растворливи во вода, некои не се. Си научила 5 состојки и си земаш за право да ги демонизираш, без разбирање на формулации.

    И тоа како имат функција за кожата, а тоа е спречување на загуба на нејзината влажност. Во комбинација со корисни активни состојки, овозможуваат подобра пенетрација на истите и спречуваат нивна евапорација. Секако ако се искомбинираат со непожелни состојки, не се добри. Не е се така просто. Ќе те советувам на работите да гледаш како целина, а не поединечно, не е така едноставно како што мислиш.

    И за косата имаат заштитна функција од штетни надворешни влијанија. Не случајно Алверде производи ја сушат косата до степен на непрепознатливост.

    Што правиме со фактот што во секој од твоите препораки за лице има еден куп мириси кои се ужасни за кожата, притоа немаат никаков бенефит за неа? Го познаваш овој дел од функцијата на кожа или слабо? Ако веќе сакаш производи со бенефиции? Зборуваш за бариера на кожа, а препорачуваш Алверде креми кои повеќе личат на парфем одошто крема, ја иритираат кожата и ослабуваат бариерата.

    Силиконите се особено ефикасни за wound healing, односно во креми за рани и лузни. За разлика од тоа, голем дел од твоите сакани масла, се нестабилни и лесно оксидираат. Секако не сите.

    Целта не е секогаш да се има интеракција, баш напротив, силиконот како семи оклузивен ќе помогне на останатите активни состојки при нивно делување.

    Погледни малку светска литература, светски јутјуб професионалци, не ми споделувај слики од Гугл.

    Секое добро.
     
    На Rozich, Angie1432 и pdb123 им се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга слободно продолжи да си мачкаш силикони на лицето никој не ти забранува. Немам ништо повеќе да кажам. Јас продолжувам да се залагам во она што верувам.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. russian.mama

    russian.mama Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    108

    Ти залагај се ама не шири дезинформации, да не ти закачам тука 10 видеа од светски дерматолози и формулатори, да видиш што кажуваат за силикони.

    Демонизирате работи за кои немате појма, како да постои само една врста силикон во светот.
    Има толку лесни силикони кои се милион пати подобра алтернатива од восочни алкохоли или масла, кои најчесто ги гледам во кремите од твои препораки. Не сака секој да свети како лампион. Ти го кажувам ова како некој што работи во лаб со години.

    Јас не се мачкам со силикони, се мачкам со добри формули, силикон сам по себе не е пресуден за тоа. Имам и милион производи кои не содржат силикони.

    А ти мачка се со есенцијални масла од лаванда, кокосово масло и шеа путер и чекај од жад ролер да ти делува како анти ејџ. Ние глупавите ќе си користиме ретинол.
     
    На mkdvesna и pdb123 им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Ако работиш во лабораторија, не значи дека си алфа и омега за козметика ;)

    Искрено, повеќе ќе и верувам на @Biodevojka отколку на некој што пропагира користење на силикони и нафтени деривати, бидејќи откако се префрлив на природна козметика, кожата и косата никогаш не ми биле поубави и посјајни.

    Доста со таа ароганција и надменост. Да не ти се удри од глава некој ден.

    За тие ценети дерматолози - само еден ми го оправи детето од дерматитот, и тоа со природна козметика. Сите други, жали Боже што завршиле медицина, па уште и дерматологија специјализирале, па Мустела и Еуцерин им се единственото што го познаваат.
     
    На buba4e89, Gi.ir.ll192, H.VAGA и 10 други им се допаѓа ова.
  9. russian.mama

    russian.mama Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    108

    Тоа што дерматолозите во Македонија се ужас е резултат на тоа што образованието во Македонија е катастрофа, луѓето се тренирани да меморираат податоци како овци, не да разберат нешто, ниту пак знаат да толкуваат истражување. Јас зборувам за малку пошироки размери.

    А кажи ми што за тебе е природна козметика? Ако одговорот е без силикони и нафтени деривати и тоа е се што знаеш на таа тема, тешко нас со такви.

    И јас користам '' природна козметика" ама мојот став е многу поразличен за нејзина дефиниција.

    Еве наведи ми 3 производи кои се природни и ги користиш. Никој не кажа дека сум алфа и омега за козметика, но ако пропагирате глупости, постојат и луѓе кои знаат дека не се издржани.
     
    На Angie1432 и pdb123 им се допаѓа ова.
  10. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    @russian.mama ама темава не е ликот и делото на Биодевојка. Влезе овде етикетирајќи некого ко fearmonger. Не се ставам во ничија одбрана, ама ако имаш нешто да споделиш како информација, потенцирај ги фактите. Во твојот настап читам само надменост затоа што тврдиш дека користиш добри формули и "природна козметика" (ти сама користиш наводници), настрана твоето професионално искуство.

    Ќе повторам не сум ничиј следбеник и секогаш сум отворена за нова информација. Користам и AHA и BHA и ретинол и има силикони во мал дел од продуктите што ги користам. Не паѓам во несвест од тоа и не мислам дека ми штетат, затоа што ги гледам резултатите. Во потрагата за тоа што е добро за мојот тип кожа, поминав низ фазата на користење огранска, сертифицирана козметика. Сега се свртев кон корејската.

    И тој пазар е премногу сатуриран, што се должи на зголемената поуларност последнава декада. Иако се трудам да бирам на основа на информација, во основа принципот е по интуиција/trial & error, затоа што колку и да мислам дека знам и сум читала, сепак сум лаик во областа.

    Бидејќи сме во тема "Декларации", моето прашање е "што е добра формула за една крема за лице, на пример или еден серум за лице" според професионалец (ти се обраќам без нималку сарказам, иако претпоставувам дека и јас ќе добијам надмен одговор). Еве јас сакам да ја знам и другата страна на паричката.
     
    На Besmrten, thelittle17, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. russian.mama

    russian.mama Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    108
    Многу е комплексна тематика да се објасни што е квалитетен производ. Ниту тврдам дека користам најдобри производи, ниту дека знам сѐ.

    Темата не е Биодевојка точно, но на секој пејџ читам нејзино демонизирање на состојки без никаква основа. А голем дел од состојките не може да се судат самостојно, се зависи од целосната слика. Ова го читаат и млади девојки кои веруваат во такви ставови.

    Ајде ако не да направиме листа на 10 состојки и кој ги избегне ќе има порцеланска кожа. Многу е покомплексно од тоа.

    Само ме нервира кога некој упорно пропагира "чиста" козметика која е полна со иританти. Но тоа не е резултат на надменост, туку на фактот што на толку лесно достапни информации денес, уште живееме во такви заблуди.

    И да, јас ги посочив фактите зошто не е ок да се критикува нешто без основа и колку е погрешен тој пристап. Да сакав нечие лик и дело да коментирам, ќе коментирав на лична основа.

    А секој што шири паника за состојки за кои нема основа за таков агресивен пристап е FEARMONGER. Јас тоа не го измислив.

    Вие бирајте за себе што сакате, ама да сеете страв за безбедни синтетички состојки, е крајно безобразно. Изворот не е никаков фактор за безбедност на една супстанца.
     
    Последна измена: 15 септември 2020
    На Angie1432, mkdvesna и pdb123 им се допаѓа ова.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга моја ова за мене е најголема награда директно искуство од луѓе кои бенефициите ги почувствуале на сопствена кожа. Кога за првпат се појавив со блогот пред околу пер години не се знаеше ништо за козметика, ниту пак за состојки. Не се знаеше што се силикони и како се добиваат и што е најважно каков ефект имаат врз кожата, не се знаеше што се сурфактанти и зошто во една комбинација се агресивни а во друга не итн. Јас стојам зад својата работа и она за што се залагам со име презиме и лик. Сите знаете која сум не пишувам анонимно. Малкумина знаат дека имам диплома за формулација и правење на природна и органска козметика во Рим и мастер за билкарство и природни методи за лечење на организмот ито така во Рим. Јас никогаш не го потенцирам ова затоа што според мене самата работа и залагање говори за една личност нема потреба да се шетам со дипломите. Како што кажав долги години изучував како се формулира еден производ, познавам голем дел од состојките и она што го говорам е дел од мојата работа, не зборувам на памет. Дел од производите кои ги формулирав во Рим беа истестирани од страна на мојот професор по фитокозметика кој е директор на лабораторија за изработка на природна козметика. Секој има свое мислење и ако на некој му одговараат силикони слободно нека ги користи. Кожата е негова, немам намера никому ништо да забранувам. Нема потреба повеќе да коментираме на ова и да и даваме важност на оваа личност која се гледа дека се зачленила на форумов вчера со јасно одредена цел.

    Она што можам да го ветам на сите девојки па и момци на форумов кои веруваат во она што го работам е дека СЕКОГАШ АПОЛУТНО СЕКОГАШ ќе се залагам за она во кое верувам. Без разлика на тоа дали им се допаѓа или не на одредени личности и без разлика на тоа колку ќе бидам нападната. Ќе ви останам верна и ќе се обидам да ви помогнам при секој еден проблем најдобро што можам со макимум од моето знаење и да ве водам чекор по чекор во светот на природната козметика, состојки, формулации итн.

    Ве гушкам
     
    На AnaMarijaKrst, Besmrten, buba4e89 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. russian.mama

    russian.mama Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    108
    Денес има еден куп институции каде може да земеш било каква диплома. Јас судам по тоа што го кажуваш тука, а не по парче хартија.

    Човек кој безбедноста на некоја материја ја суди исклучиво според изворот, сам доволно кажал за себе. Ти посочив неколку факти на кои не одговори. Многу е лесно на луѓето да им кажеш ова е штетно, веднаш ќе ги придобиеш. Доколку кажеш зависи од многу фактори, не си интересен.

    Ќе ти кажам и една работа што моите професори ја кажуваат

    "отровот зависи од дозата, а не од видот на супстанцата"

    Секоја материја може да биде и отров и лек, зависно како се користи. Па со среќа со билкарските теми. Толку од мене.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Во рок од 12 часа (неполни): „fearmonger“, „Green beauty секти“, „не треси глупости“, „да не ти закачам“, „си научила 5 состојки“, „луѓето овци“, „пропагирате глупости“....

    Дерматолозите (секоја чест на исклучоци) ги познаваат зелените банкноти со три цифри, се друго е релативно. :)
    На почеток не сакав да верувам, додека сестра ми не се вработи во фирма која индиректно „им плаќа“ за препорака на сопствените брендови. Што ќе нарачаат или што имаат на лагер, тоа наеднаш е најдобро и супер за кожата.
    Жално за дипломата и за оние кои навистина стојат зад медицината и зад она што со години напорно го изучувале.
     
    Последна измена од модератор: 15 септември 2020
    На Selest, buba4e89, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  15. russian.mama

    russian.mama Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    108
    Никогаш не сум била во Македонија кај дерматолог, баш од таа причина. Сѐ ми е јасно пред да видам. Но, професионалци во странство кои имаат одлични примања, немаат потреба некој си дрогериски бренд да ги спонзорира и да се брукаат, барем за повеќето е така. Има и исклучоци нормално.

    Се познава веднаш по советите кој е објективен. Следам доста едуцирани луѓе кои не се врзуваат за бренд.

    Во секој случај не треба да си дерматолог да знаеш дека Алверде е лоша козметика на пример.

    Во Македонија се знае која терапија се дава, кај сите е истата. Кога некој сам не се цени, нека не очекува да го ценат другите.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Може ли малку да се намали со дофрлањата и расправиите?
    Темава е отворена со прецизен наслов - декларации на козметички производи и анализа на состојки.
    Се анализираат декларациите на козметичките продукти и така функционира со години.

    Фино што сте ја продлабочиле дискусијата, ми се допаѓа тоа што сте споделиле свои лични ставови, но не можам да не дадам забелешка кога гледам дека ова преминува во мал панаѓур.

    Согласете се дека не се согласувате за одредени работи, и отприлика тоа е тоа. Нема потреба од дофрлања со ваков тон.

    Доколку „дискусијата“ продолжи во истата насока, сите наредни мислења ќе бидат избришани од темава, ова сфатете го како да сме ве опомениле веќе.
     
    На thelittle17, Biodevojka, Luminary и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    @Mishela драга само ако ми дозволиш да кажам дека во многу интервјуа имам кажано а и во статии имам напишано дека од дозата зависи дали една состојка е отров или лек (козметичките остојки имаат техничко упатство каде ја пишува точно дозволената доза над која не смее да се оди). Ова исто така се однесува и на етеричните масла каде помалку е повеќе. Меѓуоа овде станува збор за состојки кои се компатибилни или некомпатибилни со кожата. Тука дозата нема никаква врска она што не е компатибилно не е компатибилно. Можеби дава убава структура на производот, можеби на допир е убаво можеби ја прикрива празната формула на еден козметички производ...Многупати имам напоменато дека сѐ зависи од формулата и декларацијата на еден производ и за многу органски производи сум рекла дека се агресивни и воопшто не сум ги рецензирала.

    Кога станува збор за внатрешна употреба на билките (преку чај, екстракти, тинктура итн.)мојот професор Марко Сарандреа велеше дека природното не е синоним за безопасно. Меѓутоа ова не се однесува на готов проивод кој е со одлична декларација (декларацијата е најважна тоа секогаш го потенцирам) туку на фактот дека една билка не може да ја комбинираш и кознумираш колку сакаш и како сакаш. Потребно е истата убаво да се познава и да се знае што сакаш да извлечеш од неа на кој начин и со кој метод. Иако преголемото дозирање со природата е далеку помалку штетно отколку предголемото дозирање со лекарствата на пример. За ова наскоро ќе излезе и еден проект кој го подготвувам со професори од Италија.

    Да нема недоразбирања никогаш во животов не сум си дозволила некого да напаѓам лично според мислењето кое го има. Секој има право на свое мислење и јас го бранам својот став без никакви погрдни зборови или навреди. Се надевам драга Мишела дека не е проблем ова што го напишав. На форумов сум веќе 5 години и секогаш сум ги почитувала сите правила максимално. Доколку сметаш дека мислењево треба да биде избришано слободно. Сметав дека е важно да го напишам за да нема недоразбирања.

    Поздрав
     
    Последна измена: 15 септември 2020
    На Besmrten, buba4e89, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Butterfly522

    Butterfly522 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

  19. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може мислење за тоникот и хидратантната крема на оливал? Инаку имам комбинирана кожа и чисто лице немам никакви проблеми и сум 18 г.

    Составот на тоникот:
    Aqua, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Vitis Vinifera Seed Extract, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Tocopherol, Glycerin, Alcohol Denat., Helichrysum Italicum Flower Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Citric Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Citral, Geraniol, Limonene, Linalool

    Составот на кремата:
    Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Candelilla/Jojoba/Rice Bran Polyglyceryl-3 Esters, Helianthus Annuus Seed Oil, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Macadamia Integrifolia Seed Oil, Oenothera Biennis Oil, Cetyl Alcohol, Glycerin, Sesamum Indicum Seed Oil, Calendula Officinalis Extract, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol, Sodium Stearoyl Lactylate, Hypericum Perforatum Extract, Olea Europaea Fruit Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Helichrysum Italicum Flower Oil, Limonene, Linalool
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга не знам што да ти кажам многу ми е чудна декларацијава. Базата на производот ми изгледа празна иако потоа гледам неколку убави ектракти. Мене генерално како производ не ми е допаѓа, формулата не ми е допаѓа. Секако оставам на тебе.

    Здраво драга, започнувам од кремот затоа што повеќе ми се допаѓа.
    Многу убава формула, изборот на масла е фантастично искомбиниран има масла со различна густина и тежина што е многу важно за еден крем. Ако во еден крем наменет на пример за комбинирана кожа ставиме само лесни масла со цел да не мастат многу ќе се случи токму спротивното: со оглед на тоа што лесните мала брзо продираат доколку не се избалансирани со потешки масла може да се случи ефект ребаунд, односно по два часа да се вратат на површината на кожата. Токму затоа се комбинираат со масла од различна тежина и густина и секако со путери кои ја подобруваат структурата и на некој начин го прават кремот помалку масен.
    Од она што овде го гледам базата е каприлик масло, јојоба и сончогледово, што ми дава до знаење дека кремов е добар за комбинирана кожа. Овие се прекрасно искомбинирани со бадемово, макадамија, маслиново и сусам (она што претходно го кажав од секоја група има по некое масло), масло од смиљ...Навистина одлична формула која има регенеративно и хидратантно дејтво врз кожата. Ситемот на конзервирање ми е допаѓа Benzyl Alcohol, Salicylic Acid,Sorbic Acid.

    Другиот производ односно тоникот ми се допаѓа идејата убав е во смисла има алое сок, потоа екстракт од црвено грозје...масло од смиљ, вит. Е убав систем на конзервирање...само не им требало ПЕГ 40 ...ама ако затвориш едно око за ПЕГ 40 знај дека барем е пониска бројка, а многу подобро пониска отколку повисока. На пример PEG-40 Hydrogenated Castor Oil значи дека 40 моли на етилен оксид се додадени на базата која е хидрогенизирано рицинусово масло и при тој процес може да содржи по некоја нечиста честичка со оглед на тоа што сепак станува збор за нафтен дериват.

    Поздрав
     
    На Butterfly522 и ladydy13 им се допаѓа ова.